Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
28.06.2012, 17:55

Анкета - Во Кисела Вода летоци против Тодор Александров

Поставувањето на споменикот предизвика дискусии за неговата историска, архитектонска и естетска димензија

Бојан Шашевски


Набрзо откако Советот на Град Скопје реши со името на Тодор Александров да именува улица во општина Центар како и мост во општина Аеродром, оваа контроверзна историска личност доби и своја петметарска бронзена скулптура. Општина Кисела Вода на местото „Чешма“ постави спомен-обележје. Новиот споменик иако официјално означен како „Македонски војвода на коњ“, а не како Тодор Александров, сепак, ја изиритира јавноста, дигна прашина и разви едно чудо дискусии со историска, архитектонска и естетска димензија.

Голем број реакции и различни мислења пристигнаа токму од жителите на Кисела Вода. Дел од тамошните граѓани го одобруваат новиот споменик без посебен коментар, сметајќи дека треба да се поздрави секаква градба. Некои негодуваат за личноста на скулптурата, други укажуваат на несоодветната локација на која е поставено спомен-обележјето, а има и такви кои револтот кон војводата на коњ го искажаа преку флаери. Вчера флаери со наслов „Тодор Александров - Од крвник до револуционер“ буквално ја преплавија Кисела Вода. Во нив стои дека најголемиот крвник на македонскиот народ владејачката ВМРО го прогласила за војвода.

„Тодор Александров е бугарски окупатор, кој го повлече својот потпис од ’Мајскиот манифест’, со што ја предаде Македонија! За време на Септемвриското востание во 1923 година од ВМРО на чело со Александров биле убиени голем број Македонци. Тодор Александров е лично одговорен за смртта на Ѓорче Петров и Димо Хаџи Димов“, пишува на флаерот до сликата со коњаникот, наведувајќи дека Александров во 1903 година е уапсен од турските власти, а по 13 месеци е ослободен благодарение на амнестијата издејствувана од бугарската влада.

Интензивна дискусија околу скулптурата на Александров деновиве се разви и во Советот на Општина Кисела Вода. Опозицијата обвини дека градоначалникот треба да понесе одговорност за поставување споменик на контроверзна историска личност.

„Неприфативо е Општината да не знае каков споменик планира да постави Министерството за култура и да се правда дека знаеле само за извесен војвода, но не и за Александров“, сметаат советниците на СДСМ.

Градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, вели дека до последен момент не знаел како ќе изгледа војводата на коњ, зашто макетата која ја видел била обезличена и не му изгледала како Тодор Александров. „Одлуката за изгледот на војводата е на авторот Миле Брцески и на централната власт. Мојата Општина беше хендикепирана да има безимен војвода, што не беше случај со останатите општини“, смета Ѓорчев.

Инаку, бронзената петметарската скулптура се лееше во српската леарница „Јеремиќ“. За споменикот Министерството за култура издвои 21 милиони денари.

Пред околу пет години во Велес беше подигната првата биста со ликот на Тодор Александров и тоа во двор од приватна куќа. Иако многу помала од споменикот во Кисела Вода, бистата беше урната за само неколку дена.




Статијата е прочитана 1650 пати.

Испрати коментар



Полемика - Улогата на Грција е маргинална, решаваат САД. Со прашањето за идентитетот се манипулира јавноста
Политика, и се' е можно! Црвенковски му го зеде менторот на Груевски
МПЦ се засили со двајца епископи
Македонија чека влада со волја во Грција
Канал 5 ќе се жали на казната
Интервју - По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок



mene, 29.06.2012 07:41:04
urnete go toj bugarin
lale, 29.06.2012 08:39:30
samo zamislete kolku korisni raboti mozele da se napravat so tie pari.dosta e od spomenici.se utepavte od kradenje.
ммкм, 29.06.2012 12:49:52
Каква демагогија.Градоначалникот не знаел за кој војвода станува збор.Прво,овој бугарофилски македонец -крвник воопшто не бил војвода туку Кољач на македонски револуционери.Второ ,како градоначалникот дозволил министерството да ја има главната улога во поставување обележја на негова територија.Ако е така каде е автономноста на општината и кој сега ке се крие позади војводата Владата или Општибата.Трето нека не лаже Марјан Горчев кога го предаваше мандатот неговиот наследник именуван од владата сеуште стоеше сликата на Тодотр Александров во неговиот кабинет направена во негово време.
vapski, 29.06.2012 15:53:30
todor aleksandrov i site spomenici napraveni se peralna na pari od nevideni razmeri... ke rgjosaat, ke bidat premesteni, odstraneti, ke dojde den,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Состојбата во нашата кинематографија е таква што ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели режисерот и сце...
(ИНТЕРВЈУ) По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок
„Македонија има проблем со економската стратегија“, оценува Алберт Маес, претседател на Европскиот центар за мир и разво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |