Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.07.2012, 19:03

Поглед

Фејсбук како огласна табла

Даниела Трпчевска

Најпосетената мрежа Фејсбук стана како огласна табла на која не само што се „залепуваат“ најразлични пораки и мисли, туку и во секунда можат да се дознаат важни информации. Но, колку што социјалните мрежи привлекуваат се поголем број млади луѓе желни за дружба и нови познанства, тие се' почесто стануваат и една огромна сцена, на која во улога на главни актери се појавуваат суицидни или агресивни личности кои се обидуваат да го свртат вниманието на публиката.

Ако до скоро беше незамисливо да се вклучите на скајп и од другата страна да бидете сведоци на самоубиство кое се одвива пред вашите очи – тоа колку и да звучи бизарно, сега стана реалност во светот. Ако до скоро беше невозможно да се навлезе во умот на еден извршител на убиство и да се сфати зошто посегнал по нож - сега на Фејсбук и тоа стана возможно. Медиумите веќе не чепкаат по полициските фајлови за истрагата, бидејќи на интернет имаат речиси се'...Профилите од социјалните мрежи на неколкумина осомничени за убиство во земјава изминативе месеци беа главен извор за новинарските теми. Медиумите наместо по обдукциските протоколи чепкаа по фотографиите, постовите и разговорите на ФБ со цел да одгатнат дали нешто можело да го навести злосторот кој се случил.

Кога полицијата пред неколку години најави дека поинтензивно ќе ги следи социјалните мрежи и разговорите со цел да разоткрие случаи на педофилија и криминал, наиде на остра осуда дека навлегува во приватноста на корисниците. Но, грозоморните убиства кои извршителите или ги најавувале пред да ги извршат на своите профили на социјалните мрежи, или за нив пишувале откако ќе посегнеле по животот на својата жртва, го докажуваат сосема спротивното. Интернетот колку што е корисен, толку е и опасно место за игра.


Статијата е прочитана 925 пати.

Испрати коментар



Аврамопулос брифирал за спорот со името
Иванов очекува пораки од Бан Ки-мун
Вершбоу гo построи цело НАТО зад ветото
Црквата им држи лекции на политичарите и новинарите
Тaчи веќе не е војвода
Владата се брани
Од денеска на работа по старо
В година место сини картони - електронска картичка
Неделкова не доби поддршка, Врховен суд останува со в.д. претседател

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Грмотевици

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните ��делки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |