22.04.2013, 11:27 Влезниците за „Оф-фест“ пуштени во продажба
Комплетот билети за сите вечери се продава по цена од 1800 денари; фестивалот го отвора Ануша Шанкар
„Скопскиот џез-фестивал“ најавува дека влезниците за претстојното издание на „Оф-фест“ кој ќе се одржи од 1 до 6 јуни, се пуштени во продажба и можат да се набават во „Југотон рекордс“, „Пола Југотон“, Македонската опера и балет, Универзална сала и на www.kupikartizase.com и www.karti.com.mk.
Цената на влезницата за концертот на популарната индиска ситаристка Анушка Шанкар и нејзиниот актуелен рага-фламенко проект „Травелер“, што ќе го отвори „Оф-фест“ на 1 јуни во Универзалната сала, изнесува 800 денари, односно 1000 денари за место во некоја од ложите.
Билетот за настапите на ту��ското „Таксим Трио“, како и проектот „Биоскопија“ на Елена Христова и Горан Трајкоски (2 јуни, МОБ) ќе се продава по цена од 500 денари. Уживањето во првото гостување на еден состав од Словенија, групата „Брина“ (4 јуни, кино „Фросина“) ќе чини 200 денари. За концертите на „колумбиските Буена Виста Сошл клаб“ - експлозивните „Ондатропика“ и на неверојатно моќната и хипнотичка мароканско-сенегалска комбинација Азиз Самауи и неговиот бенд „Јуниверзити оф Гнава“ (5 јуни, МОБ), билетите се 500 денари.
И конечно, влезницата за фестивалската завршница на 6 јуни во МОБ - атрактивниот аудио-визуелен перформанс на финскиот виртуоз на хармониката Кимо Похјонен и концертот на фасцинантните јужнокореански инструменталисти „Тори Ансамбл“, чини 500 денари.
Комплетот билети за сите вечери се продава по цена од 1800 денари. Сите концертни вечери на „Оф-фест“ започнуваат во 20 часот, освен отворањето со Анушка Шанкар, во 20,30. (Т.И.)
|