Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
15.01.2013, 10:01

Британското кралско семејство летово со нов член

Бебето на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон се очекува да се роди во јули, а здравствената состојба на мајката постојано се подобрува, по проблемите што таа ги имаше при откривањето на нејзината бременост

Бебето на принцот Вилијам и на неговата сопруга Кетрин Мидлтон се очекува да се роди во јули, соопшти Сент Џејмсис палата во Лондон, службена резиденција на идниот британски крал.

Во соопштението се вели дека здравствената состојба на бремената Мидлтон постојано се подобрува, по проблемите што таа ги имаше при откривањето на нејзината бременост и поради што мораше неколку денови да помине во една лондонска болница.

Претставник на крлската палата потврди дека се очекува раѓање на само едно бебе, со што се демантирани пишувањата во некои лондонски весници за тоа дека идната британска кралица Кетрин Мидлтон ќе роди близанци.

Службената потврда дека раѓањето на бебето се очекува во јули покрена нови шпекулации во британските медиуми за тоа дека детето на Вилијам може да се роди во истиот ден кога беше родена и неговата покојна мајка.

Принцезата Дијана, која загина во сообракајна несрека во Париз, беше родена на 1 јули.

Според Сент Џејмсис палатата,Вилијам и Кетрин, кои ги носат службените титули војводата и војводката од Кембриџ, нема да имаат јавни активности во догледно време. Тоа се објаснува со обрските што Вилијам ги има како пилот на кралското воздухопловство РАФ, во хеликоптерската единица за спасување.


Статијата е прочитана 968 пати.


Испрати коментар



Македонија настапува во втората полуфинална вечер на Евросонг
Ќе се отвора поставката во Музејот на Старата скопска чаршија
Почна шестиот фестивал „Кустендорф“
Тарик доживеа сообраќајна несреќа
Кејти Холмс најсекси жена на светот од едно разголување
Лејди Гага сака да го купи имотот на Мајкл Џексон
Херта Милер ја доби Светската награда за хуманизам
„Женидба“ од Гогољ, нова премиера на Театар „Комедија“
(ВИДЕО) „Фејсбук“ го претстави новиот систем за пребарување
Елтон Џон доби син
Продавала готварска сол како кристален мет
„Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија
Нема да има концерт за Тоше на 25 јануари
Пристигна филмот на Квентин Тарантино
Двојникот на Обама заработува 1.100 долари по настап
Британската музичка компанија Ејџ-Ем-Ви под принудна управа
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
Јован Балов изложува во Берлин
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓ��рѓа“
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Големо реми со големата Русија
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Русија во четвртото коло од групата Б на 23. Светско прве...
Стартува македонската верзија „Танц со ѕвездите“
Ќе почне да се прикажува кон крајот на февруари на Македонската телевизија , ќе танцуваат Марјана Станојковска, Васил За...
Десет правила за скијање
Скијачот мора да се однесува така што да внимава да не им наштети или да не ги загрози останатите скијачи или бордери. Е...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |