Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
25.05.2012, 12:51
НАТО: Влез во Алијансата откако ќе се реши името



Од НАТО одбиваат да одговорат на прашањето дали Грција го руши еден од столбовите на Европската унија и Алијансата

Од Северно-атлантската алијанса одбиваат да одговорат на прашањето дали Грција го руши еден од столбовите на Европската унија и НАТО, а тоа е солидарноста, со ставањето на вето на приемот на Република Македонија во една од овие две организации.

На прашањето на дописникот на МИА од Брисел, упатено до службата за информирање на НАТО за тоа како го оценуваат моментот што политичките лидери во Грција не можат да договорат Влада и продолжување на договорот за штедење со ММФ за да ја спасат земјата од банкрот, но затоа се едногласни во тоа по секоја цена да ја спречуваат Македонија при нејзините евро-атлантски интеграции, портпаролот на НАТО, Симон де Мансо, со веќе познат одговор:

- Ќе се повикам на тоа што шефовите на држави и влади го соопштија во нивната декларација на Самитот во Чикаго на 20 мај 2012 година, а тоа е: „Го повторуваме договорот од Самитот на НАТО во 2008 во Букурешт, што го направивме и на следните самити, а тоа е да ја продолжиме поканата за приклучување на Република Македонија кон Алијансата, веднаш штом ќе биде најдено заемно прифатливо решение за прашањето за името, кое ќе биде постигнато во рамки на ОН, и бараме да се даде силен напор во достигнувањето на таа цел”. Рано решение на овој спор, а потоа и членство, ќе придонесе за безбедност и стабилност во регионот - одговара гласноговорникот на Северната алијанса, додавајќи: “Ги охрабруваме преговорите да се вршат без натамошно одлагање и очекуваме тие да се заклучат што е можно поскоро. НАТО ги поздравува и подржува тековните реформски напори во Македонија, и ја храбриме континуираната имплементација на истите. Исто така, ги подржуваме и напорите на вашата земја за понатамошна изградба на мултиетничко општество”, додава Де Мансо.

Според портпаролот на НАТО, од оваа воено-политичка организација го ценат значителниот придонес на Македонија во нивните операции, како и нејзината активна улога во активностите за регионалната соработка.

- Ние ја цениме долгогодишна посветеност на Македонија во процесот за пристапување во НАТО - потенцира шефот на прес-службата на НАТО.

На прашањето на дописникот на МИА како во една од најголемите организации се размислува за меѓународното право и како се почитува практикувањето на истото, со оглед на јасната пресуда на Меѓународниот суд на правдата дека Грција не смеела и не смее да го блокира членството на Македонија во евро-атлантските интеграции, а истото се повтори во Чикаго и НАТО не реагираше, портпаролот Де Мансо со одговор:

- Позиција на НАТО не е променета. Како што генералниот секретар Андерс фог Расмусен изјави во декем��ри 2011 година, пресудата на Меѓународниот суд на правдата е во врска со билатералното прашање меѓу Грција и Република Македонија. Оваа одлука не влијае на одлуката донесена од страна на НАТО сојузниците на Самитот во Букурешт во 2008 година. Ние се согласивме дека поканата за членство на Македонија во НАТО ќе биде дадена веднаш откако ќе биде договорено взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Оваа одлука беше повторена и на следните самити и министерските состаноци - вели портпаролот на Северната алијанса.

На прашањето дали некоја земја, пред се Грција, се побунила што лидерите на земјите-членки на НАТО по Самитот во Чикаго направиле групна фотографија пред столбови од античко време и дали тие столбови се од римски, македонски или грчки антички профил, гласноговорникот Де Мансо посочи дека за таа слика никој не се бунел, оти столбовите биле во рамки на меморијалнито центар во Чикаго, Илиноис наречен „војничко поле”.











Статијата е прочитана 820 пати.

Испрати коментар



Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Повторно убиени војници на НАТО
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Македонија се' уште има проблем со човековите права
Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



pile, 25.05.2012 13:57:56
Zaklucocite od NATO Samitot vo Bukurest 2008 godina se isklucitelno rezultata na stetnite politiki na Premierot na R.Makedonija koi se na linija na velepredavstvo na drzjavnite interesi posmatrani ne samo posle samitot vo Bukurest, a od ovaa vremenska distanca so neuspehot na Samitot vo Cikago,i intervjuto za politicko zboguvanje, zasluzjuvaat posodrzjajna analiza od nadlezjnite institucii, pred se od Drzjavniot Javen obvinitel.GRUEVSKI treba da si podnese OSTAVKA i da se stavi vo funkcija na organite na progon, a so negovo zaminuvanje od politickata scena predizborieto vo sosedna Grcija ke go navesti nadminuvanjeto na sporot kako i dobivanje na clenstvo na R.Makedonija vo NATO pod ustavnoto ime Republika Makedonija so garancii za nepoveduvanje postapka za stetata predizvikana so neosnovanoto veto a dokazjano so Haskata presuda.GRUEVSKI ODDI SI
Malku realnost, 25.05.2012 16:04:53
Alijansata e dosledna - ova se stavovi shto se povtoruvaat pri sekoja sredba - taka shto politickiot teatar na Gruevski etc. izgleda ushte poasurdno. Blagodaram za statijata.
Nekoj, 25.05.2012 16:18:04
Ke go zamolam celiot Makedonski Narod, da prestane da trosi bespotrebna energija na gluposta sto se vika spor za ime.Na cel svet mu e smesna celata situacija.grcite se veke videna rabota, a nie ne treba da podlegnuvame na nivnite provokacii.Kompletno ignoriranje za celata situacija, od site, i ne prasuvajte veke natovci i evropski mesetari, ke ni dadat li datum, ke ne primat li vo nato itn. Site zaedno treba da izgrademe drzava so site nisani, zaradi nas,ne moze ni vlasta ni opozicijata sama bez narodot da go sredi toa. NArodot treba da pocne da go saka svoeto, ne treba nikomu da mu dokazuvame deka imame i ubava muzika i tradicija, ke si dojde se samo po sebe.Dosta so toj tabiet, demek sekade e podobro odkolku kaj nas. Sami sebesi se negirame.Zatoa e i ova vo momentov vaka kako sto e.
Evropeec, 25.05.2012 17:12:06
Makedonia sega treba da go tuzhi NATO pred megunarodniot Sud vo Strazburg,ako dobieme sigurno ke ne primaat vo Aliansata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |