Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
03.05.2012, 17:19

Се' поскапува, за еден месец кошничката потешка за 800 денари

Минатиот месец кошничката на „Утрински“ тежеше 4.177, а сега истите производи чинат 4.956 денари, или 18,6 отсто повеќе за само еден месец

Маја Томиќ
Сања Наумовска


Зеленчукот и овошјето поевтинија. Млекото и млечните производи се поскапи во споредба со минатиот месец. Тропското овошје ги задржа истите цени како и во април, додека за 20 до 50 проценти паднаа цените на јаболката, краставиците, компирот и кромидот, што вообичаено се случува по велигденските празници и во почетокот на пролетната сезона на свежиот зеленчук и овошје. Од друга страна, пак, тестенините, кафето, зејтинот, млекото и производите од млеко се продаваат поскапо за 3 до 60 денари. Големо покачување на цената има кај бисквитите „домаќица“, од 84 на 98 денари, кај мешаното сирење „здравје“, кое поскапело од 239 на 252 денари за еден килограм и овчиот кумановски кашкавал, од 395 на 454 денари. Овој месец има повисока цена и балансираната сол на „Алкалоид“, која сега се продава за 84 денари, а во април чинеше 78. Додека повеќето од цените се зголемени или се на истото ниво, по велигденските празници забележително е дека цената на јајцата се врати на старо, односно сега е пониска отколку во април. На исто ниво се задржаа цените на месото и на средствата за хигиена, од кои дел се намалени привремено, односно се продаваат во акција на супермаркетот „Веро“.

„Утрински весник“ од минатиот месец почна да прави свое истражување за движењето на цените, односно за поскапувањата. За таа цел на почеток на секој месец ги регистрира цените на основните животни продукти во маркетот „Веро“ и ги споредува со претходниот месец. Нашата листа е направена од 35 производи, при што од секој од нив има по еден килограм или литар. И кога ќе се собере нивната вкупна вредност, излегува дека потрошувачката кошничка за мај тежи 4,956 денари, наспроти 4,177 денари колку што вредеше во април. Значи, ако минатиот месец нашата кошничка чинеше околу 70 евра, сега изнесува околу 82 евра, или е зголемена за 18,6 отсто за еден месец.

Притоа треба да се има предвид дека оваа сума е добиена од по еден килограм или литар. А, многу разбирливо е дека за едно четиричлено семејство, за да се прехрани во месецот му се потребни многу повеќе килограми месо, сирење и литри млеко и јогурт, како и повеќе средства за хигиена отколку што ги содржи табелата.

Со оглед на тоа што вредноста на кошничката расте, односно за истите пари можат да се купат помалку производи, граѓаните ќе бидат принудени да купуваат помалку.

Но, каде се другите трошоци ако се има предвид дека за намирување на трошоците за домување, или просто кажано, за сметки, одат меѓу 100 и 150 евра месечно во просек. Што значи дека со една реална плата од 200 евра, не според статистиката која вели дека таа изнесува 340 евра, речиси е невозможно да се протурка од први до први следниот месец.

„Не многу одамна со 500 денари во џеб, можев да испазарам производи за два-три дена. Сега со истите пари излегувам од маркет со речиси празна кеса и се чудам како ми оди целата плата за храна и за режиски трошоци и ја трошам за половина месец. Тоа и не треба да ме чуди. Цените постојано растат, а платата ми е со години истата“, вели скопјанката Мирјана Ј..

Освен што граѓаните секојдневно на своја кожа го чувствуваат налетот на цените, односно инфлацијата, и Државниот завод за статистика со своите најнови податоци потврди дека трошоците на живот секој месец растат, додека просечните плати речиси една година не мрднале над 350 евра. Тие во април биле за 2,2 отсто повисоки од април минатата година, но од декември минатата година, значи за само 4 месеци, скокнале за 3,3 отсто. Тоа најмногу се должи на зголемување на трошоците за домување за 5 отсто и на станарина, водата и услугите за 2,7 отсто. Или истите овие трошоци за последните 4 месеци се повисоки за 2,3 отсто. Покажаната инфлација најмногу е резултат на ланскиот пораст на цените на парното, струјата, горивата, транспортот и храната. Од лани декември до крајот на април цените на храната скокнале за 3,6 отсто, а во споредба со април минатата година статистиката не регистрира пораст.


Статијата е прочитана 1496 пати.

Испрати коментар



Десет години компјутерски систем на македонски
Се гради фабрика за кафе во Зубовце
Патарина ќе се плаќа со картичка



Makedonec, 04.05.2012 06:55:40
snadzi se pa prezivi...Proekt na vlada na RM.
Istocna Makedonija, 04.05.2012 07:55:36
Studiozna analiza.Ke bide aktuelna i idniov mesec inaredniov i taka do beskraj...Za zal na site nas!
ФЕЛИКС, 04.05.2012 08:59:58
Мислам дека текстописецот испуштил и други прекупотребни артикли без кој секидневноста е загрозена.Па така во април пршут крашки беше 950ден.сега во мај е 1.100 ден.виски Балантај во април 1.050 ден.во мај 1.310 ден.Француски коњак Курвоазје во април 1.520 ден во мај 1.760ден.Бифтек телешки од 780 ден кгр сега е 1.000 ден.има и др. слични артикли без кој се неможе.Па ова е невидена ценовна катастрофа,просто човек да се запрепасти што прави владата која го остава народот со вакви неопходни артикли а прескапи.Едино утешува овчиот Кумановски кашкавал кој се покачил за околу едно евро. Па така народот ќе може да се снабдува со овој неопходен артикално сепак малку ќе штеди.Досега народот јадеше 3-4 кгр.овчи кашкавал месечно сега ќе може околу 2кгр.
slartibartfast, 04.05.2012 09:43:22
Ma nema sansi, hranata bas poevtinuva. Ova pak komunjarite nesto lazat.
Зоран Велес, 04.05.2012 10:55:50
Ете македонче, самото ќе ти каже дека е ова луксуз за него, леб и вода му е доволно. Затоа Феликс, сме биле толку години под ропство, и уште ќе бидеме, самите сме криви, се додека постојат (а богами се мнозинство) луѓе како тој што се потпишал под Феликс Мизерен народ, мизерна влада, мизерна држава. Никаква надеж нема во земјава за прогрес
Од мене, 04.05.2012 11:16:21
Во мојата кошничка нема ананас,нема „ариел“,„арф“ или „пулирапид“, нема чоколадо ниту бисквити, за вино или месо да не зборуваме. Купувам се што е поефтино од овие производи и пак не стигнува. Не ми се исплатени хонорарите за мојата чесна работа па сметките не ми се платени а извршителите тропаат на врата. Владо на Р. М., од воздух не се живее и јас и моите два сина треба да јадеме (не мора да пијам алкохол или сок, можам да преживеам и без тоа) ама треба да си ја платам водата од чешмата што ја трошам за пиење.
Не е така!, 04.05.2012 11:50:01
Еве , Фаликс ви објасни! Заборави да пише колку е “десетка со кромид“. Гревче!
Ема, 04.05.2012 12:18:54
Осмели се па влези во супермаркет! А претседателот на синдикатот изјави дека нема причина да се штрајкува за 1ви мај, тоа било демоде, изживеана работа. Ова не е достоинствен живот, ова е бедотија во барок! Ни свест, ни совест, ни глас, ни храброст. Иднин��та, толку далечна, а толку блиска, само страв во коски ни влева. Доведи го народот до питачки стап, остави го гол, бос и неписмен, па владеј со него доживотно.
XXL, 04.05.2012 23:00:14
Prefrigraniot macorot Felix od stripot moze voda da mu nosi na ovoj nas didirigiran sveznajko felix...dobro be brat kako mozaz tolku da se trudis belo crno da go pravis i obratno pa isam vo toa veruvas deka e vistina ...baba mi znaese da kaze sinko pijaniot ke se otrezni nekogas ludiot izleci ama onoj koj pokraj ocite sto ne gleda pokraj usite ne slusa ne vredi razgovor a jas da dodadam so penkalo nepismen i idoktriniran !!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |