29.09.2009, 17:39 Енциклопедиски абортус - зошто токму сега?
Повод: „Утрински весник“, информации за Македонската енциклопедија, Наум Николовски, Кавадарци
Обичните граѓани, следејќи ги најновите политички бранувања во Македонија околу уште недопечатената Македонска енциклопедија, се прашуваат дали наш политички бренд, во регионот и пошироко, е создавање перманентно и дозирано една на друга афера и потиснување на енергијата од стратешките интереси, особено и секогаш кога Републиката минува низ критички периоди?
По бројните стимулирани и постигнати контроверзи и конфузија, засега првенствено на меѓуетнички и дипломатски план, се наметнува логично: зошто, токму сега, избрзано се финансира и се подготви скратено двотомно издание на енциклопедијата? Побитно од експресно признатите грешки и нивното релативизирање.
Се напушта ли практично, или се смета за неостварлив, речиси десетгодишниот проект на повеќетомната целосна македонска енциклопедија? За што повремено и резервирано од Академијата се информираше дека се работи со определени кадровски и финансиски проблеми.
Сега се најдоа одеднаш интервентни средства - Владата го спонзорираше и делумно го промовираше скратеното двотомно издание.
За враќање на довербата во научниот легитимитет на Академијата потребно е враќање кон реализацијата на базичниот проект, со корекција во составот на редакцијата и надминување на некомпетентните и националистички оптоварените кадровски решенија.
Зошто впечаток дека ова е продолжување на политичката доктрина на власта? По коинцидирањето на ефектите, повторување на политичката штета од тезите од 2001 година за размена на население и територии (тогаш премиер беше Љупчо Георгиевски), од кои досега никогаш премиерот Никола Груевски не се дистанцира. Недистанцирањето е реалност и сега со појавата и со текстовите во енциклопедијата.
Накусо, зошто нашиот бренд е одвлекување и замаглување на одговорноста, по виталните проблеми на земјата (економија, демократија, евроинтеграција)?
Само неколку, хронолошки поблиски, од многуте: политиката на антиквизација на земјата, рекомпонирањето на државниот грб - најави од ВМРО-Народна, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, скратеното издание на Македонската енциклопедија, „спонтаната“ иницијатива од Националното движење на Македонија и ВМРО-ДП, за наводен „фалсификат“ на пописот во 2002 година и бројот на Албанците...
Утре?
|
|
Статијата е прочитана 1200 пати.
|
Испрати коментар
|
|
citatel, 30.09.2009 00:08:50 | Edna narodna pogovorka veli - Sakam recam, mozam recam" Sto saka pisatelot da kaze i on ne znae. ? Dosta veke so kritiki...se unistivme megusebno. Koji dosega bea poarni ili polosi? Komunjarite ili ovie "komitite"????
Malku patriotizam |
| сеуште нормален, 30.09.2009 09:30:14 | Пишувај кирилица пријателе па потоа зборувај за патриотизам! Овој национал социјализам промовиран лично од Груевски го анулира тотално кредибилитетот на сите институции во државата. Од пријатели создаваме непријатели. Предавници не бараат граѓание и не ги создаваат, туку власта. Срамота, со што не замајаваат со ретро квазиисторицизам, а каде одат земјите од регионот. Со сила не направија тоа што никогаш не сме биле како народ- неписмени, прости, корумпирани, шовинисти, расисти... Жално е што и најпрестижната институција од областа на нуката МАНУ, е ставена во службата на режимот на преродбенициве. Ние интелектуалците кои сме сеуште нормални и објективни сме третирани како предавници бидејки имаме ментална хигиена, неможат овие примитивци да не контаминираат со нешто што го немаат, а тоа е моралот и почитта кон изворните вредности! |
| Alek, 30.09.2009 11:07:25 | Читателе, изразот беше „Сакам кажам, не знам речам“. Тоа важи токму за тебе. Ама ич не може да се разбере што си сакал да кажеш. Башка ноторната неписменост. |
| До авторот Н.Н. од Кавадарци (???), 30.09.2009 11:32:57 | Авторот извлекува „заклучок“ дека се создала „дозиреана афера“ од тоа што Владата нашла „одеднаш интервентни средства“ за енциклопедијата. Треба да знае дека оваа Влада најде средства за издавање на повеќе стотици книги и дури 500 стручни учебници преведени на македонски јазик. Дали и со нив сакала да создава „дозирани афери“? Владите на СДС не издаваа книги и затоа во нивно време не можело ни да има афера со некоја книга.. |
| 101% normalen, 30.09.2009 12:23:06 | Do Seuste normalen!Vo potpolno se slozuvam so Vaseto napisano, no ne bi se slozil deka toa go pravat samo "prerodbenicive". I pred ovie imase drugi na koi ne im ogovaraa intelektualcite i slobodnata misla.Jas sum eden od onie koi vo toj period ja napustiva zemjata.Gledam rabotite nikako da se "opraat", pa gi imame Murto i Kurto (Imavme Alkaloid, Pivara, Evropa, Okta, pa sledat Swedmilk,Bacilo, Konartis...)Za zal vo poslednive 20 tina godini sretnav mnogu intelektualci koi od "osnovopoloznicite" ili "od "prerodbenicite" ja napustile MKD (vo golem del politicki neopredeleni), najverovatno za sekogas.Znaci toa e eden proces koj e smislen ili nametnat od nekogo, so nekakva cel.Vo megjuvreme pocnaa da ne ucat koi sme i sto sme, da ne "prevospituvaat",za da se osoznaeme, pa se pisuvaat novi knigi, istorii itn.Nisto ne ke e slucajnost?!Veruvam deka se oglasuvate. |
| kaktus, 30.09.2009 15:09:58 | Целата лакрдија со енциклопедијата покажува дека Македонија не е во економска криза, не е во морална криза, ниту само во интелектуална криза, туку пред се во ДЛАБОКА ПОЛИТИЧКА КРИЗА, криза на институциите на власта, судството, бладата и парламентот, која има тенденција на продлабочување |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|