Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
03.01.2013, 16:51

Различни верзии за трагедијата во Кисела Вода

Дали Кирил Ристески е виновен за смртта на двете девојки?

Двојното убиство и самоубиство, коешто се случи во пресрет на Новата година во скопската населба Кисела Вода, и натаму предизвикува шок не само во семејствата на овие тројца млади луѓе, туку и во пошироката јавност. Истрагата за овој трагичен случај и натаму останува отворена. Скопската полиција се' уште работи на утврдување на мотивот за овој стравотен настан и барем засега не се откриваат нови моменти кои би фрлиле нова светлина на овој случај.

„Полицијата го соопшти она што досега беше обезбедено како сознание, но доколку се дојде до нови сознанија во истрагата, тие дополнително ќе бидат презентирани“, велат од МВР. Оттаму потврдуваат дека се работи на утврдување на мотивот за убиство на 27-годишните Виолета Талевска и Марта Перин и самоубиството на Кирил Ристески.

Како што стојат сега работите, мотив за убиствата на девојките треба да се бара исклучиво во недоразбирањата што ги имал Ристески во односите со нив, односно дали тој требало да остане со свршеницата или, пак, со девојката со која се забавувал подолго време.

Извори од Институтот за судска медицина во Скопје велат дека биле присутни на местото на трагедијата, учествувале во увидот и била извршена обдукција врз телата на починатите. Оттаму ги демантираат шпекулациите што се појавија во медиумите дека една од девојките била бремена. Направените анализи покажале спротивно.

Покрај официјалната верзија на настанот, којашто ја соопшти полицијата, во јавноста се поставува дилемата дали 34-годишниот Кирил Ристески навистина посегнал по животот на двете девојки, или се случувала некоја поинаква драма во љубовниот триаголник.

Дали во една од девојките стрелал Ристески, додека другата сама си го одзела животот, ќе треба да утврди истрагата, која има сигурни сознанија дека крај безживотното тело на момчето кое беше пронајдено во дворот на Основното училиште „Круме Кепески“ лежел и неговиот пиштол „валтер“ со кој си пукал в глава.

„За нас случајот е чист, што значи дека се' што беше соопштено досега е и единствена опција, но доколку постојат некакви други можности, тие ќе треба да се докажуваат со ДНК-анализи“, вели професор Здравко Чакар од Институтот за судска медицина.

Според полициските сознанија што беа соопштени, Ристески во неделата со својот автомобил „опел астра“ ја донел Перин пред зградата во Кисела Вода, по што ја усмртил. Се качил дома и веднаш ја застрелал и Талевска. Неговата баба слушнала истрел, повикала полиција, Ристески излегол надвор. Неколку часа подоцна, неговото тело беше пронајдено во дворот на ОУ „Круме Кепески“ стотина метри подалеку од семејниот дом. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 9289 пати.


Испрати коментар






Кадавер, 04.01.2013 09:21:55
важно пиштолот е со дозвола, тоа многу не утеши...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |