03.08.2012, 16:11 СДСМ манипулира и врши притисок, струјата меѓу најевтините во ЈИЕ
РКЕ во целост ги отфрла обвинувањата на СДСМ и за овој политички притисок ќе се обрати до релевантните меѓународни тела од областа на енергетиката
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија енергично и во целост ги отфрла обвинувањата на СДСМ во однос на цената на струјата и потенцира дека во својата работа се раководи од Законот, меѓународните правила и обврски и од водење сметка за најдобрите интереси на Република Македонија.
- Нашите одлуки обезбедуваат почитување на Европските директиви и на намалување на вкупните трошоци во Републиката, што е битно за економијата. И со овие одлуки со кои ги прифаќаме обврските преземени со меѓународни акти, Република Македонија има повторно втора најниска цена на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа и е една од ретките држави во кои постои евтина тарифа, стои во денешното соопштение од РКЕ.
РКЕ за овој политички притисок кој го врши СДСМ, стои во соопштението, ќе се обрати до релевантните меѓународни тела од областа на енергетиката.
- Република Македонија е единствена земја во регионот во која што постоеше евтина тарифа во текот на денот. Единствено во Република Македонија се до 31 јули 2012 година се применуваше евтина тарифа во текот на денот. Во сите држави кои што произлегоа од поранешна Југославија, евтината тарифа во текот на денот е укината, а во некои од нив (Србија и Хрватска) е укината и во недела. Сите овие земји го сторија тоа заради намалување на вкупните трошоци на своите електроенергетски системи, се појаснува во соопштението од РКЕ.
Комисијата уште еднаш потенцира дека цената на електрична енергија за домаќинствата во Република Македонија е речиси најниска во регионот, како и во Европа. Словенија, Грција, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Бугарија и Црна Гора имаат поскапа струја од Македонија.
Како пример за времетраењето на евтината тарифа во земјите од поранешна Југославија се посочени Србија, Хрватска, Грција и Бугарија каде што воопшто нема евтина тарифа, додека Македонија и Црна Гора имаат во недела.
РКЕ своите одлуки ги образложува со потпишување на Договорот за основање енергетска заедница, како и обврските што произлегуваат од Законот за енергетика, врз основа на кои Комисијата е должна да ги донесе сите подзаконски акти кои се битни за натамошната целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, а особено да реализира тарифна реформа. Од овие причини, се посочува, Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули оваа година донесе методологија за пресметка на цените на пресметковните елементи по кои производителот на електрична енергија ја испорачува на снабдувачот на електрична енергија за тарифни потрошувачи и снабдувачот во краен случај со електрична енергија, тарифни системи за пренос на електрична енергија, за нејзина дистрибуција, како и Правилник за цени за снабдувачот во краен случај, потоа се донесени и тарифни системи за изменување и дополнување на тарифен систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи и за изменување и дополнување на тарифен систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје.
Единствена причина за укинувањето на евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 16 секој ден, освен недела, подвлекува РКЕ, е да се намалат трошоците за увоз на електрична енергија. Во Република Македонија електричната енергија се увезува во текот на денот по цена која што е повисока за 50 проценти од ноќната енергија. Од друга страна, АД ЕЛЕМ располага со вишоци на електрична енергија во ноќните часови, кои што доколку не се преземат од потрошувачите создаваат дополнителни трошоци на АД ЕЛЕМ од 8 до 10 проценти, заради потиснување на термоелектраните Битола и Осломеј. Со оваа мерка, се вели, се испраќа сигнал до потрошувачите на електрична енергија дел од својата потрошувачка на електрична енергија во текот на денот да ја префрлат во ноќните часови, по 22 часот. На овој начин, укажуваат, ќе се намалат трошоците за увоз на електрична енергија во дневниот период и до максимум ќе се искористат домашните производни капацитети, со намалени трошоци од 8 до 10 проценти, поради што ќе се намали и цената на електрична енергија на крајните потрошувачи, вклучувајќи ги домаќинства.
Во периодот од септември 2009 година до јуни 2011 година, со финансиска поддршка на Европската Комисија, РКЕ реализираше проект за институционално зајакнување, кој што беше во на��голем дел фокусиран на тарифните реформи во електроенергетскиот сектор. Една од најбитните препораки на реномираните меѓународни консултанти, се подвлекува во соопштението, беше укинување на евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 16 часот за секој ден поради непотребно создавање дополнителни трошоци кои што ја зголемуваат цената на електрична енергија. |
|
Статијата е прочитана 1433 пати.
|
Испрати коментар
|
|
recenzent, 03.08.2012 16:30:04 | Колку глупо објаснување , исто (или бетер) било и во други земји а СДСМ го приватизирал ЕСМ пред избори !!
1.СДСМ потоа падна од власт !! Така ли се осеќа и ВМРО-ДПМНЕ ?
2.Што ми е гајле за другите земји, за таа одлука во тие земји некој сноси одговорност. Кај нас сноси одговорност нашата влада.
3.За споменици сеуште има пари, а ? Не самите споменици туку нивниот огромен број е најглупото нешто што владата го прави, престанете веднаш или ќе немате ич гласачи, веќе е стварно доста !!
4.Глупото објаснување го дале во врска со струјата. А за парното ? Камо објаснување ? Некој добил “муфте“ акции во Топлификација А.Д. ??
5.Вие Курир, морате да дадете простор на вашата веб страна да може да се коментира. Или пак објавувајте ги овие работи на ФБ, наместо најтазе вестите за Ким Кардашијан. |
| Ната, 03.08.2012 17:03:54 | Исто така имаме и најниски плати дури и со лажната просечна плата. |
| Трпе, 03.08.2012 17:24:30 | Заклучокот треба да биде дека во РМ има најспособна и најпаметна влада и избрани функционери од владата а народот е за никаде.Затоа овој нарот треба да се приспособи дење да спие кога владата работи а тој трета смена ноќе да работи ако сака да заштеди некој денар.Во текстот треба да биде дадена и табела како во другите земји се движи цената на електричната енергија.Дали се плака и ангажирана моќност од 33%.Не треба да се изостави дека во другите земји имат и гас па домакинствата за готвење и греење го користат овој енергенс.Ние немаме енергетски капацитети ,мора да увезуваме струја а имаме доста барок и бронза. |
| george mitev, 03.08.2012 17:58:01 | po 20 set godini nemozhat daja izbrishat petokrakata oshte li nemat ni stram kako vo pshaportite pa vie nemate stram. |
| D.V., 03.08.2012 18:18:59 | Ovo objasnuvanje mi lici kako koga deteto ke ni dojde od skolo i ke ni kaze deka dobilo 3ka po matematika, ama Petre dobil 2ka... Nas ne ne interesira dali nekoja druga zemja ima poskapâ struja od nas! Nam ni e mnogu vazno, sto nie ne mozeme da si ja platime niti strujata niti vodata, niti telefonot, a ne ke imame niti za hrana do krajot na esec...Se razbira, ako sme voopsto vo raboten odnos i ako mozeme da ocekuvame plata.. |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 03.08.2012 19:07:32 | Која Регулаторна комисија? Какви применувања на Европски директиви? Нас ни диригира некој однадвор и како ученичинаќе си слушаме. Ами платите и пензиите во Европа се мизерни како нашите? Да не е просекот како вашата плата полтрони едни?Немате никаква методологија , ни стратегија ни тарифен систем но сето е по наредба. Вие не знаете да мислите со свои глави, друг мисли за вас. А зошто не кажувате дека во Србија има 3 - ТРИ категории на цени? Или не ви одговара?Ајде направете ги сите бенефиции што ги даваат во Србија и формирајте ја цената. Волови. |
| anti-patriot, 03.08.2012 19:37:33 | po debilno objasnuvanje ne sum procital vo zivotot.
vakva igra so standardot i zivotot na graganite i toa so tolkava lesnotija napraveno ne sum cul deka imalo vo bilo koja zemja,ne li e vreme gragastvoto da gi zema rabotite vo svoi race,sto poskoro toa podobro,kakva regulatorrna komisija ,kakvo evn,kakva vlada,zar taka lesno tie da manipuliraat so nasite zivoti,javno baram podrska od graganite za manifestacija na graganska neposlusnot,protest i pa makar i nasilno menuvanje na odlukata na taa regulatorna komisija,narode ke bvide prewkasno ako se ceka |
| zvonko, 03.08.2012 20:00:08 | zalno kakvo objasnuvanje davate gospodo, samo za struja li ke raboti ovoj narod? evtinata tarifa pretezno ja kuristea penzionerite i so toa dokazavte zaedno so vladat vo skopje kolku vi e zal za taa grupa. kako vikaat starite se se vraka se se plaka taka ke vi se vrati na najbliskite i tie ke ve kolnat dovolno ke bidat a za toa kolku ke ve glasame tesko sega nie stradame ama utre vie gospodo regulatori i vlastodrsci od ilindeska |
| Весна.С. од Прилеп, 03.08.2012 20:54:12 | Дали некој од новинарите ја праша регулативната комисија колку проценти на невработени има во земјите на ЕУ ,колку е платата на тие што работат а колку изнесува во Македонија.Се разбира дека не.Дали побаравте коментар и одговор на овие прашања од Грујо или тој до Септември нема намера да коментира освен да држи говори?сдсм ги изгуби изборите поради тоа и осиромашувањето на населението со нивната трнзиција и затоа требаше во оваа држава да им се суди , а не постојано да ги потсетуваат дека тие биле виновни .Во Македонија во која се колнат сите и оние од сдсм и овие на власт не заслужуваат да го водат овој народ.БОЈКОТ НА БИЛО КОИ ИЗБОР ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖАТ...А ПОЧЕТОК ,А ПОТОА МОЖАТ И ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ. |
| Luda rabota, 03.08.2012 21:43:56 | Normalni li se ovie, pa gragjanite postojat zaradi ELEM ili ELEM postoi zaradi gragjanite? Sto treba, lugjeto da se great dodeka spijat ili da ne spijat i da gotvat, peglaat, cistat... za da ELEM nema problemi so visokot struja? So koja Grcija, so koja Hrvatska, so koja Slovenija se sporeduvate gospodo regulatori? Vo koj parametar sme isti so niv, pa da bideme vo cenite na strujata? Ako vi e tolku vo red potegot sto kutevte za ukinuvanjeto na eftinata tarifa na pres konferencijata na koja gi obelodenivte povisokite ceni? I ne kazavte vo koja zemja i na koja planeta se plaka usluga sto ne se koristi? |
| Branko e kriv!, 03.08.2012 22:09:12 | Abe Branko da ti bil kriv! Tuuu kako ne mi tekna. |
| Зоки, 03.08.2012 23:31:02 | Господо од Регулаторна комисија а што ќе кажете за 33% за ангажирана моќ што го плаќаме дали постои ваков додаток во некоја друга земја? Одговорот бидејќи неможат и не сакаат да го дадат е НЕ нема нигде таков арач. Еј македонци исцедени од современиот капитализам, замислите Регулаторна има према законот задача да ги штити интересите на потрошувачите!!!! |
| tolku gluposti, 04.08.2012 00:35:21 | tolku gluposti vo eden tekst ne sum procital dooooooolgo vreme ona na pocetokot kade sto pise deka vodele smetka za najdobrite interesi na RM najarno ke bilo da go smenat vo najdobrite finansiski interesi na evn i site sto dobivaat nesto od evn |
| Alban Jakupi, 04.08.2012 02:18:47 | -Dali mediumite vo ovie momenti treba da bidat po glasni?
-SDSM e samo politicka partija nisto poveke i sama nisto da moze da napravi, bez podrskata od mediumite nisto nema da moze vo revidranjeto na ova odluka na regulatornata komisija,no vo toj moment koga i mediumite aktivno ke se vklucaat vo ova borba, ke go nadglsuvat revovltot na domakistvata za novata cena na strujata, deka za graganite ovaa cena e neprifatliva,togas drugo ke se prifaka ovaa vest kaj Vlasta,bidejki ovde sega doaga u predvid voopsto egzistencijata na sekoe domakinstvo, bidejki imame enormno rastenje na cenite vo bukfalno vo sekoja oblast pocnuvajki od prehrambenata pa do tekstilnata,Vllasta treba da bide malku povise kritikuvana,so edna zednicka cel da gi poprava greskite, bidejki cenam deka tokmu zatoa se i mediumite ponekogas znaat odlicno da go igraad ulogata na Korrektor na Politikite na Vllasta a sega bas e vreme za toa.Pozdrav do Utrinski |
| Ivo, 04.08.2012 07:17:56 | Lazat!!! Vo Bugarija ima evrina tarifa preku nok. Inaku spored mene e pravilno da nema evtina struja preku den. Nekako mi mirisa na komunizam koga bi imalo evtina struja preku den a pak e i malku diskriminiracki. Na primer jas i zena mi rabotime do 6 casot navecer kako i poveketo semejstva vo Makedoniija. Nie nemame nikakvo fajde od toa sto preku den ima evtina tarifa. Za mene najrealno e da ima opredeleni kilovati na pretplatnik na poniska cena i posle trosenjeto na tie da se plaka normalna tarifa. Taka site po nekakov nacin ednakvo ke videme air od evtina tarifa. A sega koj ne e doma da si pusta peralni i bojleri i pecka mu e seedno. Znaci sum za evtina tarifa no da se razpredeluva ramnomerno inace nekoj ima nekoj ne. Pozdrav |
| [email protected], 04.08.2012 08:04:09 | KOGA IM ODGOVARA TAKA BILO ONAKA BILO VO EVROPA EEEEJ ZNAETE KOLKU E EVROPA DALEKU OD NAS MISLETE NA NARODOT STAVETE EDNA TARIFA ZA SITE VO EVROPA IMA LI INDUSTRISKA STRUJA 33.33 ANG.MOKNOST NEZNAM -PRASUVAM KOLKU PLATA TAMU ZEMAAT |
| Chainsaw, 04.08.2012 08:44:43 | Ne znam kako ne im e jasno na lugjevo deka toj troshok na ovoj ili onoj nachin ke se pokrie od nashi pari, odnonso od nashi danoci legnati vo budzetot nezavisno od tarifata. ESM kako privatna kompanija sigurno nema od svojot budzet da gi pokriva nashite dolgovi...mislam ponormalno amin. Taka da vo kraen sluchaj barem od moi pari nema da se plakaat troshocite za taa subvencionirana eftina tarifa (od vekot) od 13 do 16 chasot koja nikogash ne sum ni imal shansa da ja upotrebam.
A toa shto na nekoi ne im e gajle kako e vo drugi drzavi, taka mozeme da se odnesuvame samo vo neglobaliziran svet kade shto ekonomiite se kompletno nezavisni edna od druga i samoodrzlivi. Bidete malku realni od drvata shumata ne mozete da ja vidite. |
| Prosecen graganin, 04.08.2012 09:19:36 | Република Македонија има повторно втора најниска цена на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа и е една од ретките држави во кои постои евтина тарифа
Срамота, зарем се објавува вакво нешто, кога Македонија е ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА , НЕ ВО РЕГИОНОТ ТУКУ ВО ЦЕЛА ЕВРОПА СО:
1.Н��ЈГОЛЕМА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ
2. ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА ВО ЦЕЛА ЕВРОПА СО НАЈНИСКИ ПЛАТИ
3. ЕДИНСТВЕНА ЗЕМЈА СО НАЈЗНИЗОК СТАНДАРД -читај НАЈГОЛЕМА СИРОМАШТИЈА
VIP:НЕ ЈА ПОТЦЕНУВАЈТЕ ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НА ЛУГЕТО КОИ ЖИВЕАТ ВО ОВАА ЗЕМЈА |
| murto, 04.08.2012 14:14:16 | Јасно е како ден дека оваа идиотска регулаторна комисија работи по директива на владата.Математиката е јасна,поголеми сметки,поголемо ДДВ = пополнување на минусот во буџетот.Ако оваа комисија на неранимајковци е независна тогаш и папата е православен.По хоштаплерско водење на држава немам видено за овие дваесет години.СДСМ не беа цвеќки за мирисање ама овие се изроди невидени.Плукаат по комуњарите , а покомуњарско владеење амин.Трагично е само што уште има проста маса што ги подржува. |
| правник, 04.08.2012 16:38:17 | Господата од регулаторна комисија ниту еднаш досега не дадоа објаснување зошто и по кои законски прописи се наплаќа 33,33% ангажирана можност и дали со ова дополнително оптоварување на сметките повторно имаме втора најевтина струја во регионот??? Дали парламентот како надлежен, има некогаш донесено одлука за ова “јавна давачка“ од цели 33,33%. Друго што треба да објаснат регулаторите КОЈ? ги зема парите од ангажираната моќност, ЕВН или МЕПСО?? Се додека не се даде вистинито образложение постои сомнеж дека некој врши грабеж врз македонските граѓани. На ова добредојден е одговор и од вицепремиерот Пешевски. |
| Kojco, 04.08.2012 18:19:06 | Tuka citam se zboruva poveke za Srbija, Bugarija, Hrvatska odkolku za nasata struja vo Makedonija.
DAVAM 1,000,000 EVRA koj ke mi objasni deka struja kaj nas e poevtina od onaa vo BUGARIJA!
Znam mnogu ubavo za Bugarija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|