Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Култура
03.11.2009, 16:13

Десет години вљубени во книгата

Издавачкиот центар „Три“ќе го одбележи јубилејот со голема промоција која ќе се случи на 23 ноември

Невена Поповска


Издавачкиот центар „Три“ на 23 ноември одбележува десет години постоење. Јубилејот ќе го празнува во текот на месецов, а централен настан е голема промоција на 23 ноември - датумот на кој „Три“ пред една деценија ја почна својата издавачка дејност.

„Вљубени во книгата“ е слоганот на годишнината, со кој е именувана и специјална едиција од десет најзначајни книги кои ја одбележале издавачката продукција на „Три“ во изминатите десет години. Десетте наслови: „Кодот на Да Винчи“, „Алхемичарот“, „Калуѓерот што го продаде своето ферари“, „399“, „Спутник љубов“, „Страници за нашата љубов“, „Најголемиот трговец на светот“, „Поле“, „Девојката со бисерна обетка“ и „Индиго Бомбај“ ќе се продаваат по популарна цена од 199 денари во кафе-книжарницата „Три“.

Александар Саздов на вчерашната средба со новинарите рече: „Според реакциите на читателите постигнавме значителен успех. Регрутиравме многу верни читатели и јубилејот им го посветуваме ним и на сите вљубеници во книгата, зашто нашата основна мисија е да му го приближиме светот на читателот и читателот да го доближиме на светот“.

Винка Саздова „е горда што целото семејство се посвети на издаваштвото и потенцираше дека „Три“ е особено селективен во поглед на квалитетот на книгите што ги објавува, преводот и на дизајнот на секое издание. Јубилејот се совпаѓа и со објавувањето на нејзиниот прв роман насловен ’Последниот чај‘“.

Бојан Саздов се осврна на издавачката политика на куќата и притоа рече дека „продукцијата опфаќа дела од класиката, филозофијата, дела на современи писатели и од македонски автори од кои три книги го добија признанието „Роман на годината“ на „Утрински весник“. „Три“ е и генерален застапник на светскиот издавач „Tachen“ за изданија за уметност, архитектура, дизајн. „ Клубот на читатели на ’Три‘ има околу 5.000 редовни читатели и е прв кој во 2003 година се осмели да воведе интернет продажба. Нашите книги се продаваат и на бензински пумпи, во големите супермаркети, на охридските плажи и за нив има голем интерес“, подвлече Саздов.

Следен потфат на „Три“ е да и го отвори на македонската литература патот кон светот. Прва книга објавена во странство, според нивните планови, ќе биде „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска-Георгиева. Се уште не се знае каде ќе биде објавен романот, но на саемот на книга во Франкфурт минатиот месец странски издавачи се заинтересирале за него.


Статијата е прочитана 954 пати.

Испрати коментар



Скулпторот Гоце Наневски на „Суб документа“ во Сараево
Театар за глуви лица - вибрации наместо тишина
Изложба на необјавени интимни цртежи на Никола Мартиноски
Јубилеј 40 години ФДУ - 444 дипломирани студенти



Babusku Cece i Cimbo od Melburn, 04.11.2009 09:00:47
Srdecni cestitki na semejstvoto Sazdovi po povod deset godini od postoenjeto na Izdvackiot centar "TRI".

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Недела
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 25°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |