Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
14.01.2013, 17:54

Антипод

Прешево останува долина

Димитар Чулев

Борците на ОВПМБ не добија ни држава ни рамковен и останаа на нивото што беа и претходно, географски поим со додавка - долина

Ќе биде интересно да се види дали и како во наредните денови ќе биде разрешен спорот меѓу Белград и локалните власти во Прешево, Бујановац и Медвеѓе околу поставениот споменик на жртвите на ОВПМБ во ноември минатата година. Во наредните три дена би требало да се знае дали ќе биде отстранет споменикот на жртвите на уште едно парче албанска земја или ќе биде ставен крај на „прешевската авантура“ на оние 100.000 Албанци кои живеат во јужна Србија.

Викендов и вицепремиерот и министер за одбрана на Србија, Александар Вучиќ, рече дека споменикот на загинатите припадници на расформираната ОВПМБ ќе биде отстранет. Тој не сакаше да се гаѓа со термини кога ќе биде и како ќе биде сторено тоа, но имајќи предвид една изјава на премиерот Ивица Дачиќ од пред Нова година дека нема да замине во Брисел на преговори со Приштина на 17 јануари доколку среде Прешево стои споменикот, извесно е дека во наредните денови ќе има интересни случувања. Ако српската држава вели дека ќе го брани Уставот, што претпоставува неподигање споменици кои го навредуваат мнозинското население и бара почитување на Уставот, извесно е дека Белград ќе мора да покаже „сила“ во отстранувањето на симболот на отпорот на Албанците во јужна Србија, токму во моментот кога Србија го решава најтешкото прашање од поновата историја: непосредно признавање на Косово преку Резолуција која ја објаснува Резолуцијата 1.244 и со која Србија ја признава реалноста на одамна изгубената покраина и сега веќе држава призната на меѓународно ниво.

Прешевските Албанци на крајот на денот ќе сфатат дека во нивните интегративни планови што ги калкулираа на маргините на НАТО-интервенцијата во Косово и на конфликтот во Македонија со цел да ќарат уште едно парче земја, дефинитивно, ќе мора да останат задоволени само со „прстот в уста“.

Многу е извесно дека нивното скокање наоколу во последните денови и официјалното барање од „месните комитети во Медвеѓе, Бујановац и Прешево“, Тирана и Приштина да им помогнат во реализирањето на нивното право да се отцепат од Србија или да добијат специјален статус е претерано, исто како и нивното барање да влезат во агендата на преговорите Белград - Приштина во кои на преговарачката маса ќе биде поставен проблемот не само на Србите во Косово, туку и на Албанците во јужна Србија.

Да потсетиме, Прешево, за кое никој не чул пред косовската војна, се наметна како „фактор“ во моментот кога НАТО и' забрани на српската војска да ја контролира границата кон Косово (!?), беше создадена таканаречена тампон-зона во која воинствени фраери од општините Прешево, Медвеѓе и Бујановац почувствуваа потреба од сопствена промоција или беа наведени дека со слободно герилско дејствување во зоната гарантирано од НАТО ќе може да обезбедат уште едно парче албанска земја. Формирана во 1999 година под невозможното име ОВПМБ за невозможната формација, тие беа само бледа парафраза на косовската ОВК. Во моментот кога НАТО веројатно процени дека во борбите за човекови права на Албанците на Балканот ОВПМБ прави повеќе штета отколку корист, милитантната организација се самораспушти на 24 мај 2001 година.

Интересно сега дали од други места единствените поразени Албанци по ослободителните настани за Албанците на Балканот од пред 12 и 14 години се само оние од Прешево. Тие не добија ниту држава ниту рамковен, туку останаа на нивото на она што беа и предходно. Само географски поим со додавка - долина. Оттаму е разбирливо тоа што сега го имаат околу споменикот во центарот на Прешево изграден да велича некакви си таму триесет и кусур загинати борци на формацијата. Лутината, би рекле, повеќе е насочена кон Приштина и Тирана отколку кон Белград. Да потсетиме, јавна тајна е дека строго контролираната имплозија во Албанија во 1997 година поради крахот на „пирамидалните штедилници“ (иако пирамидални искуства имаа и Бугарија, Романија, Србија, Македонија со битолскиот ТАТ) во суштина беше строго планирана акција со која милиони парчиња оружје од воените депоа на албанската војска се распоредија во регионот во очекување на завршница на косовската криза, но и на ребрендирањето на албанскиот статус во Македонија. Прешево како да беше линк искористен за одржување на тензиите.

Дванаесет години подоцна, тешко е да се поверува дека некој од некогашните стратегиски партнери на Албанците на Запад сега ќе влезат во каква било дискусија околу статусот и името на долината, која очигледно си ја заврши, во одреден момент, сопствената функција. Запад сега сака да види целосна победа на идејата „Косово Република“ со седнување на Белград и Приштина на заедничка маса. Викендов со Резолуција на Резолуцијата 1.244 Белград неофицијално го призна Косово и на 17 јануари ги продолжува преговорите на ниво на еднакви субјекти со раководството од Приштина. Тоа е добра завршница на една балканска епизода...

Меѓутоа, зачудува повикот на локалните власти од Прешево, Медвеѓе и Бујановац до Приштина и до Тирана на преговарачка маса во Брисел да се најде и прашањето за Албанците од јужна Србија. Зачудува, исто така, и неопитноста на еден Азем Власи, кој моментално е советник за надворешни работи на Косово, кој вели дека „не може Србија да се однесува заштитнички спрема Србите на Косово, а ние да глумиме дека не не' интересира што се случува со Албанците во Прешевската Долина“. Азем Власи, долгогодишен политичар, дефинитивно, не ја спушта топката, туку се обидува да создаде ново потенцијално жариште на Балканот, кое е во контекст на теориите за заговор кои тврдат дека Албанците нема да се смират додека не ги освојат сите етнички територии таргетирани од нив. Нема некоја политички различна тежина на изјавата на Власи од пред неколку дена и онаа од пред еден и пол месец на Сали Бериша дека „ја славиме независноста на сите албански територии од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица“, дадена по повод 100-годишнината од прославувањето на албанското знаме, азбука, држава... На изјавата реагираше меѓународната заедница и соседните држави на Албанија, но останува прашањето дали таа како и оваа на Власи не е темпирана со сепаратистичките движења кои ја тресат Европа.

Неверојатно, но идејата за економско и финансиско „унијатство“ на ЕУ ги разбуди егоизмите и атавизмите во Европа, кои со децении биле прикривани, а аналитичари предвидуваа дека по преседанот со признавањето на Косово како држава, од „под тепих“ ќе биде извадено прашањето на Баскијците, Шкотите, Ирците, Унгарците, романските Власи во Србија, Каталонците, а градови држави од типот на Јужен Тирол ќе сакаат политичка и економска независност.

Дали некој одново преку Прешево гледа шанса да го третира Балканот како нестабилна и лесно запалива територија, или процесот што тргна од Косово и ги разбуди сепаратистите на Запад сега се враќа одново овде.


Статијата е прочитана 1990 пати.


Испрати коментар



Политиката ја покри економијата
Собрание
Современ македонски комунизам (социјализам)
Од Вевчани вртат глава
Да живее народниот фронт



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Сабота
Замрзнат дожд
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Сончево
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |