19.04.2013, 14:41 Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
Црногорскиот вицепремиер за економска политика Вујица Лазовиќ најави зголемување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) од сегашните 17 на 19 отсто.
Тој истакна дека зголемувањето на ДДВ-то треба да се реализира во почетокот на летото, додавајќи дека црногорската влада планира на тој начин да собере дополнителни 40 милиони евра.
Лазовиќ нагласи дека негово лично мислење е дека „Комбинатот за алуминиум Подгорица“ (КАП) нема иднина и дека вештачкото одржување на производството во ова претпријатие само може да причини поголема штета.
- Влегуваме во една агонија која секој ден може да донесе само поголема штета, оценува црногорскиот вицепремиер. |