Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
05.07.2012, 16:25

Јубилејна 50. Галичка свадба на 14 и 15 јули

Даница Тортеска (27) и Трајче Лозановски (29) се избраните ликови на 50. јубилејно издание на манифестацијата Галичка свадба. Младата преведувачка со потекло од Галичник и машинскиот инженер од Скопје, се зетот и невестата на Галичката свадба.

- „По потекло сум галичанка и често имам учествувано како статист на Галичката свадба“, вели невестата Даница Тортеска. „Си имав во план дека кога ќе дојде денот за мојата свадба, тоа ќе го сторам на оваа манифестација, иако не знаев дали мојот избраник ќе се согласи“ - признава Даница.

Зетот Трајче на признанието на својата идна сопруга ни одговори: „Нас веројатно не' избраа меѓу петте пријавени двојки, за сватовите на свадбата да можат да се ориентираат според зетот“ - алудирајќи на сопствената висина, додавајќи дека организаторите се помачиле да пронајдат носија со неговата величина.

Манифестацијата Галичка свадба со извршување на сите обичаи се случува два дена (сабота и недела), а „сватовите“ и настаните почнуваат да се случуваат уште во петок навечер. Годинава културните случувања, кои се редовен придружен елемент на традиционалните свадбени обичаи, започнуваат со концертот на етно-групата „Калевала“ во сабота навечер, а завршуваат со традиционалната изведба на орото „Тешкото“ од КУД „Кочо Рацин“.

Организаторите на Галичка свадба, МЗ Галичник, размислуваат во иднина да има една главна манифестација на свадбата, а понатаму во текот на летото секој викенд да има репризни изданија со другите пријавени кандидати за зет и невеста. Или пак на главната манифестација, покрај избраниот пар, свои моменти да имаат и другите пријавени парови. Сепак, тие размислувања се оставени отворени за некои други изданија на Галичката свадба.

Галичката свадба е само почеток на Галичкото културно лето, во чии рамки од 10 до 12 август ќе се одржи Книжевната колонија, а од 15 до 18 август- Ликовната колонија. По повод јубилејното 50. издание на Галичката свадба, во септември ќе биде издадена монографија. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 787 пати.

Испрати коментар



Што прават денеска
Тешки денови во раскошниот дом
Среќна во нова врска со НФЛ-ѕвезда
Постојани понижувања за принцезата од кралицата
Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид
Бата Живоиновиќ доживеа мозочен удар
Над 8.000 публика се очекува на концертот на „Дјуран, Дјуран“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Се урна потпорен ѕид на Водно, жителите на зградите евакуирани
Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои ед...
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |