07.06.2012, 19:13 Пешевски и Самак најбогати од економските министри
Колкав имот по��едуваат министрите и дали според тоа се гледа и колку се добри економисти?
Соња Маџовска
Колкав имот поседуваат економските министри и дали според тоа се гледа и колку се добри домаќини, односно економисти?
„Утрински весник“ минатата недела ја истражуваше имотната состојба на министерот за финансии Зоран Ставрески, посебно станот што го има во богатиот кварт Чеви Чејс во Вашингтон. Провокација за текстот беше расправата по интерпелацијата за неговата работа. Првиот финансиер ја преживеа интерпелацијата, а во дебатата покрај бројки и факти се вадеа и стари работи, како што е онаа со станот на министерот за кој се знае, а и тој има наведено во анкетниот лист дека го има купено во 2002 година, кога извршуваше функција во Светска банка, а таму живееше со семејството.
Покрај Ставрески, уште еден министер има стан во Америка.
Министерот за странски инвестиции Веле Самак во анкетниот лист има наведено дека поседува трособниот стан вреден 500.000 долари во САД. Станот на министерот се наоѓа во Белви, во државата Вашингтон на Пацификот. Белви е, всушност, сателитски град на познатиот Сиетл и до пред економската криза во 2008 се сметал за центар на брзи промени и бил прогласен за едно од најдобрите места за живеење и за почнување бизнис во државата Вашингтон. Белви е рангиран како четврто најдобро место за живеење во Америка.
Министерот Самак во Македонија нема недвижен имот. Поседува возило „мерцедес“, според негова процена од 25.000 долари, акции во вредност од 20.457 евра, 200.000 долари во пензиски фонд, но пријавил и заем од 93.000 долари и кредит од 450.000 долари.
Неговиот колега, исто така, министер за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, кој дојде лани да ја извршува оваа функција од Соединетите Американски Држави, нема имот во САД, но затоа поседува две куќи во земјава. Поконкретно, има куќа од 329 квадратни метри вредна 250.000 евра во Охрид, и уште една куќа од 202 квадрати, според негова процена од 150.000 евра во Трпејца. Вози „мустанг“ од 11.000 долари, има и акции вредни 550.000 долари, и сметка во странска и во една домашна банка.
За еден од најбогатите меѓу министрите слободно може да се прогласи вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и неговото семејство. Тој лично поседува земјиште во Визбегово, еден плац од 2.172 квадратни метри вреден 85.000 евра, и уште еден плац од 85 квадрати во износ од 7.000 евра. Пешевски има два плаца и во Долно Соње, еден од 9.424 квадратни метри од 66.000 евра, а другиот од 8.376 квадрати вреден 53.000 евра. Неговата сопруга има стан во Скопје од 119 квадрати проценет на 130.000 евра, гаража од 10.000 евра. Уште еден стан има сопругата на Пешевски од 48 квадратни метри во Скопје од 60.000 евра. Таа поседува исто така земјиште во Визбегово вредно 20.000 евра. Вицепремиерот нема сопствено возило, ама затоа неговата сопруга има два автомобила, „мицубиши“ и „тојота“. Поседува и накит вреден 15.000 евра и удели во компании, вредни 330.000 евра. Министерот побарува и средства за завршена работа во износ од 70.000 евра, како и бонус од 260.000 евра.
И имотот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и неговото семејство не е за потценување. Тој поседува стан во Скопје од 58 квадрати од 40.000 евра, куќа во Прилеп од 350 квадрати вредна 150.000 евра, а неговите родители имаат куќа и во Скопје од 180 квадрати од 250.000 евра. Има земјиште во Берово. Тој лично нема возило, а неговата сопруга вози „сеат леон“ од 15.000 евра. Два автомобили, пак, имаат неговите родители, „тојота ајго“ и уште еден „сеат леон“. Во неговиот анкетен лист уредно се наброени како сопствен имот и машки и женски часовник, но ја нема нивната вредност. Како личен имот министерот Јанакиески поседуваат акции и неколку штедни книшки.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски како личен имот во анкетниот лист навел дека поседува само уметнички дела и возило „форд фокус“ од 13.500 евра. Автомобил од марката „форд“ вози и неговата сопруга, но помал „фиеста“ од 9.600 евра. Димовски нема недвижен имот, во анкетниот лист стои дека стан поседуваат неговите родители во Скопје од 112 квадратни метри, вреден 112.000 евра.
Министерот, пак, за економија Ваљон Сараќини речиси ништо нема на свое име, се' што пријавил е на име на неговите родители. Тие поседуваат куќа од 294 квадратни метри од 200.000 евра во Скопје, куќа во Улцињ вредна 180.000 евра од 320 квадрати. И возилата во семејството Сараќини се водат на име на неговите родители. Имаат „сеат алтеа“ вреден 8.000 евра, и „опел кадет“, од 800 евра. Министерот за економија е единствениот што вредноста на имотот што го поседуваат неговите родители го пресметал во евра, останатите министри процените ги дале во денари.
Со оглед на тоа што за министерот за финансии Зоран Ставрески веќе пишувавме што поседува, за да не биде дека него го испуштаме во оваа наша листа за тоа колку економските министри се и добри домаќини, ќе потсетиме дека тој покрај станот во Вашингтон од 90 квадратни метри проценет на 200.000 долари, кој моментно го издава по цена од 1.800 долари, поседува уште еден стан во Охрид од 40 квадратни метри. Неговата сопруга, пак, има стан и куќа во Скопје. Министерот поседува и два автомобила, „хонда сивик“ од 2001 година, вреден 250.000 денари, и „варбург“ од 1991 година, за кој вредноста ја проценил на 25.000 денари. Ставрески поседува и неколку штедни денарски и девизни книшки во Шпаркасе банка и една во американска банка. |
|
Статијата е прочитана 3614 пати.
|
Испрати коментар
|
|
viki, 08.06.2012 01:38:55 | Да ви кажам искрено баш ми е жал што Пешевски и Јанакиевски немаат сопствен автомобил, па се замислив и се запрашав како ли одат на работа кутрите тие. Па можам да им го дадам моето Рено 4 за да не се решат случајно да тргнат на работа со автобус. Кој ќе им ги гледа греовите, па после ќе бидат толку многу уморни што ќе нема да издржат да работат 24/7. И што ќе правиме тогаш ние без нив? Леле толку многу се насекирав што нема да можам да заспијам. А се гледа пак дека се големи домаќини. Штанцаат ли штанцаат пари и им нема крај. |
| Istocna Makedonija, 08.06.2012 07:03:59 | Eve go ogledalotona zalna i tazna Makedonija,na
site osteteni i unisteni gragani,stecajci,socijalci,
t.visok,zemjodelci,tutunari,mlekari,ne-vraboteni
koga sudbinata im ja skroija bogatasite,koi uste
i sakaat da go zdebeluvaat kontoto.Sitiot ke mu
gi resava problemite na gladniot?!Uste i so nasi-
narodni pari zbesnaa i gi trosat kako da se nivni.
Ajde be odete si,ostavete go kutriot graganin na
ovaa zemja da se bori za gola egzistencija svoja
i na svoite deca! |
| ekonomist, 08.06.2012 07:30:23 | Како што иштанцале пати за себе така да иштанцаа и за државата ке беа прави економски министри.И што од тоа што им ја видовме личната богаташка карта.Сакате да ни кажете дека не земаат провзии,или седат во владат аод родољубие.Амаа ајде бре.Кој веке им верува на нивните економски мафатарења.Срамота за Миле .Толку детево се трудеше да распродаде и купи,а остана сиромав.Кој ли му ги зеддее провизиите.Или суште не ги ојавил |
| ivan, 08.06.2012 07:49:46 | Bravo za ministrive site rabotele i steknale po nesto. Edinstveno premierot Gruevski nema nisto, nitu edno vozilo ne kupil za 14 godini kako e politicki aktiven. Ne mi ejasno kako i negovata zena nema vozilo so sto odi na rabota (so novite avtobusi???) Premierot nema prijaveno ni imot na svoe ime nema zemja nema stan nema nitu negovata zena. Kade gi trosat platite - premierot okolu 90iljadi denari i soprugata okolu 30. Proverete na sajtot na antikorupcija, ke vidite deka premierot ima samo nekolku umetnicki sliki i nekolku karticki so nesto sitno. Ova se javni podatoci. Ne mi e jasno zosto familijata ne potrosi nesto od 2000 iljadi evra mesecni primanja, da kupi nesto da plati danok na ovaa drzava. Na krajot i toj da stane domakin kako site nie so prosecna plata od 21 iljada denari koi kupuvame se zadolzuvame po bankite i plakame danoci na ovaa drzava. |
| tulko drdeski,tetovo, 08.06.2012 09:23:54 | Za Stavreski,Ivanoski i Samak ke se znae malku podocna se sto poseduvaat vo nivnata vtora tatkovina.Prijavenoto e neznacitelen del.Trojcata si obezbedile sigurna otstapnica. |
| Marko, 08.06.2012 10:13:57 | Za 80% od Makedoncite ovie brojki se naucna fantastika !!! |
| Стaвре, 08.06.2012 10:52:46 | За Ставре многу ми е мака. Со Варбург да доаѓа на работа а министер? МАка ми е, ај да се солидаризираме, да собереме 2000евра, да му купиме Голф четворка, премиерот го посочи тој автомобил како добра прилика, кога се легализираше увозот на стари автомобили. |
| Goran, 08.06.2012 10:53:27 | A kolku iMa Branko , sekerinska, makraduli itn. Zanimlivo i bi sakal da znaam za nivniot imot. Ako moze Ve molam. |
| samo Gospiod zane!, 08.06.2012 11:42:23 | Ne si igjate majtap i ova e lazno! Imotot na site ovie gore navedeni ministri e daleku pogolem od toj sto go naveduvate kako prijaven. Narodot se cudi na ovaj prijaven imot , no ako gi znaat vistinskite brojki na nivnite imoti i smetki vo starski banki, ima da padnat vo koma.! Samo od tenderi i od Skopje 2014 i spomnicarenjeto, kolku otidoja kako proivizija na nivcnte smetki, a da ne zboruvam za zemanjeto krediti, dodela na tebnderi si sl. drugi rabot? Tie i umaat na smetka na ovaj napaten narod ukradeno ogromni sumi . Dali neko0gas toa ce se otkrie i kazni , samo Gopsod znae? |
| Mudrec, 08.06.2012 13:05:36 | Ova se malogragjanski tekstovi so cel da pottiknat reakcija na narodot. Najbogatite ministri prethodno rabotele na dobri pozicii i ziveele vo USA. Ako vekje implicirate deka nas ne ograbile za tie da imaat, dokazete go toa. |
| Asan od Krivolaka, 08.06.2012 14:35:02 | Ej DPMNE - o v c i vidovte li kolku e saatot. Dodeka vie im se umilkuvate na vasite sefovi i vodaci, tie si ja osiguruvaat idninata. Ta vie se molite za bilo kakva rabota za sinot ili kerkata, barate vrabotuvanje za oddamna diplomiranite deca, se raspravate so bliskite i go branite imeto na DPMNE so nadez deka sepak nekoj ke vi pomogne da gi resite svoite semejni teskotii, a tie sto pravat!? E tie zidaat milioni evra ili dolari i se podgotveni bednas da isceznat ako nesto im se ispreci na patot po koj cekorat, a toa e patot na vasata propast. Vie nikade ne ke mozete da izbegate. Vie ke ja platite smetkata za gozbata vo koja ne ste ucestvuvale. Sto treba poveke da se sluci za da ja svatite vistinata? |
| kaznet, 08.06.2012 17:50:35 | Јависе Феликсе имаш проголтано гнедла, пак ти јади бурек кај Јанко браќава калапат ли калапат, нека им се наздравје. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|