Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 14:41
Од денеска почна да се врти вртелешката



Скопјани денеска имаа можност да ја сефтосаат новата содржина на градскиот плоштад. На првиот ден од официјалното отворање на вртелешката возењето беше бесплатно, па дечињата можеа безброј пати да се враќаат и одново да се радуваат и да уживаат вртејќи се на коњчињата и другите фигури на каруселот.

Веќе од утре за секое возење ќе треба да се плати билет. Надлежните одлучиле во април и во мај билетите да бидат со промотивна цена. Според изготвениот ценовник, еден билет чини 30 денари, а за дете со родител 40 денари. По завршување на промотивниот период, поточно од 1 јуни цената на билетите ќе изнесува 45 денари за 1 лице и 60 денари за дете со родител. На вртелешката можат да се возат деца на возраст до 12 години, додека за деца до 5 години ќе биде дозволено придружба од родител.

Каруселот има 21 фигура со вкупно 31 седиште. Од н��в 8 се галопирачки коњчиња, 9 коњчиња кои се нишаат, 2 статични кочии и 2 чајни чашки. Првите три дена каруселот ќе работи од 10 до 22 часот. (С.Р.)







Статијата е прочитана 1703 пати.


Испрати коментар



Без сообраќајот кај кружниот тек на „Лазо Трповски“
Се множат проблемите во „Злокуќани“
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо



Ромале, 19.04.2013 15:39:50
И кога јас можам да ја донесам мојата панаѓурска мечка?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Кога Тито, Фројд, Хитлер, Сталин и Троцки беа во Виена
Никој не знае дали Хитлер налетал на Троцки, или Тито се сретнал со Сталин, но тие беа таму...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |