23.10.2012, 16:06 Мое ќоше
Купувајте македонски производи
Ерол Ризаов
Пишете ми на што би ги потрошиле парите ако Владата на сите ни даде по 500 евра
Кога пред речиси 15 години младиот анонимен министер за трговија Никола Груевски ја почна дискретно и неизнасилено кампањата „Купувајте македонски производи“ тоа ми беше мошне симпатично. Извонредниот спот на Милчо Манчевски направи тоа да не биде обична популистичка пропаганда. Се сеќавате на оној стариот со избрчкано лице, кому животот на ликот му ја нацртал судбината на Македонија. Јавнат на коњ се спушта од планините. Наеднаш пред него, односно пред вас, пука морската шир и фасцинантниот Дубровник, некогаш престолнина на трговијата. Старецот од Македонија кого богатите трговци го пречекуваат со потсмев и иронична насмевка, демек што сега пак овој ќе ни продава, ја вади од коженото врзулче полека и со дикат како божја реликвија сребрената пеперутка изработена како ремек-дело од највештите кујунџии. Тој заслепувачки блесок пред кој се вџашуваат дубровчани, од оваа кампања направи мит, национална гордост, предизвика позитивни чувства кои влегоа во колективната меморија.
Секогаш кога ќе се претера и кога се нема мера и вкус, работите се претвораат во чиста спротивност од првичната идеја. Денес кампањите „Купувајте македонски производи“ се фабрикуваат без никаков дух со многу дегутантност и агресивност. Се трошат големи буџетски пари за петпарачки бофл, кој се' повеќе служи за потсмев и се' повеќе смрди на коруптивно и пропагандистичко објавување наменето на апологетските телевизии како покритие за да им се фрли некоја пара, а на МРТВ предзнакот бесплатно емитување е посебна тема за мајтап. Инаку, од вирусот купувајте домашни производи не е заразена само Македонија. И најбогатите држави прават слични кампањи, некои се поинвентивни, а некои дури и под нивото на нашите пропагандистички фабрики. На таа тема има една хумореска, која чинам најречито ја објаснува оваа антиекономска и антиреформска кампања која вирее сегде во светот. Извесен Марк Фабер, берзански аналитичар, објавил интересна теорија на оваа тема во Америка. Во јуни 2008 година кога Бушовата администрација студирала еден проект за придвижување на американската економија Марк Фабер во својот месечен извештај објавил коментар со многу хумор:
„Федералната влада ја разгледува можноста на секој од нас да ни даде по 600 долари. Драги мои сонародници Американци: ако тој износ го потрошиме во маркетите на ’Вол март’ (најголем синџир на маркети во Америка), парите одат во Кина, ако пак ги потрошиме на гориво парите одат кај Арапите. Ако купиме компјутер парите одат во Индија, ако купиме овошје парите одат во Мексико, Хондурас и Гватамела. Ако купиме добар автомобил, парите ќе завршат во Германија или Јапонија. Ако купиме разни подароци парите отидоа во Тајван, а ни еден цент од тоа нема да и' помогне на американската економија. Единствен начин тие пари да останат во САД е да ги потрошиме или со курви, или на пиво, бидејќи тоа се единствените две работи кои се' уште ги произведуваме тука. Јас мојот дел од парите веќе го трошам на тој начин“.
Еден друг економист Србин, а и тој со добра смисла за хумор, му одговорил: „Драги Марк, состојбата кај Вас Американците е уште полоша. Жал ми е што морам да те информирам, а тоа е што фабриката за пиво ’Бадвајзер’ ја купи бразилска мултинационална компанија. Поради тоа на Америте им остануваат само курвите. Е, сега кога курвите би одлучиле својата заработувачка да им ја испратат на своите деца, тие пари би стасале директно во српското Собрание – тука кај нас во Белград, бидејќи тука е најголемата концентрација на курвини синови во светот....“
Како е кај нас во Македонија. Ние со вакви работи не правиме мајтап. Кај нас се работи сериозно и студиозно. Додуша пред некој ден без грам хумор имаше еден спот каде што се посочуваат држави и производи кои не треба да се купуваат, но изгледа бргу е повлечен што покажува колку мисловно се пристапува кон проблемот. Но, затоа дневно сто пати фрчат обраќањата до баби, дедовци, татковци и мајки, деца ученици и студенти да купуваат македонски производи. Замислете колку било лесно да се реши најголемиот и најболен проблем. Треба само за 20 проценти во маркетите да се зголеми продажбата на домашни производи. Во тој случај сите фабрики ќе го дуплираат производството, а автоматски ќе се дуплира и бројот на вработени. Што ли ќе се случи ако се зголеми продажбата на домашните производи за 50, или за цели 80 проценти, се прашуваат стратезите за спас на македонската економија. Штета што немаат смисла за хумор. Пишете ми на што би ги потрошиле вие парите ако Владата ни даде на сите по 500 евра. |
|
Статијата е прочитана 2646 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 24.10.2012 00:57:15 | Potrosuvackata na domasni proizvodi i te kako e vazna za edna ekonomija pogotovo kako nasava. America kupuva Indiski farmerki, no fabrikite vo Indija se sopstvenost na Americanski kapital i tehnologija.Indijcite samo sijat za mizerna plata, a profitot odi vo USA. Taka e i vo drugite drzavi pa duri i vo Kina. Cela tehnologija e vo racete na USA i Germancite, a Kinezite samo*pomagaat*.Del od Kineskiot profit e i Americki. Nie ne sme America i mora doma da proizveduvame i trosime. Smesno e tolet papir od Polska da se uvezuva. Podobro e nekoj nas rabotnik da go*mota*i toj pair da go trosime, a ne gotov da uvezuvame.Posebna prikaska se golemite lanci koj nad 80% imaat uvozna roba pod izgovor bila pokvalitetna. Mozebi, no 30-40% e poskapa, a toa ne e mal procent vo trgovijata.Smesno e mali pogoni koj proizveduvaat ajver i prodavaat tegla za 60denari da ne mozat da vlezat vo nekoj lanec, a tamu da ima Hrvatski ajver od 180 denari. Toa e ludost.Nenormalnost. Primeri imam bezbroj.Nemam mesto. |
| Gostivarcanec, 24.10.2012 01:10:38 | Ние сме во поповолна ситуација... да беше пред 10 години парите дадени на курви ќе завршеа во Бугарија... сега.. сега економијава ги натера да бидат од домашно производство и тие. Шега на страна,гледам да купувам МК производи,малкуте што ги има... исто така во конкуренција на Млекара СУботица,купив млеко од НАШАТА ИМБ Битола... ама на млекото пишуваше Произведено во БиХ... сепак ќе си купувам од Суботица. Не ни е дадено нас да одиме напред. |
| Коста Стоименовски, 24.10.2012 01:25:06 | Еден од главните гости на „Глобалниот инвестициски САМИТ“ (Самит?!) М. Зафировски малку нетактично, но искрено го поучи ДОМАЌИНОТ на „Самитот“: -„Не сакам да ја потценам важноста на странските инвестиции, но уште поважно е да се имаат здрави и растечки ЛОКАЛНИ компании.“ Добро би било доколку Домаќинот на ГИС ја разбере пораката на гостот и дефинитивно престане со расипништвото на домашната акумулација за разни апсурдни непроизводни цели, очекувајќи дека Карлос Слим, Субрата Рој, Емирот од Катар и други странци ќе навалат со своите пари во „земјата со најдобри услови за бизнис“!? Жалосно е кога човек ни по 7 години не може да ги согледа и да се ослободи од своите илузии и заблуди! |
| mico, 24.10.2012 01:53:46 | zelbata e edna rabota a realnosta druga ,da se kupi domasen proizvod treba prvo da se napravi za nacija kako nasata koja neznae da napravi tocak ili fen za susenje kosa ,prosto kazano makedoniojan nema domasen proizvod sve sto npravime e surovina ili long proizvod ili paketirame neciv tudj.nebi imalo tolkava tepacka za zaposluvanje vo drzavna administracija ako se znae i umee da se proizvede,pazarot kazuva sto vredi a sto ne a ne custvata za patriotizam.
|
| satanco, 24.10.2012 06:35:06 | E PODOBRA RABOTA NEMAM PROCITANO poslednive 20 godini. EROLE TI SI CAR. |
| Mirko, 24.10.2012 07:56:45 | Kako da kupuvam domasni proizvodi, koga e kvalitet nula i toa ogromna. Zemite koi bilo suvomesnati proizvod i ke vidite deka e toa cista hemija. Bez vkus i voden. Cadena slanina, izgor skapa, a ono nema videno dim. Kolbasi, e toa e posebna prikazna, ili uste podobro da ne diskutiram za toa. Zelencuk, pa i toi ne e sto nekogas bese. Patlidzani so drvanasto meso, a piperki so golema kolicina na voda. I se taka, ponataka. Sto drugo domasno da kupuvam, koga skoro nisto domasno i nema. Se e uvozno i toa sto se uvezuva e skart. |
| Itar Pejo, 24.10.2012 08:09:12 | Primerot na USA ? Ce kupite iPad koj sto e proizveden vo Kina. Sopstvenikot e amerikanec koi sto parite si gi cuva na Caymanski ostrvi i za Nova godina ce i kupi na zenamu dijamantska ogrlica od Juzna Afrika. Gatanka: koj caril? |
| Buntovnik, 24.10.2012 08:45:32 | Kupuvam karta za na zapad i zbogum tatkovino si najdov druga. |
| Leonid, 24.10.2012 09:31:30 | Одлична поента на г-ин Ризаов. Ние немаме квалитетни производи ниту фабрики кои се на технолошко ниво да произведат нешто квалитетно и затоа е смешна рекламата нема што македонските производители неможат да произведат. |
| Оливер, 24.10.2012 09:39:35 | Искрено не сум тип што како потрчко ќе отидам во Грција на шопинг како што тоа го прави пола држава за да ги задоволи малициозно комлесашките потреби. Што се однесува на свестењето на луѓето дека е добро да се купуваат мк производи, мислам дека е потребно, од причина што има луѓе кои деградираат се што е македонско производство или пак како во случајов како што е наведено што би се купило со 500 евра македонски производи. Македонија е земјоделска земја, за времето на вашиот патрон ТИТО знаеме колку се разви во споредба со останатите републики, а по распадот како ни тргна производството особено од 1991/98 за да купуваме македонски производи. Фирмата Технометал на АД на Кочо Моцан ќе ви објасни што е домаќинлук, што значи да имаш купено домашен производ. Тој е визионер на Македонија, 90000 евра ќирија од МНР, 65000 евра ќирија од Биро за јавни набавки, 95000 од Финансиска полиција. Тоа е за ваше добро Г-не Ерол, затоа вас скапи ви зградиве што сега се направени. |
| Треба да се засрамиш, Ероле, 24.10.2012 10:25:25 | Вистинските патриоти купуваат македонски производи. Оние другите, како авторит на текстот, се исмеваат на таа акција. Не можам да разберам како можат толку да си ја мразат сопствената татковина. |
| Perica, 24.10.2012 11:12:16 | Ne e Vol Art tuku Volmart . |
| перо, 24.10.2012 11:26:50 | Ако добијам 500 евра од Владата на Груевски,ке ги донирам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања за Локалните избори 2013. |
| zagrizen, 24.10.2012 14:14:11 | Oliver, malku poveke respekt kon NASIOT TITO i Komunistite bez koi ne ke ja imase DENESNA Makedonija!Ako ne ti e jasno prasaj gi Makedoncite vo BG,ALB,GR.Toa sto MKD ne se razvi e problem, tn *makedonski sindrom na samounistuvanje*(dobro se gleda i denes,neli.Jas sekako ni od daleku ne sum patriot od tvoj kalibar, ama ete sum se rodil, ziveam,turkam).Kolku pari od zeleni planovi za agrarot bea dodeleni na MKD?Kako se iskoristeni toa e prasanje.MKD za 50 godini se IZGRADI,i spomenici,so usul.Napredna agrarno,industriski,si go ocuva IDENTITETOT.Tito li ti bese kriv za Konzervaeksport?F-ka se gradi bez resenie za voda i struja.Tito e kriv zosto nemame standarden kvalitet vo proizvodstvoto?Primeri kolku sakas,otkoga izlegovme od mrakot lugje probaa so izvoz na pecurki,piperki,grojze itn.I?Po 1 do 2 pratki STOP.Dogovoreno i se plaka 1 klasa,ama samo 1 do 2 isporaki.Posle toa ona naseto,*ke go namestam*.E pa vo I,D,GB ne proagja toa.Verojatno e kriv NASIOT (moj i tvoj) TITO,a?! |
| citatel, 24.10.2012 16:37:47 | Avtorot zaboravi da go spomene gordiot primer na vladata za kupuvanje makedonski proizvodi za koi nam ni pravat reklami: koga trebase da se kupat avtobusi , ne se ni spomena nasiot proizvoditel, verojatno Ukraina i Kina se isto makedonski.A reklamata veli: otvaras rabotni mesta kupuvajki makedonski proizvodi.Verojatno mlekoto koe jas ke go kupam vredi mnogu poveke od eden avtobus |
| Na toa kurvite, 24.10.2012 17:07:22 | Idejata mi ja zela amerite. Vo nedostig na druga ideja, bi mu gi otstapil na Grujo. Pozdrav! |
| mitre, 24.10.2012 18:07:42 | Јас моите 500 евра ќе им ги донирам на чуварите на спомениците????? Ама да ги врзат до нив и да лаат како кученца.................ете уште една туристичка атракција на Преродбата........... |
| Пандели Трајко, 24.10.2012 21:08:54 | Ероле, а што мислиш зошто нема реклама „купувајте македонски полиси за осигурување“ или „штедете во македонски банки“ или „телефонирајте преку македонски оператрори - фиксни и мобилни“ „плаќајте струја на македоснки дистрибутер на електрична енергија“...итн...итн...?! Затоа што не остана ништо МАКЕДОНСКО, а што е екстра профитабилен бизнис и монопол! Случајно ли е ова, а Ероле? Мулти милијардерски профити на странски компании се одливаат од Македонија секоја година (!!!), а ваму некој не залажува со купувајте македонски производи (смоки од Витаминка...) и сл. тракатанци... А сега и ЕЛЕМ ќе го продаваат, македончето и понатаму блее... |
| citatelka, 24.10.2012 21:51:05 | Zasto vladata koja promovira makedonsko proizvodstvo i proizvodi,kupi avtobusi od Kina koga so tie pari mozese Fas da proraboti plus gratis avtobusite ke ispadnea.Od edna strana sirat lazen patriotizam od druga strana milionski sumi trosat po tugi zemji.Aj sega nekoj logika da najde vo rabotenjeto na ovaa vlada. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Претежно облачно
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 9°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Верски профит во Мека Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија... | |
|