Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
14.01.2013, 13:42

(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“

Филмот на Бен Афлек донесе изненадување, освојувајќи ги наградите за најдобра драма и најдобра режија

Сунчица Уневска


Доделувањето на 70. „Златен глобус“, наградите на странските новинари во Холивуд, кое се одржа прексиноќа во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес, донесе големо изненадување. Филмот „Арго“ на Бен Афлек, кој се осврнува на вистинските настани за заложничката криза во Иран во 1980-тите години, успеа да го победи големиот фаворит, историската драма „Линколн“ на Стивен Спилберг и да ги освои двете главни награди, за најдобра драма и за најдобра режија. Додека „Линколн“, кој поведе во оваа трка ��о седум номинации, ја доби само наградата за фасцинантната улога на Дениел Деј Луис, кој го игра претседателот Абрахам Линколн.



„Арго“ имаше пет номинации, но никој не очекуваше ваков скор, особено откако „Линколн“ стана фаворит и за „оскарите“, освојувајќи дури 12 номинации. Па, сепак, оваа победа на Бен Афлек многумина ја дочекаа со одобрување, сметајќи дека драмата на Спилберг, која говори за вистинските настани што се случуваат околу 13. амандман и предлогот за укинувањето на ропството во Америка е преценета и дека во прашање се политички причини. Како и да е, „Арго“ го доби својот неочекуван триумф, победувајќи уште три филма кои ги освојуваа гласовите на критичарските здруженија и се сметаа за фаворити: „Животот на Пи“ на Анг Ли, „Нула темнина триесет“ на Кетрин Бигелоу и „Разузданиот Џанго“ на Квентин Тарантино.

Триумфот во категоријата мјузикл или комедија го освои филмот „Клетници“ на Том Хупер, кој од четири номинации освои дури три награди. За најдобар актер во комедија или мјузикл беше прогласен Хју Џекмен, а за споредна женска улога наградата и' припадна на Ен Хатавеј за улогата на Фантин во оваа филмска адаптација на Хупер, кој освои „Оскар“ пред две години за филмот „Говорот на кралот“.

Веќе кажавме дека Дениел Деј Луис ја доби наградата за најдобра машка улога во драма, додека наградата за најдобра женска улога, сосем очекувано, отиде кај исклучително талентираната Џесика Честеин за нејзината ролја како оперативец на ЦИА во филмот на Кетрин Бигелоу „Нула темнина триесет“, кој го прикажува десетгодишниот лов по големиот терорист Осама бин Ладен.



Квентин Тарантино беше многу задоволен и, како што рече, пријатно изненаден што го доби „Златниот глобус“ за неговото оригинално сценарио. „Разузданиот Џанго“ е уште една откачена приказна, само овој пат за ослободениот роб Џанго и неговата одмазда откако ќе се претвори во вистински ловец на награди. Овој филм му ја донесе наградата и на австрискиот актер Кристоф Волц за споредна улога.

Наградата, пак, за најдобра женска улога во комедија или мјузикл и' припадна на младата актерка Џенифер Лоренс за улогата во филмот „Во добро и во зло“, која стана позната по нејзината ролја во наградуваниот филм „Студ до коска“, инаку победник на „Санденс“. Џенифер Лоренс беше во конкуренција со многу големи актерски имиња, како што се Џуди Денч, Мерил Стрип и Меги Смит и при примањето на наградата таа се пошегува, велејќи: „Ја победив Мерил Стрип“. Инаку, на Мерил Стрип ова и' беше 27. номинација за „Златен глобус“.

Атрактивниот филм „Животот на Пи“, кој ги помести границите во 3-Д технологијата, а на чии визуелни ефекти работеше и македонското студио ФХ3Х, имаше три номинации за „Златен глобус“, додека во трката за „Оскар“ понесе дури 11 номинации. Но, на ова 70. доделување на наградите на странските новинари во Холивуд ја понесе само наградата за најдобра музика на Мајкл Дана. Додека, сосем очекувано, „Златниот глобус“ за најдобра песна го доби Адел за насловната нумера во филмот за Џемс Бонд „Небесен пад“. Оваа година наградата „Сесил де Мил“ за животно дело и' припадна на холивудската актерка Џоди Фостер.


Статијата е прочитана 739 пати.


Испрати коментар



Македонија настапува во втората полуфинална вечер на Евросонг
Ќе се отвора поставката во Музејот на Старата скопска чаршија
Почна шестиот фестивал „Кустендорф“
Тарик доживеа сообраќајна несреќа
Кејти Холмс најсекси жена на светот од едно разголување
Лејди Гага сака да го купи имотот на Мајкл Џексон
Херта Милер ја доби Светската награда за хуманизам
„Женидба“ од Гогољ, нова премиера на Театар „Комедија“
(ВИДЕО) „Фејсбук“ го претстави новиот систем за пребарување
Елтон Џон доби син
Продавала готварска сол како кристален мет
„Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија
Нема да има концерт за Тоше на 25 јануари
Пристигна филмот на Квентин Тарантино
Двојникот на Обама заработува 1.100 долари по настап
Британската музичка компанија Ејџ-Ем-Ви под принудна управа
Британското кралско семејство летово со нов член
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
Јован Балов изложува во Берлин
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Големо реми со големата Русија
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Русија во четвртото коло од групата Б на 23. Светско прве...
Стартува македонската верзија „Танц со ѕвездите“
Ќе почне да се прикажува кон крајот на февруари на Македонската телевизија , ќе танцуваат Марјана Станојковска, Васил За...
Десет правила за скијање
Скијачот мора да се однесува така што да внимава да не им наштети или да не ги загрози останатите скијачи или бордери. Е...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |