Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.04.2013, 11:27
Первез Мушараф останува во притвор уште две недели



Пакистанскиот антитерористички суд денеска го продолжи притворот на поранешниот претседател Первез Мушараф на уште две недели заради отпуштање судии додека бил на власт.

- Судот го испрати генерал Мушраф во судски притвор на две недели, им кажа на новинарите Мухамад Амджад, портпарол на партијата на Мушараф Сепакистанска муслиманска лига, јавија француските медиуми.

„Нашите адвокати ги негираа обвинувањата дека генерал Мушараф отпуштал судии и дека нив и нивните семејства шест месеци ги држел во домашен притвор. Тоа апсолутно е неточно“, рече Амджад.

Мушараф денеска се појави во судот под силни мерки на безбедност, додека неколку стотини адвокати, кои се против поранешниот претседател, извикуваа пароли против него и се туркаа со обезбедувањето.

Мушараф вчера беше уапсен во Исламабад и изведен пред суд каде е обвинет за предавство додека бил на власт. Потоа му било дозволено да се врати дома, за подоцна да биде префрлен во полициски притвор. Засега не е познато дали Мушараф ќе остане во полициски притвор или ќе биде испратен во затвор.

Судот го нареди апсењето на Мушараф бидејќи му беше одбиено барањето да се брани од слободае во врска со неговата спорна одлука од 2007 година кога го суспендира уставот и прогласи вонредна состојба и притоа смени повеќе судии.

Мушараф на 24 март се врати во Пакистан по четири години минати надвор од земјата, а против него се покренати три обвиненија: првото го товари дека во 2007 година не сторил доволно за да го спречи убиството на поранешната премиерка Беназир Буто, второто се однесува на убиството на племенски лидера во 2006 година, а третото го товари за смената на судии во 2007 година.

Иако му е одобрено да учествува на парламентарните избори на 11 мај, на Мушараф пред два дена му беше одбиена кандидатурата во сите четири изборни единици.








Статијата е прочитана 220 пати.


Испрати коментар



Џорџо Наполитано избран за претседател на Италија
Сарачини ја презентираше владината програма за развој на општините
Петгодишно девојче киднапирано и силувано во Индија
Нова спортска сала за универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
МОСТ со 130 монитори ќе ги набљудува утрешното гласање
Стејт департментот со остри оценки за Македонија
Ставрески и Богов задоволни од разговорите во ММФ и Светската банка
Уапсен и вториот осомничен за бомбашките напади во Бостон
Најмалку 70 загинати во земјотрес во Кина
Гласаат изнемоштените и болните лица
Иванов - Македонскиот модел на мултикултурализам е пример за нашиот регион
Србија и Косово постигнаа договор во Брисел
Попоски - Македонија своевиден гуру на трпеливоста
„Македонски телеком“ откупи пет иновативни идеи
И по третиот круг Италија без нов претседател
Отворен патот за бизнис со Азербејџан
Уапсен Македонец за грабежи и киднапирање во Грција
Брисел ќе ја чека Македонија до јуни
На тендерот за ОХИС нема понуди
Од денеска почна да се врти вртелешката
Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто
(ФОТО) Промовирано првото мени на Брајово писмо
Ќе се зајакне системот за контрола на социјалната помош
Осомничените за нападот во Бостон се од Чеченија
Задолжителна употреба на биоразградливи ќеси
Иванов замина во Канада и Аризона
Владата ќе вработува 1.800 лица од социјални семејства
ПЕИ излезе од „Сојузот за иднината“
Убиен еден од осомничените за бостонските напади
Рен - Драго ми е што на Македонија и оди добро во економијата
Романо Проди за претседател на Италија
(ФОТО) Поплавени викендици на Тиквешко Езеро
ЕУ очекува прегласувањето да мине во слободна и организирана атмосфера
Инвеститорите од Азербејџан добродојдени во Македонија
Ројтерс по грешка објави некролог за Сорос
Трка на кеј во чест на жртвите на маратонот во Бостон
Мушараф уапсен за државна измама
ФБИ објави фотографии од двајца осомничени за нападот во Бостон
Груевски во посета на Азербејџан
Во експлозијата во Тексас загинале 14 луѓе
Полицаец убиен во кампусот на МИТ крај Бостон
(ВИДЕО) Слободан Богоевски уапсен за перење пари
Карл Билт - Најзагрижен сум за Македонија
Скопјанка ранета со пет куршуми, додека била на гости
Жерновски - Ќе се бориме до крај и ќе оствариме поубедлива победа

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Недела
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Ретровизор | Саботен магазин |