31.10.2011, 18:02 Плевнeлиев победи, Борисов слави
Целата власт во Бугарија сега е во рацете на партијата на премиерот Бојко Борисов
Љупчо Поповски
Пред две години Росен Плевнелиев (47), успешен бизнисмен, роден во градот Гоце Делчев во Пиринска Македонија, кој никогаш не се занимавал со политика, веројатно не ни помислувал дека за толку кусо време ќе успее да стигне до позицијата шеф на бугарската држава. Плевенлиев во неделата го победи искусниот кандидат на социјалистите, поранешен шеф на дипломатијата и сегашен европратеник, Ивајло Калфин, најмногу поради тоа што него го предложи партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ.
Разликата во гласовите не е голема, 53 наспроти 47 проценти со одѕив од 40 отсто од гласачите, но таа е потврда за Борисов дека неговата влада на половина на мандатот се' уште ја има големата поддршка од Бугарите. И резултатите од локалните избори, кои се одржуваа истовремено со претседателските, ја покажаа таа неприкосновеност – ГЕРБ освои 14 од 28 обласни кметови, а социјалистите 8.
Бојко Борисов по соопштувањето на резултатите отворено изјави дека ова гласање било, всушност, тест за неговата партија: „Ова беа партиски избори. Кој и да беше кандидат на ГЕРБ, ќе победеше. Но, ние го избравме најдобриот кандидат: демократ, со врски во Европа, знае јазици, симпатичен, модерен човек“.
Плевенлиев, кој беше компјутерски стручњак, а стана милионер, занимавајќи се со градежништво (работеше во Франкфурт, а потоа стана шеф на ќерката-фирма на германската компанија во Софија) влезе во политиката како министер за регионален развој за да ги оствари плановите на Борисов за новите инфраструктурни проекти за да може Бугарија, како најсиромашна земја во ЕУ, да се доближи до европските стандарди. Јавноста ја оценуваше неговата работа како успешна.
„Ја градам Бугарија“ беше слоганот со кој Плевенлиев ја водеше кампањата за да го подвлече своето градителско искуство. Тоа требаше да биде и разграничување од Ивајло Калфин, кој беше претставен како „човек од минатото“ и како „тројански коњ“ на Москва. Во телевизиските дебати беше забележливо дека Плевенлиев не му е дораснат на Калфин – слабо се изразува, не знае да поентира, има недостиг од визии, но на митинзите со полулистичките пораки го привлекуваше вниманието, додека настапите на поранешниот шеф на дипломатијата беа оценувани како безлични. А веројатно и дека Бугарите не сакаа уште еден социјалист на претседателската функција (по двата мандата и 10-те години на Георги Прванов).
Шефот на државата во Бугарија има, главно, церемонијална улога, но некои од надлежностите, сепак, му даваат специфична моќ. Тој е врховен командант, ги именува шефовите на безбедносната и разузнавачката служба, има право да стави вето на законите, може да распише предвремени избори, ги именува амбасадорите. Според најавите, првиот чекор на Плевенлиев кога ќе стапи на функцијата е да направи големи рокади во дипломатијата. Четирисетина дипломати (меѓу кои и бугарскиот амбасадор во Скопје Раковски Лашев) беа повлечени во Софија, но не и сменети, поради нивните врски со тајните служби во комунистичкото време. Прванов, за кој уште во 2007 година од лустрациското тело беше наведено дека соработувал со тајните служби, одбива да ги отповика амбасадорите и да отвори пат за нивната смена. Тој за себе и за другите постојано тврди дека не можат да бидат ставени на кодошката листа затоа што биле во служба на државата.
Бугарите го нарекува Плевенлиев „господин Чист“, затоа што не беше замешан во ниедна корупциска афера и затоа што изгледа премногу наивен во министерската свита. За да покаже кој е неприкосновен газда во партијата, Бојко Борисов еден месец пред изборите објави дека во 2016 година ќе се кандидира за претседател на државата откако претходно ќе победи на парламентарните избори во 2013 година. Бугарските весници го прашуваа Плевенлиев дали своеволно се согласил да биде „бугарски Медведев“ и да го чува местото за Борисов и доколку се покаже како успешен претседател. Плевенлиев немаше соодветен одговор на ваквите прашања.
Кампањата и самото гласање беше обележано со нерегуларности какви што немаше во сите досегашни изборни процеси во Бугарија. Медиумите објавуваа дека продажбата на гласовите (особено кај ромското население) е речиси официјализирана (еден глас за претседателските избори чинеше 25 евра, а з�� градоначалник 15 евра). По првиот круг од изборите, набљудувачката мисија на ОБСЕ соопшти дека „постојаните и раширени обвинувања за купување гласови ја поткупија довербата во изборниот процес“. Лидерот на социјалистите, Сергеј Станишев, беше остар по вториот круг: „Не е срамно да загубиш, но е срамно да победиш на ваков начин како што победи ГЕРБ – со поткупување, закани, страв. Такви избори немало досега во Бугарија. Власта се претвори во криминална власт“. Калфин прво му честиташе на победата на Плевенлиев, а потоа истури грст обвинувања против премиерот Борисов: „Овие избори не се пример за демократија. ГЕРБ го узурпираше неприкосновеното право на бугарскиот граѓанин“.
По изборите во неделата сета власт во Бугарија е во рацете на Бојко Борисов и неговата партија. Тој сега не ќе има можност за наоѓање оправдувања, како што го прави тоа овие две години. Глобалната криза беше секогаш негов одговор зошто инвеститорите сега ја заобиколуваат Бугарија и одат кај соседите Романија и Србија, зашто ударот врз малите и средните претпријатија беше најголем и зашто сиромашните и средната класа го поднесоа најтешкиот товар на кризата. Борисов, а сега и на Плевенлиев, ќе мораат уште да работат да ја сменат европската перцепција за Бугарија како огромно легло на корупцијата.
Македонија беше оставена настрана на овие избори. Ниту овдешната јавност се интересираше нешто посебно за изборот на претседател ниту кандидатите особено ги споменуваа односите со Македонија. Најинтересната епизода беше за време на една ТВ-дебата кога Росен Плевенлиев од публиката беше запрашан да го каже името на претседателот на Македонија. Тој не го знаеше.
|
|
Статијата е прочитана 2308 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Fredi Kruger, 01.11.2011 01:03:00 | Најинтересната епизода беше за време на една ТВ-дебата кога Росен Плевенлиев од публиката беше запрашан да го каже името на претседателот на Македонија. Тој не го знаеше. Pa i ovde mnogumina ne go znaat. |
| маке, 01.11.2011 01:11:59 | Гледаме многу биле репресирани Македонците во Бугарија:) И како што велат нашите србомани многу не мразат Бугарите, штом сами си го избрале Македонец за претседател. |
| BgMak, 01.11.2011 06:29:46 | Еден мал пример, за да дознаете како работеше Плевнениев како Mинистер за изградба. Ако по 31 години членство во ЕУ Атина има 50 км метро за 5,5 милиони становници, то на 1 Jули 2012, по 5 години членство, Софија отвора од 17-тиот до 32-риот километар од метрото, притоа само на 1,3 милиони становници |
| pameten, 01.11.2011 07:52:41 | Plevneliev e Makedonec, no vo Bugarija ovo ne znach nebugarin. So vekovi Sloveniziranoto naselenije na Makedonija se narekuvele Bugari. Tie koi shto se pripoile kon Bugarija ili bile proterani vo Bugarija ostanale Bugari. Tie nadvor evuluirale vo poseben narod. Bugarija prva prizna Makedonija veruvajki deka Makedonija kje i bide bratska drzhava. Koga taa sfati deka Makedoncite ne si gi sakat Bugarskite koreni taa izgubi interes. No bidejki tretina od naselenieto na Bugarija so Makedonski koreni, taa nema da se odkazhe od Bugarskata istorija vo Makedonija. |
| посматрач, 01.11.2011 08:47:40 | И сега погрешно е што владеачката партија освои и претсдателско место? Сега ќе ги освои и локалните и значи ли тоа апсолутна власт? Или демократска волја на граждани кои избраа кого сакат |
| do pameten, 01.11.2011 11:06:57 | Sekako bi sakal da glumis pameten,no toa kaj nas ne ti pominuva! Vikas:so vekovi Sloveniziranoto naselenie na Makedonija se narekuvale Bugari.Bi trebelo da kazes deka tatarskoto pleme koe doslo na Balkanot daleku po Slovenite, se SLOVENIZIRALE i deneska uzivaat da kazat deka se Sloveni.Toa sto pod teror na edna ili druga nadvresna sila,sme bile pokoruvani, pa ednas Srbi, drugpat Bugari, SAMO na papir, no ne i vo dusha i nikogas kolaboratori so pojakite sili so koi slaviziranite Bugari se lepat redovno . Toa sto ovie Novi Sloveni, nemale nikogas niti Car niti nekoja povazna vodecka licnost od nivno poteklo, toa e poznata rabota.I deneska ,pak ke moraat da biraat Makedonci sto ke gi rakovodat kako i dosega! A toa sto ke imaat sekogs romanticni pretenzii kon nas Makedoncite i teritorijata,ke go smetam kako kompliment, no i vecen teror, se dodeka ne se pomirat so vistinata deka sme Makedonci od R. Makedonija, so poseben jazik kutura,sto go zabelezal uste nekogas i Evlija Celebija. |
| mene, 01.11.2011 16:05:25 | E, barem edin makedonec od bugarija, u6te neosvesten, videhme vo vladata - bash pretsedatelot. misli se za poitikata na bugarija kon makedonija, no vo prashane e koga ke se prebroi makedonija, da se vidi etni4kata vistina..dosta so gledaneto kolku makedonci vo srbija, grcija, bugarija i albanija..kolku sa makedoncite vo makedonija, kolku begat...? |
| Jaz, 01.11.2011 17:10:11 | Tatarite doagat vo evropa vo 13 vek, nemoj se lutite koga nekoj profesor ve nareche nepismeni. Takvi kako ovoj nad mene poima nemat od istorija. |
| nacional-patriot, 01.11.2011 18:19:47 | Pred 19 vek bugarski etnicki identitet ne postoel.Zatoa pisuvanja od tipot deka mnogu vekovi Makedoncite bile Bugari se maloumni pisuvanja.Sto se odnesuva do izborot na pretsedatel tamu,za Makedonija e seedno,bidejki koj i da pobedese tamu,isto ke se odnesuvase kako i poranesnite pretsedateli vo Sofija. |
| VOISLAV, 01.11.2011 23:09:42 | Jas sega sum kompletno zbunet covekov za koga pisuvate VIKATE DEKA JE RODEN VO GRAD *GOCE DELCEV *VO BUGARIJA a NIKOLCO I PASKO mu gradat SPOMENIK i velat deka *GOCE DELCEV *bil makedonac i makedonski revolucioner pa sega bi sakal da bidam iskren sprema moite VNUCI-UNUCI i sto kako dedo da im objasnim vo makedonija BUGARITE IM GRADAT SPOMENICI U SKOPJE NA NIVNITE BUGARI ili MAKEDONCITE gradat GRADOVI U BUGARIJA NA MAKEDONCI ILI SITE SE ISTI STO ZIVEAT U BUGARIJA I MAKEDONIJA POLA SE SLAVJANI A POLA GRCI i bi bilo podobro da prestanat da kradat ISTORIJA sto im pripaga na SLAVIZIRANITE GRCI ili na HELINIZIRANITE SLOVENI.BLAGODARAM. |
| VP, 01.11.2011 23:50:08 | Во текстот има некои неточности -
Во дебатите Плевнелиев воопшто не отстапуваше ниту на Калфин (таланлив интригант) ниту на Меглена Кунева.
И не е за верување еден толку успешен бизнисмен да е наивен, а и дали е можно еден благоевградчанин да не знае кој е претседател на Македонија... - но дури и да не знае - што од тоа - чудо големо!
Се разбира - не е изненадување дека бугарско-македонските односи не присуствуваа во дебатата - во Бугарија тие не се гледаат како проблем...
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 13°C
|
Среда
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
|