Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
19.04.2013, 15:31

Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција

Македонецот се товари дека учествувал во 21 грабеж на банки низ Грција, но и за соучество во киднапирање на познат грчки бродосопственик

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Грчката полиција во Атина уапси 34-годишен Македонец обвинет за кражби во грчки банки и учество во киднапирање грчки бизнисмен. Против уапсениот, по кого грчката полиција трагаше долго време, има судски одлуки за долгогодишен затвор и три налози за апсење поради тешки криминални дела. Македонецот се товари дека учествувал во 21 грабеж на банки низ Грција, но и за соучество во киднапирање на познат грчки бродосопственик. Како што соопшти портпаролот на атинската полиција, уапсениот бил изведен пред обвинител и ќ�� одговара и пред истражен судија на Кривичниот суд.

Грчката полиција веќе неколку месеци вршела истрага со цел да го уапси Македонецот, чие име се' уште не се соопштува. Против него има судска пресуда од Судот за кривични дела во Атина за парична казна и казна затвор од 15 години и 18 месеци. Казната се однесува на поседување рачно изработена експлозивна бомба и соучество во криминална организација, која учествувала во киднапирање на познат бродосопственик. Се работи за познатиот бизнисмен Периклис Панајотопулос, кој бил киднапиран во 2009 година. Панајотопулос бил во заложништво 13 дена. Киднаперите го ослободиле откако им бил исплатен откуп во висина од 30 милиони евра. Се шпекулира дека уапсениот Македонец одреден период соработувал со грчкиот криминалец Михалис Макријанис, кој е осуден на доживотна казна затвор за пет убиства, три обиди за убиство, оружени грабежи и ред други криминални дела.

Покрај оваа пресуда, против македонскиот државјанин имало и три потерници поради учество во организиран криминал, трговија со луѓе и изнуди, грабежи и организираност со криминални банди. Полициската истрага покажала дека уапсен од мај 2012 до март 2013 година учествувал или извршил вкупно 21 грабеж на банки низ Грција и тоа во регионите Атика, Виотија, Фтиотида, Евија, Арголида, Ахеја, Месинија, Аркадија и Коринт, од кои извлекол околу 250.000 евра. Во периодот од мај до октомври минатата година соработувал со грчки криминалци, еден од нив тогаш избеган од затвор, кој веројатно е Макријанис.

При апсењето, кај македонскиот државјанин биле најдени тејзер (пиштол за електрошокови), панцир, куршуми од различен калибар, три лажни пиштоли, три перики, лажни лични карти, возачка дозвола со негова фотографија и лажни лични податоци, одредена количина хероин, скоро 20 мобилни телефони, одредена сума пари и алиштата што ги користел во грабежите.


Статијата е прочитана 1192 пати.


Испрати коментар



Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомн��чените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |