Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
01.08.2012, 18:07

НБРМ ja намали прогнозата за растотот на БДП годинава

Се очекува еден отсто раст на БДП годинава, а 3 проценти во 2013-та

Околу еден отсто раст на Бруто домашниот производ годинава, а 3 проценти во 2013-та, е најновата ревидирана проекција на Народната банка на Република Македонија.

Претходната проекција на централната банка за растот на македонската економија за 2012. беше два, а за наредната година 3,7 отсто.

Најголемо влијание врз движењата во економијата, според оценката на НБРМ, има ограничената надворешна побарувачка за македонските производи.

- Влошениот глобален амбиент е главниот ризик во нашата проекција. Макроекономските проекции за економии како што е македонската, мала и затворена во голем дел се потпираат на н��дворешните движења, односно на претпоставките за движењата кај нашите најголеми трговски партнери. Во изминатите три месеци ризиците што произлегуваат од европската должничка криза се зголемија, имаше повторно зголемување на неизвесноста на финансиските пазари произлезена од случувања со европската должничка криза и се она што се случуваше во некои европски земји во вториот квартал на оваа година. Како резултат на тоа се влошија и перцепциите за глобалната економија, рече на денешната прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Tој посочи дека странската побарувачка за македонските производи останува иста како и во претходната проекција, намалување се очекува во 2012 година, а умерено зголемување во текот на наредната година.

Гувернерот очекува закрепнување на извозниот сектор наредната година и тоа од 0,5 проценти позитивен раст на странската ефективна побарувачка, меѓутоа, истакна, неизвесноста е голема.

- Евентуалното пролонгирање или продлабочување на кризата во еврозоната може соодветно да се одрази врз движењето во македонската економија и исто така да влијае на капиталните приливи, рече Богов кој додаде дека закрепнувањето за наредната година ќе биде поддржано од подобриот амбиент, структурните промени и инвестициите на државата.

Годинава домашната побарувачка ќе биде умерена и се очекува нејзино зајакнување во 2013. како резултат на најавените странски инвестиции и јавните инвестиции.

За економија како македонската, според Богов, од големо значење се движењата во платниот биланс. За 50 проценти зголемени се приливите од менувачкиот пазар во првото полугодие. До крајот на годинава и наредната година се очекува постепено забавување на приватните трансфери. Трговскиот дефицит се очекува да биде стабилен годинава и да има умерено стеснување наредната година. Се предвидува незначително поместување на дефицитот на тековната сметка годинава и наредната година, и умерен пораст на девизните резерви до крајот на оваа и во наредната година.

Просечната инфлација за првата половина од годинава е 2,3 проценти, а се очекува дека и годинава и наредната ќе биде околу 2,2 проценти. Проекцијата е без поголеми промени, вели Богов, но е со поизразени нагорни ризици кои доаѓаат пред се од очекуваните повисоки цени на храната.

Народната банка постојните монетарни услови ги оценува како соодветни, односно ја задржува истата каматна стапка и останува на потребата за натамошно редовно следење на движењата и по потреба навремено реагирање.

Гувернерот потеницра дека банкарскиот систем се уште бележи висока стапка на адекватност на капиаталот од 17,5 отсто, висока ликвидност и релативно стабилно учество на нефункционалните пласмани од 9,9 проценти во првиот квартал од 2012 година.


Статијата е прочитана 1052 пати.

Испрати коментар



Бројот на жртвите од поплавите во Северна Кореја се искачи на 169
Hови две илјади оперативни вработувања
Утре топлотен бран од жолта фаза во Македонија
Локализирани пожарите низ Македонија
Франција бара контрола на увозот на јужнокорејски возила во ЕУ
Локализирани пожарите во Велес, Гевгелија и Куманово
Време е Македонија да побара признавање во ОН под уставното име
Генералното собрание на ОН усвои Резолуција за Сирија
Нов топлотен бран
СДСМ манипулира и врши притисок, струјата меѓу најевтините во ЈИЕ
Русија демантира дека нејзини бродови се упатиле кон Сирија
Руски воени бродови се упатија кон Сирија
Младенов - Да ги оставиме политичките толкувања на историјата во минатото
Обама за роденденски подарок ја посака Флорида
Регулаторната комисија да ги повлече правилникот и новите тарифници за струјата и парното
Oд утре нов топлотен бран
Иран се согласи на нови преговори за нуклеарната програма
(Обновено) Досиеjата на лустрираните објавени на Интернет
Вознемиреноста на Атина поради минатото
Пожарот кај велешко Карабуниште се` уште активен
Анан се повлекува од функцијата меѓународен посредник за Сирија
Сообраќајот во Дебар Маало од денеска еднонасочен
Cончево и топло
Пожарот на Cкопска Црна Гора ставен под контрола
Хоџај - Косово и Македонија имаат добри односи
„Прогрес“ се спои со Меѓународната вселенска станица
Сириските бунтовници извршуваат јавни ликвидации врз приврзаниците на Асад
Во Шпанија уапсени тројца припадници на Ал Каеда
Иванов - Сложни и единствени може да создадеме европска Македонија
Тинејџер со нож уби осум лица во Кина
Пожар во атарот на село Виниче
(ФОТО) Реформите и развојот продолжуваат
Светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј ќе бидат впишани во списокот на светиите
Да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна приказна
„Јужен тек“ и гасификацијата ќе обезбедат енергетска сигурност на Македонија
Изгаснати се сите пожари во Македонија
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Конститутивна седница на Советот на јавни обвинители
НАТО треба да остане во Авганистан се додека не си ја заврши работата
Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Илинден
Сириските христијани бегаат од земјата стравувајќи од Mуслиманското братство
Во Прилеп отворен Институтот за композитни материјали и роботика
Владата со мерки за состој��ата со пожарите
Дo МВР доставен фоторобот на терористoт од Бургас
Струјата поскапа за 9,83 проценти, парното од 3,75 до 3,88 проценти
Двајца српски војници загинаа на Копаоник
(ФОТО) ХЕЦ „Света Петка“ од денеска во функција
Честитка од претседателот Иванов по повод Илинден
Пожарот во Ресен се шири кон Пелистер, во Валандово активен, но под контрола
Пратениците од денеска на годишен одмор
Воспоставено снабдувањето со струја во Индија
Втори август неработен ден за сите граѓани
Променливо облачно со локален пороен дожд
НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C

Понеделник
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |