28.03.2012, 09:38 Денис Родман банкротирал и е тешко болен
Поранешната ѕвезда на „Пистонс“ не е во можност да ја плаќа ни алиментацијата за своите деца
Поранешниот кошаркар на НБА, Денис Родман банкротира и е тешко е болен, па затоа не е во можност да ја плаќа алиментацијата за своите деца, пишува „Лос Анџелес Тајмс“.
Поранешната 51-годишна ѕвезда на тимот Детроит Пистонс, Чикаго Булс и Лос Анџелес Лекерс, должи 808.935 долари за алиментација за своите две деца, кои ги има со третата сопруга Мишел Родман, во судските документи наведува нејзиниот адвокат Џек Кавајанијан.
Освен тоа, Родман на поранешната сопруга, исто така, и должи 51.441 долари. Заради сето тоа, поранешниот кошаркар може да заврши во затвор на помалку од еден месец.
Адвокатот на Роман во судските документи утврди дека неговиот клиент банкротирал и дека не може да ја плати алиментацијата како ни другите трошоци. Во судските документи се наведува и тоа дека кошаркарот е „екстремно болен“. |