Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.04.2013, 12:23

Рен: Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата

Kомесарот за економски и монетарни прашања во Вашингтон зборуваше заедно со некои од врвните функционери задолжени за справување со евро-кризата

Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата, изјави евро-комесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, на панел на институтот Брукингс во Вашингтон.

Рен, кој во Македонија е познат како комесар за проширување на Унијата од 2004 до 2010 година, во Вашингтон зборуваше заедно со некои од врвните функционери задолжени за справување со евро-кризата. Најави дека во текот на следната година може да се очекува конечно европските економии повторно да почнат да растат.

Прашан за споредба меѓу економската криза во јужните членки на ЕУ, и економската стабилност и раст во соседните држави од југот на Европа, кои се надвор од Унијата, како Македонија и Турција, рече дека е позитивна вест што на овие земји им оди добро во овој период.

- Тука дојдов директно од пленарна седница на Европскиот Палрамент каде се зборуваше за Кипар и имаше навистина едно бомбардирање против програмата на европската Тројка и, поради некоја причина, против Европската Комисија. Ова се сериозни прашања и навистина потребно ни е градење мостови во Европа, меѓу стабилноста и солидарноста. Конечно, за Македонија и за Турција, сакам само да кажам дека е добра вест што на вашите земји, релативно гледано, им оди навистина добро во овој период. Во изминатите 20 години економскиот развој на Турција беше импресивен. Турција успеа да го зацврсти економскиот развој благодарение и на својата европска перспектива и ќе и оди навистина добро во иднина, изјави Рен.

Тој своето обраќање го почна со оценка дека периодот од неговата кариера, кога се ангажирал со тешки прашања како што биле евро-интеграциите на Турција и стабилизирањето на западниот Балкан, во споредба со сегашната европска криза, го памети како „старите добри времиња“. Оцени дека моделот на економски раст на Европа врз основа на постојаното задолжување е напуштен и оти е неопходно да продолжат тешките реформи и кратења на буџетите во државите членки, паралелно со градењето на европска монетарна структура, со поврзување во банкарска унија.

Особен интерес предизвикаа излагањата на германскиот економист Клаус Реглинг кој го води фондот за санирање на проблематичните држави ЕФСФ и на новоименуваниот шеф на евро-групата, младиот холандски министер за финансии Жерун Дејселблум.

Реглинг инсистираше дека Европската унија ги исполнува своите обврски што се однесува до солидарноста со државите од југот на Унијата кои се соочија со неодржливи долгови.

- Никој не негира дека има сериозни проблеми во југот, ова се држави во криза. Сите европски држави демонстрираа солидарност и обезбедија средства, што не беше лесно. Но, ако Турција, Бразил, Индонезија и Кореја, не ги спроведеа своите ММФ програми во изминатите 20-30 години, денес немаше да бидат ѕвезди во економските перформанси. Но, сакам да кажам дека сме свесни, не ги негираме овие проблеми, рече Реглинг.

Дејселблум ги потсети европските земји на неопходноста да обезбедат балансирани буџети, без високи дефицити, иако и самиот призна дека има проблеми со комесарот Оли Рен да го оправда повисокиот од дозволеното дефицит на неговата Холандија. Тој ги бранеше мерките кои се применуваат во задолжените држави, како што е зголемувањето на старосната граница за пензионирање, бришењето на синдикалните договори, намалувањето на социјалните и работничките права.

Учесниците на панелот, меѓу кои беа и членот на одборот на Европската централна банка Јорг Асмусен, претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер и поранешниот турски министер за економија Кемал Дервиш, го потврдија контроверзното правило донесено во случајот на Кипар дека идните банкарски кризи ќе се решаваат со удар на лицата кои, како што кажа Дејселблум, профитирале од работата на банките. Ова се однесува на заштедите поголеми од 100.000 евра депонирани во банките кои ќе се соочат со неликвидност.

Вашингтон деновиве е домаќин на редовните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, на кои учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки од целиот свет, меѓу кои и вицепремиерот и министер за финансии на Република Македонија Зоран Ставревски. (МИА)


Статијата е прочитана 747 пати.


Испрати коментар



МОСТ - Гласачи од други општини
ВМРО-ДПМНЕ објави победи во Долнени и Ѓорче Петров
Сокол Митровски со нов градоначалнички мандат во Ѓорче Петров
Редици од Пустец!
Жерновски прогласи победа во Центар
ДПА објави победа на Села во Струга
ДИК - Одѕивот до 17 часот e 53,73 отсто
ЕУ извори - Србија ќе добие датум
ДИК - Излезноста до 13 часот изнесува 33,41 отсто
Го убил синот, го ранил соседот, па си пресудил
Хепенинг за Европската недела на имунизација
Иванов - Нема компромис за достоинството
Се намалиле работниците со скратено работно време
ДИК - Одѕивот до 10 часот изнесува 10,89 отсто
Најмалку 203 луѓе загинаа во земјотресот во Кина
Џохар Царнаев е ранет во врат
ЦИВИЛ - Прегласувањето во Центар почна со нерегуларности
Одбележување на Денот на планетата Земја
Денеска се прегласува во Центар, Струга и Ѓорче Петров
Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе го набљудува гласањето
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за граб��жи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа



Itar Pejo, 19.04.2013 14:11:32
I nas ni e drago! Nemoze ni da si predstavi gospodinot kolku nie drago што на Македонија и оди добро во економијата !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Кога Тито, Фројд, Хитлер, Сталин и Троцки беа во Виена
Никој не знае дали Хитлер налетал на Троцки, или Тито се сретнал со Сталин, но тие беа таму...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни споре�� „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |