Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Стил
На прво место
10.04.2010, 13:04

Специјална вест

Полскиот претседател Лех Качински загина во авионската несреќа

Во несреќата кај Смоленск, Русија, покрај претседателот и неговата сопруга загинаа и повеќе високи функционери

13:00 10.04.2010 - Полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и неколку високи полски функционери загинаа денеска во авионската несреќа кај Смоленск, во западна Русија.

Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев изјави дека загинале сите патници во авионот Ту-154, кој сообраќаше на релација Варшава - Смоленск.

Според Антуфиев во авионот имало вкупно 85 патници, додека според руското Министерство за вонредни ситуации имало 132 патници.

Качински и семејствата на жртвите од масакрот во Катин денеска требаше да присуствуваат на церемонијата со која се одбележува 70-годишнината од убиството на 22 илјади полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.

Во составот на полската делегација имаше повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек.

Авионот Ту-154, кој беше управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урна при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожа, кој е веќе изгаснат.

На местото на несреќата работат истражувачки екипи, кои ги испитуваат причините за инцидентот.

Полски воени извори во меѓувреме соопштија дека контролните служби на аеродромот во Смоленск му препорачале на авионот да не слетува, јави весникот „Газета виборча“.

Петнаесет минути пред планираното слетување на авионот со кој патувал Качински, контролните служби му забраниле на авионот Ил-76 да се приземји на аеродромот поради лошите временски услови. Рускиот воен авион ја извршил наредбата и се упатил кон друг аеродром.

Пилотот на авионот Ту-154 добил препорака од контролните служби да не слетува, но тие сепак не можеле да му забранат да се приземји.

Функцијата претседател во Полска согласно Уставот ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државта.

Полската Влада за денеска закажа вонредна седница. (МИА)

Пронајдено телото на Качински на местото на авионската несреќа

Смоленск, 10 април 16:35 (МИА) - Телото на полскиот претседател Лех Качински е пронајдено на местото на авионската несреќа кај Смоленск, во западна Русија, јавија светските агенции.
Рускиот премиер Владимир Путин претходно изјави дека телата на жртвите на несреќата ќе бидат пренесени во Москва заради идентификување.
Сите 96 патници во претседателскиот авион Ту-154 загинаа во несреќата.
- Вакво нешто никогаш не се случило, изјави Путин, кој заедно со полскиот премиер Доналд Туск замина на местото на несреќата.

Обама, Мадведев и голем број светски лидери изразија сочувство поради трагичната смрт на Лех Качински

Скопје 10 април 16:22 (МИА) - Лидерите на повеќе земји и меѓународни организации изразија денеска сочувство поради трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински, кој загина изутрината во авионска несреќа кај рускиот град Смоленск. Во несреќата животот го загубија сите 96 патници во претседателскиот авион Ту-154.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Полска, САД и целиот свет се потресени од смртта на полскиот претседател. Обама изрази најдлабоко сочувство до народот и Владата на Полска.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска во телефонски разговор со полскиот премиер Доналд Туск изрази длабоко сочувство поради трагичната смрт на Качински, неговата сопруга и на многубројната делегација на Полска, соопшти прес-службата на Кремљ.
- Во овој тежок ден народот на Русија е со полскиот народ, изјави Медведев.
Рускиот претседателот го информира полскиот премиер за досега преземените мерки, како и за тие што ќе бидат преземени во врска со истрагата околу несреќата. Тој посочи оти побарал причините да се истражат целосно и внимателно и во најтесна соработка со соодветните полски надлежни служби.
Медведев во телевизиското обраќање до полскиот народ изјави дека 12 април во Русија е прогласен за ден на жалост во спомен на Качински и другите загинати во несреќата.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун оцени дека претседателот Качински „им служел на земјата и на народот со племенитост и верба“ и оти заслужил меѓународно почитување.
Според Бан Ки-мун особено е трагично тоа што Качински го загубил животот патувајќи на настан со кој требаше да биде одбележан новиот степен на помирување меѓу Полска и Русија и упати искрено сочувство до народот и Владата на Полска, како и до семејствата на загинатите.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази длабоко сочувство поради загинувањето Качински.
- Од име на НАТО и од мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до народот на Полска и до семејството на претседателот, како и до семејствата на сите кои загинаа во ужасната несреќа, се наведува во телеграмата со сочувство на Расмусен.
Тој нагласи оти несреќата е трагедија и за НАТО и за Полска.
Европската унија и повеќе европски држави исто така изразија сочувство за смртта на Качински.
Шпанското претседателство на ЕУ изрази солидарност кон Полска и нејзиниот народ. Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос изјави дека испраќа „порака на солидарност и поддршка во овој важен момент за сите Полјаци и сите Европејци“.
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека е длабоко вознемирена поради смртта на Качински.
 Ова е трагичен момент за Полска, рече министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле, кој е во посета на Република Јужна Африка.
Британскиот премиер Гордон Браун истакна дека е шокиран и мошне вознемирен поради смртта на полскиот претседател. - Лех Качински беше еден од најважните актери во современата политичка историја, рече Браун.

Од свое име и од името на францускиот народ сочувство изрази и претседателот на Франција Никола Саркози.
Францускиот претседател, како што соопшти Елисејската палата, изразува длабоко сочувство до семејството на полскиот лидер и до семејствата на останатите загинати.
- По оваа тешка трагедија, која ја турна Полска во длабока жалост, претседателот Саркози потврди дека Франција и Полска се поврзани со тесни пријателски врски, кои ги обединуваат и нивните народи, се вели во изјавата.
- Смртта на полскиот претседател Лех Качински е голема трагедија за Италија. Тоа е голема несреќа, која и се случи на една наша пријателска држава, со која ние сочувствуваме од се срце, изјави италијанскиот премиер Силвио Берлускони. 
Италија иразува сочуство до народот и институции на Полска, се наведува и во соопштението на министерот за надворешни работи Франко Фратини.
Претседателот на Чешка Вацлав Клаус изјави дека е лично погоден со веста за смртта на Качински, неговата сопруга и останатите патници.
- Загубив личен пријател, рече Клаус, кој Качински го сметаше за личен пријател и додаде дека полскиот претседател бил голема личност и вистински син на полскиот народ.
Шведскиот премиер Фредерик Реинфелт оцени дека тоа што се случи е голема трагдија за Шведска.
- Нашите мисли се со семејствата и пријателите на загинатите, како и со целиот полски народ, рече Реинфелт.

Пронајдени двете црни кутии на авионот кој се урна кај Смоленск

Смоленск, 10 април 19:02 (МИА) - Рускиот министер за вонредни ситуации Сергеј Шојгу изјави денеска во Смоленск дека движењето на авионот Ту-154, со кој патуваа полскиот претседател Лех Качински и други високи полски функционери, отстапувало од предвидените параметри.

- На местото каде се случи несреќата се пронајдени двете црни кутии. Нивната анализа почна, а движењето на полскиот авион потврдува дека постоеле отстапување од предвидените параметри на висина и ширина и тоа најмалку 150 метри. Авионот е целосно уништен, нагласи Шојгу, кој се наоѓа на местото на несреќата.

Според Шојгу во нереќата загинале вкупно 97 лица, а претходно беше објавена бројка од од 96 загинати патници.

- Телата на загинатите уште денеска ќе бидат испратени во Москва заради идентификација, додаде Шојгу.

На местото на несреќата се упатија и полскиот премиер Доналд Туск и братот близнак на Качински, лидер на партијата Право и правда, Јарослав Качински.

- Јарослав Качински многу тешко ја преживува оваа трагедија, но тој е храбар човек, изјави претседателот на парламентарната група на Право и правда, Мариуш Блашчак.

Претседателот Качински ја предводеше 88-члената делегација која требаше да го посети Смоленск за да учествува на одбележување на 70-годишнината од масакрот во Катинската шума, каде советските војници убиле 22 илјади полски офицери и интелектуалци. Меѓу жртвите се и членовите на семејствата на Полјаците убиени во Катинската шума. ац/19:02





Статијата е прочитана 4233 пати.


Испрати коментар



Груевски - лидер дома, последен во Брисел
Европските вредности паднаа во Собранието



Александар, 10.04.2010 14:37:04
Слава им!
marija, 10.04.2010 17:21:24
Socustvo do Polskiot narod, mnogu strasna tragedija.
nacional-patriot, 10.04.2010 17:36:41
Moe socustvo do familiite na zaginatite i do polskiot narod.
Kristijan Toronto, 10.04.2010 19:25:12
Neka pocivaat vo mir. Moeto socuvstvo do celiot Polski narod i moite prijateli vo Polska.
Stojko, 10.04.2010 21:33:54
Lesna im zemja. I ne mozam da izdrzam> go vidovte li onoj nas premier kako se nadmina samiot sebe > pak docnese, ovoj pat na komemoracija vo katolicka crkva,i toa vo sivo odelo!
mimi, 10.04.2010 23:51:28
Socustvo do familijata i polskiot narod zalno
SIlvester, Sydney, 11.04.2010 01:29:08
Strasna tragedija. Socustvo do bratskiot narod na POLSKA.
Игор, 11.04.2010 01:36:40
Сочувство до полскиот народ.
Игор, 11.04.2010 04:28:21
Голема трагедија, сочуство до нивните семејства и полскиот народ
Toni, 11.04.2010 04:37:11
Neka i e vecna slava.Dlabok poklon pred nivnata svetla pamet!
Ангел, 11.04.2010 10:54:39
Најголемиот пријател на Македонија и вистински демократ почина заедно со врвот на пријателска Полска. Слава им. Ви благодарам за се што правевте за МНакедонија. Оти освен Качински Месиќ и словенците и понекој индивидуалци немаме пријатели. А со вакво непријателско опкружување од сите соседи Македонија се наоѓа како во 1913.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Магла

Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C

Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)
Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
„Заробена“ јахтата на Стив Џобс
Наследниците на Стив Џобс му платиле само шест милиони евра на Штарк, а тој смета дека му должат девет милиони евра. Бро...
Новогодишната елка како семеен фотоалбум
Ако ви здосади досегашниот изглед на елката, олабавете се и направете нешто сосема ново.Во продолжение- совети како да ј...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |