19.09.2010, 15:26 Скулптурите на лиење во Белград
Општина Гази Баба деновиве ги пакува деловите од скулптутрите за фонтаната на плоштадот во Автокоманда, кои ќе патуваат на лиење во ливницата „Јеремиќ“ од Белград. Деловите се осигуруваат за транспорт до соседна Србија, каде што во бронза ќе се лие и коњаникот што ќе биде поставен во централниот дел на плоштадот. Од Гази Баба велат дека договорот со леарницата чини околу 19,7 милиони денари, односно над 300.000 евра. Скулптурите треба да бидат поставени до крајот на годинава. (Сн.К.) |