06.12.2012, 15:58 Тачи ќе се повлече пред Харадинај
Приштина – Косовскиот премиер Хашим Тачи по завршувањето на политичкиот дијалог на високо ниво со Белград, кој започна неодамна, заминува од премиерската функција, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“. Според весникот, по завршувањето на дијалогот, се очекува рокада, со која Тачи заминува на функцијата шеф на државата, а на негово место доаѓа Хамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово.
Домашни и меѓународни извори изјавиле за весникот дека постои план меѓу Демократската партија на Тачи и Алијансата за иднината на Косово на Харадинај за долгорочна владина соработка, со која се предвидува Харадинај да го замени Тачи на премиерската функција. Веднаш по ослободувањето од Хаг, Харадинај ја изрази својата подготвеност да стане прв човек на косовската влада.
|