03.01.2013, 17:09 Бојкотот не води никаде
Евентуално неучество на опозицијата на локалните избори ги става во деликатна ситуација и партијата и политичкиот развој на државата
Наум Котевски
Бојкот на изборите - добра или лоша замисла? Оваа дилема не е ништо ново, но е повторно актуелна откако опозицијата, барем засега, цврсто стои на ставот дека доколку не се направат измени во Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и не се засили мониторингот, нема да учествува на локалните избори во март. Вчера градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Александар Петрески, рече дека ако опозицијата не учествува на изборите, тогаш тие нема да се одржат.
„Како може ВМРО-ДПМНЕ сами да организираат избори и само тие да учествуваат во нив. Тоа е невозможно“, изјави Петрески.
Евентуалниот бојкот на наредните локални избори нема да биде преседан во политичкиот живот на Македонија. Како што и' е познато на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше вториот круг од парламентарните избори во 1994 година, а социјалдемократите сами се прошетаа низ изборните коридори до одаите на власта.
Добрите познавачи велат дека да се идеализира бојкотот како политичко средство е наполно погрешно. Голем број земји, напоменуваат тие, се тепаа за демократија, ама не се бојкотирале избори. Не може во земја како што е нашата да чекате на добри услови. За нив треба да се изборите. Ако не сте доминантна сила, а бојкотирате, додаваат тие, тогаш сте уште помала сила и, притоа, се ставате во деликатна ситуација и себе како партија и комплетната јавност.
Сепак, не забораваат да кажат и дека сите оние што мислат дека изборните услови не се битни и нив ги релативизираат, практично, им даваат демократски легитимитет на недемократските владејачки структури.
Според универзитетската професорка Гордана Силјановска, чија специјалност, меѓу другото, се политичкиот систем и локалната самоуправа, секаде во светот за локални избори партиската припадност се релативизира и локалните проблеми стануваат поочигледни.
„Бојкотот не е добра опција. Локалните избори се своевиден лакмус за односот на граѓаните кон власта. Ако во некои општини се смени политичката слика, тоа може да биде видлив знак дека нешто не е в ред со државата и општеството. Во таква ситуација опозицијата ќе може да и' порача на власта дека го губи своето тежиште“, вели Силјановска.
За неа локалните избори се демократски тест што го отвора просторот за демократски притисок врз власта.
„Евентуалната таква одлука ќе и' донесе штета и на самата партија затоа што има општини со кои раководи опозицијата. На тој начин ќе бидат разочарани граѓаните што и' го дале својот глас. Граѓаните и сега не се прашани за опцијата бојкот, иако градоначалниците и советниците се таму каде што се токму поради нив“, смета Силјановска, која на некој начин е изненадена од идејата за бојкот, бидејќи се очекувало во март опозицијата да ги круниса плодовите на својот труд во изминатиов период.
Професорот Денко Малески нагласува дека болните балкански демократии произведуваат ситуации кои здравите европски демократии ги толерираат, иако таквото поведение кај нив би било незамисливо. Според него, незамисливо би било од парламентите на западните демократии да се исфрли опозицијата со помош на полициските сили, а уште понезамисливо би било никој да не бара ниту да даде извинување и оставка.
„Да се бара само тоа се смета за премалку од страна на опозицијата, да се прифати тоа се смета за премногу од страна на власта. Значи, политичките пресметки кај нас се секогаш на се' или ништо. Опозицијата сака целосно да ја порази власта, а власта сака да ја уништи опозицијата“, вели Малески.
Според него, доколку со бојкотирањето целта на опозицијата е да ја шокира меѓународната јавност и да предизвика „странска интервенција“, можно е дека ги чека изненадување. Изненадување наречено - молк. „Конечно, примерите со нефункционалните демократии во Албанија, Србија, Босна или Косово речито кажуваат дека западните земји се помириле со фактот дека демократијата кај нас е долг историски процес. Значи, ако надвладее овој став и ако Америка и ЕУ не' остават и натаму да се вариме во својот сос, оваа криза може да потрае уште долго. Додека не се научиме на демократско поведение“, разочарано констатира Малевски.
Можеби е нужна ваква радикална позиција, бојкот на изборите, вели Малески, за двете страни да се најдат некаде на средина - из��инување, одговорност, оставки... Зашто, некакви избори, некогаш, сепак, ќе мора да се организираат.
Опозицијата и лани пред предвремените парламентарни избори се закани со бојкот доколку не се исполнат условите што таа ги постави. Тогаш претседателот на НСДП, Тито Петковски, во интервју за „Утрински весник“ рече дека „зад нас имаме 20 години парламентарна демократија и се надевам на повеќе искуство и повисока политичка култура за да не и' наштетиме на сопствената држава, независно кој е во право во овој момент. Бојкотот, по правило, значи дека се исцрпени сите демократски средства за компромис по едно политичко прашање. Не мислам дека стасавме дотаму за да не се договориме за најважното политичко прашање, за изборите“, рече тогаш Петковски. |
Статијата е прочитана 4269 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 04.01.2013 00:17:10 | I so opozicija i bez opozicija, situacijava kakva sto e, ne vodi nikade.Potrebni se golemi i temelni promeni, bez razlika koj ke gi zapocne.Ovie definitivno ne veruvam deka mislat nesto da promenat. Oni se preokupirani so planot *bezanija*vo slucaj da im se iskompliciraat planovite, a opozicijata se uste kako da ne e svesna sto se slucuva, pa dosta naivno nastapuvaat, a i pravat nekoj pocetnicki greski. Inaku situacijata ni e tolku losa, sto veke nisto ne zavisi od nas.Zavisi od nadvor, no pocnuva da zavisi i od komsiite sto ke resat ili dogovorat megu sebe, no i so pogolemite igraci.Ovie veke poima nemaat sto se slucuva, bas gi briga koj i sto ke resi za nas, si gledaat uste malku maximalno da zgrapcat i najverojatno da begaat.Toa nekako e najverojatnoto scenarijo.Ne za dzabe Nikolic se nudi da posreduva(a ne e clen na EU), cisto da ni stavat do znaenje deka veke nisto nema da zavisi od ovde i od ovie.Ovie samo ke izvrsuvaat, potpisuvaat, kradat, i ako imaat sreka da pobegnat nekade. |
| Neverni Tomo, 04.01.2013 00:38:17 | I po izvesno vreme zaradi baranjeto na gragjanite, ekspertite i javnosta,opozicijata ke izleze na izbori. Kako Branko koga rece deka nema da se kandidira za pretsedatel. Sme go gledale ovoj film. |
| Sekogash so opozicijata, nikogash so vlasta!, 04.01.2013 02:17:55 | DPMNE 94. gi napushti izborite po prviot krug, a toa zakonot ne go ovozmozuva. Medjutoa, toa ne znachi deka SDSM, kako vlast i organizator na tie izbori, ne trebashe da reagira. Vo najmala raka, trebashe da sprovede novi izbori vo rok od godina dena. No tie toa ne go storija, pa na ovie neodgovornite (zlobnite dechki) od segashnata dpmne-vska vlast, im dojde kako kec na desetka, vistinska poslastica i ich oko nema da im trepne da si sami odat na izbori (*a oni*). Zatoa SDSM mora da izlegne, normalno pod baranite uslovi, koi vlasta ke mora da gi prifati. Plus, vo start imaat barem 5 znachajni fiksa. Za razlika od lokalnite izbori, vracanjeto vo parlamentot e nevozmozna misija, pa i sekoja pomisla na toa e nadvor od pametta. E zatoa neka mu ja misli vlasta, koja ne misleshe koga trebashe da misli. Za toa ke bidat prinudeni da im *treperat ochite*, i toa kako? Posebno ako zagubat na lokalnite izbori. |
| Baba Zumbula, 04.01.2013 05:58:56 | Taka e Jovane,crno ni bilo pisano so ovie ili so onie,na tie sto ke ostanat vo MKD.Neverni Tomo,sme gledale nie dosta filmovi.Na primer rezirani i videni vo 1913.A sega zapocnuva po se izgleda da se reprizira istiot,po 100 godini. Evropa, hop, ke ni stavi rampa,so vizite,a SLUCAJNO vo isto vreme se poklopuvaat nekoi raboti da na *pazarot* se nudat nekoi pasosi od BG,od Albanija i skoro ke bide od severot. Strasnoto e sto ovoj pat Makedonija go nema JOSIP BROZ TITO.A golemite patrioti prerodbenici(oreljoletaci) i kafanskite vojvodi,neka si spijat samo na toa uvo,pomodreni vo gradite od patriotizam.Niv im dojavaa nivnite angeli cuvari.I so godini od usta ne go vadat BC,a drzavcevo ni puka po site savovi.Mladite si zaminuvaat one way ticket,starite mizeruvaat.Znam patriotite ke kazat,BC e kriv.E kriv e zatoa i ne e na vlast!Ami ovie?Se plasam da koga ke zavrsi reprizata od 1913 da ne bide MKD kako Palestina,ili uste poloso, izbrisana od citankite.Zatoa na izbori da se smenat nestata!!! |
| ФЕЛИКС, 04.01.2013 07:47:05 | Значи почнува притисокот за истерување на идејата за бојкот.Пораката се праќа во свилени ракавици од ,,експерти,, блиски до опозицијата.Потоа од зависност на ситуацијата викана ,,чув ама.....,,ќе се применат други мерки на притисок се до оној момент кога или ќе има послушно и кротко враќање со,,абе ќе одиме на избори,,или крајна мера катил ферман и свилен гајтан во дует како сувенири на некого во заминување. |
| pile, 04.01.2013 07:54:12 | Vo uslovi koga Vladata na familijata i Gruevski podrzjana od najgolemata albanska politicka partija, za cij lider clenstvoto vo NATO i EU na Drzjavata bese navodno sustinsko pri sekoj nastap,koga relevantni megjunarodni institucii upatuvaat ostri kritiki za demokratskite slobodi i prava vo Drzjavata,od slobodata na mediumite preku vladeenje na pravoto so selektivna primena na Zakonite (kako sto e posledniot primer so namaluvanje na plata na opozicionite pratenici),do politicki progoni na neistomislenicite,koga nikoj ne ja prevzema odgovornosta za brkanje na novinari od Sobranieto i nasilno isfrlanje na pratenici, vo uslovi koga site principi na demokratsko vladeenje vo Drzjavata se zgazeni, legitimna ako ne i edinstvena demokratska alatka na opozicijata e bojkot na rabotata kako na Sobranieto taka i na izborite.Megjunarodniot faktor nemozje sekojdnevno da Ve uci za pocituvanje na procedurite i Zakonite (od ekspresno glasanje na nad 100 Zakoni do
isfrlanje na pratenici) i Ustavot, |
| bitola, 04.01.2013 08:37:21 | gledam oktopodot pocna da tezgeri po plostadite,i najavuva novi prestavi,i jas bev eden od onie koj veruvase vo negovite lazni pesni,se do denot koga preku negoviot proekt tat ne ni naplate preskapo,zatoa vnimavajte,poarno ucete od tugi greski. |
| Ајван Доктор®, 04.01.2013 09:15:37 | Не сум сигурен дека бојкотот на изборите е најдобрата опција,особено затоа што е организиран од партија!Би го оправдал општиот бојкот организиран од самите граѓани со што би им се кажало јасно „не“и на едните (опозиција)и на другите (оние од власта)!И покрај тоа што би останала на власт постојната,ваквиот бојкот би им докажал дека немаат право да говорат од (и во)името на народот!Истото би било опомена и за опозицијата да не си умислуваат дека евентуалните добиени избори би им дале за право слободно да мешетарат низ земјава!За жал,досега и едните и другите се докажаа немоќни да ги средат состојбите во земјава заради моќта и привилегиите што ги носи освојувањето на власта,особено заради самобендисаноста и умисленоста дека се најумниот дел од народот!Опозицијата,пак,треба да излезе на избори дури и кога тие се нефер!Само така би имале право да кажат дека тие биле нечесни!Власта е веќе спремна да манипулира со давање фиктивни жителства во местата каде не смее да изгуби,особено во Скопје! |
| kole, 04.01.2013 09:37:18 | За демократски развој на државата е важно да има фер избори (и владеење на правото). Останатото, т.е. да ли СДСМ ќе учевствува на нив или не НЕ ВЛИЈАЕ НИКАКО НА РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА во Македонија. СДСМ може да реши и да почнат да штрајкуваат со глад, и што ти се не (имам и други, “посекси“ идеи,но да се воздржам) но тоа не може да влијае на развојот на демократијата. Тоа всушност ја зголемува демократичноста на Македонија. Затоа што, за разлика од претходниот систем, во демократија, секкому му е дозволено да биде ГЛУП или ПАМЕТЕН коолку што душа му сака. Да биде мрзелив или вреден, да биде крадец или поштен, да тера инает или не и слично. А, што се однесува за тоа “каде води сето ова“ - такви прашања поставуваат ликови кои посакуваат “РЕШЕНИЕ ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ“ на сите проблеми. Таков вид на решенија не се својствени за демократија. (и всушност уморните, и мрзеливите ги посакуваат - во стил - аајде, кога веќе еднаш се ќе се среди!?!) НИКОГАШ! Постојано мора да се работи! |
| Bukefal, 04.01.2013 12:19:20 | Што експерт ќе беше оваа да кажува накаде водел бојкотот? Па нели видовте што им беше сторено на опозиционерите, беа исфрлени на КЛОЦИ од собрание и што да прават, како магариња сега да се вратат назад? Некој ако мисли дека опозицијата ќе се врати во парламентот по тие збиднувања навистина мислам дека му треба упат за преглед на расудување...! А за тест демократски избори, зар могуче во македонија такви да се организираат, па на последните другарка моја од влада ме молеше да и дадам моб телефон и да ме пише во список како подржувач на оваа вашистичка власт предводена од ДРПМНЕ! СДСМ ја има мојата подршка да истрае во бојкотот, и се разбира, секој ден од 18-18:30 истата ќе ја изразиме пред РЕКОРД..! СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ..! NO PARASAN...! |
| Mila, 04.01.2013 14:39:25 | Se nadevam dekake se najde resenie inaku nie vo Strumica sme krajno razocarani i nemozeme da zamislime nekoj drug da ni ja vodi opstinata osven pocituvaniot Zaev koj celosno se vlozi vo razubavuvaneto na gradot.A i mnogu luge ke bidat izbrkani od rabota zatoa sto ne se od VMRO treba i na toa da se misli. |
| Gjorgji, 04.01.2013 14:49:15 | A da gosmenea Branko vo SDSM? Siguren sum deka togas ke im trgne. |
| wd40, 04.01.2013 16:11:41 | Професорот Денко Малески нагласува дека болните балкански демократии произведуваат ситуации кои здравите европски демократии ги толерираат, иако таквото поведение кај нив би било незамисливо. Според него, незамисливо би било од парламентите на западните демократии да се исфрли опозицијата со помош на полициските сили, а уште понезамисливо би било никој да не бара ниту да даде извинување и оставка.
A jas da go prasam JAVNO ovoj takanarecen intelektualec kade vo Evropa se tolerira toa sto go pravi Crvenkovski i JAVNO neka kaze drug nekoj politicar koj ima tolku debela koza kako CRVENKOVSKI i da ne zamine od politickata scena?????
Mi e zgadeno od vakvi intelektualci/elitisti od tipot na Maleski koi vo osnova se politicki kurtoni |
| vladedimitrievski, 04.01.2013 20:53:25 | odgovor na posledniot komentar ,ZINGO |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|