Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.01.2013, 17:05

Јован Балов изложува во Берлин

Во галеријата„Видинг“ во Берлин на 18 јануари ќе биде отворена изложбата „Внатрешен круг“

Во галеријата„Видинг“ во Берлин на 18 јануари ќе биде отворена изложбата „Внатрешен круг“, во која покрај германската авторка Мариеле Бергман и кинеската вајарка Ванг Лан, со десет портрети учествува и македонскиот уметник Јован Балов, кој живее во Берлин, а портретите ги создавал од 2008 до 2012 година. Куратор на изложбата е д-р Катја Дејвид, која годинава со програма во серија од шест изложби ќе ги презентира најзначајните актуелни берлински ликовни уметници.

Во „Внатрешен круг“ Балов се претставува со циклусот „Мојот прв круг“, кој го чинат шест портрети од неговото семејството, серијата од три автопортрети „Ego sum, qui sum“ дополнети со портретот на „Кристијан Томас Јигел“.

„Видинг“ е градска комунална берлинска галерија, која ја презентира програмата на берлинскиот сенат за култура со посебна цел афирмација на берлинските уметници и берлинската ликовна сцена. „Балов се претставува со автопортретите и портрети на неговото блиско семејство. Големиот формат на овие врвни слики ги надминуваат содржините на секоја фотографијата наспроти хиперреалистичкото сликарство, тие слики истовремено ни откриваат парцијални делови од карактерот на личноста“, пишува Катја Дејвид во прес-материјалот за изложбата. (К.Б.)


Статијата е прочитана 542 пати.


Испрати коментар



„Женидба“ од Гогољ, нова премиера на Театар „Комедија“
(ВИДЕО) „Фејсбук“ го претстави новиот систем за пребарување
Елтон Џон доби син
Продавала готварска сол како кристален мет
„Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија
Нема да има концерт за Тоше на 25 јануари
Пристигна филмот на Квентин Тарантино
Двојникот на Обама заработува 1.100 долари по настап
Британската музичка компанија Ејџ-Ем-Ви под принудна управа
Британското кралско семејство летово со нов член
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Мудрост да се пее и да се преживее
Горазд Чаповски...
Иднината пристигна со модели што возат сами
„Ауди“ e прв производител на автомобили на планетава, кој од Невада, САД, доби дозвола за користење автономни возила на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |