Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.04.2013, 10:54
Иванов: Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион



Предавање на македонскиот претседател на Универзитетот „МекМастер“ во Хамилтон, Канада

Во денешно време кога моделот на мултикултурализам во Европа не функционира поради односот кон муслиманите, Македонија покажува дека во неа муслиманите и христијаните од секогаш живееле заедно без никакви предрасуди и стравови. Македонија е земја која може да се пофали со нејзиниот специфичен однос кон различитоста. Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во своето предавање на Универзитетот „МекМастер“ во Хамилтон, Канада, на тема „Мултикултурализам, мултиетницизам и успехот на македонскиот модел“.

Предавањето на претседателот Иванов се одржа на првиот ден од неговата неколкудневна посета на Канада, за време на која се предвидени повеќе средби со преставници на канадскиот политички врв, научната заедница, како и со преставници на организации на македонската заедница.

- Канада промовира поинаков начин на интеграција на општеството. Тоа е модел на интеграција без асимилација и се претпоставува дека тоа е модел на иднината. Обидите на старите европски држави да се справат со таа комплексност доведува до разочарување, подвлече македонскиот претседател на предавањето на „МекМастер“.

Според шефот на државата како што канадскиот модел на мултикултурализам е иднината на сите имигрантски општества, македонскиот модел е позитивен пример за сите мултиетнички општества во регионот.

За време на посетата на канадскиот универзитет, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „МекМастер“.

Претседателот Иванов својата престојот во Канада го започна со посета на канадскиот воен колеџ во Торонто, каде што учествуваше на дискусија за важноста на обуката на военото раководство и професионалното воено образование, на која учествуваа сенатори, генерали и високи воени претставници од Канадскиот воен колеџ.

Во Отава, претседателот на Република Македонија, како што соопшти неговиот кабинет, ќе оствари средба со спикерот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, почесниот Ендру Шир и средба со спикерот на Сенатот, почесниот Ноел Кинсела.

Во општината Маркам во Торонто, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија на подигање на македонското знаме и сечење лента за улицата која ќе го носи името „Битола“. Во оваа прилика, предвидено е да биде потпишан Меморандум за разбирање во областа на културата и туризмот.

По повод 50-годишнината од постоењето на првата македонска црква во Канада, претседателот Иванов ќе има свечено обраќање на гала-вечерата во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Воедно, македонскиот претседател за време на престојот во Канада ќе оствари повеќе средби со претставници на здруженија на македонската дијаспора, како и средба со претседателот на македонско-канадската група за пријателство во Парламентот на Канада, Ладислав Лизон.



Статијата е прочитана 373 пати.


Испрати коментар



Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе ги набљудува утрешното гласање
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Itar Pejo, 20.04.2013 11:00:54
Mnogu bogata programa pa Ivanov nemal vreme da se sretne so nehoviot kolega, kanadskiot Predsedatel. Isto kako koga vo Makedonija doagaat albanskiot i kosovskiot Predsedatel. Ama zatoa pak podpisal memorandum za razbiranje so neznam koj ugleden sluzbenik od Универзитетот „МекМастер“.
Mile, 20.04.2013 12:09:41
cirkus :) Pa zatoa ovoj model nepostoj vo ni edna Evropejska zemja !Vo evropejskite zemi lugeto ne se delat na etnikumi samo vo makednija i poranoshnite zemi na Jgoslavija se delime !!!!
скопjе, 20.04.2013 12:29:31
виц на денот!
mile, 20.04.2013 13:31:52
Јак модел џанам??? Да не можеш да се качиш во градски автобус, да те претепаат без причина......Навистина уникатен модел Џоле.......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Недела
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |