Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
14.01.2013, 17:57

Едиториjал

Политиката ја покри економијата

Мирче Јовановски

Наместо економијата да е во фокусот, сега јавноста е преокупирана со прашањето дали ќе има локални избори, односно дали ќе учествува и опозицијата и како ќе се развива политичката ситуација во земјава доколку се одлучи за бојкот. Во клучната година во која претстојат огромни предизвици, економијата уште еднаш падна во длабока сенка на политиката. Тоа, барем за живејачката во земјата, не навестува ништо добро, освен ако политичките лидери не направат драстичен пресврт и ја стават меѓусебната нетрпеливост во втор план, зад интересите на граѓаните и на државата во целина.

Оваа ескалација на политичките судири не е од вчера. Тлее со години, но почна да се разгорува уште со поднесувањето на предлог-буџетот во ноември минатата година. Тогаш излегоа на површина огромните разлики меѓу власта и опозицијата околу обемот на јавните приходи и начинот на нивното трошење, како и за износот на задолжувањата. Секому е познат епилогот на оваа мачна епизода на младата македонска демократија, како и дека тоа изроди нови конфликти во кои има се' помалку место за креативни решенија кои ќе го извлечат домашното стопанство од економската криза.

Залудни се образложенијата дека кризата не е домашна, дека неповолниот економски амбиент е само последица на пошироката криза која ја тресе цела Европа и во која најзагрозени се земјите од еврозоната кои се и наши најголеми трговски партнери. Дури и оние кои не се економисти по професија знаат дека магични формули нема и не е можно да се направи чудо преку ноќ. Потребни се огромни напори и умешност да се најдат оптимални решенија кои ќе им овозможат на фирмите да се одржат на површина, да се најдат нови пазари и да се привлечат инвеститори. Без такво нешто само дополнително ќе тонеме во кризата или во најдобар случај „ќе летаме ниско над земја“, со стапки на раст околу нулата кои ќе ја држат македонската економија според нивото на развој децении зад европската која тежнее да ја стигне.

Власта го стави акцентот врз носењето на буџетот по секоја цена, без да прифати нешто суштинско од она на што инсистираше опозицијата. Исто така, се фокусираше и врз добивањето поволни кредити. Сега, откако ги обезбеди, дојде време на нивното трошење. Но, наместо потези кои суштински ќе влијаат врз позицијата на економските субјекти и на зголемување на нивната конкурентност, сведоци сме на мерки од типот на одење на пензионерите на бања, отворање продавници на вино и слично. Не дека е тоа лошо, но на стопанството му се неопходни многу порадикални решенија кои ќе му помогнат во оваа криза.

Опозицијата, пак, на врвот на приоритети го стави функционирањето на демократијата во земјава. Минатата година социјалдемократите ја бомбардираа Владата со предлози за кои сметаа дека ќе го подобрат економскиот амбиент. Се нудеа решенија за стимулирање на економскиот раст, за отворање нови работни места, се критикуваа потезите на власта во стопанството, се водеше широка дебата како да се надмине кризата. Сега, меѓутоа, нивната реторика главни се сведува на тоа дали ќе се учествува на избори, дали да има и предвремени парламентарни и кои министри во Владата треба да си заминат.

Наместо да чуе како да се поттикне производството и да се подобри животниот стандард, јавноста повеќе слуша кој е Гадафи, а кој Милошевиќ. Наместо кон политичкиот противник, сега можеби е подобро вниманието да се насочи кон некои други пораки, како на пример онаа на човекот кој ја предвиде глобалната криза во 2008 година, Нуриел Рубини, кој и за 2013 година не е оптимист.

Во меѓувреме, економијата кај нас тапка во место. Единствена работа што може да се издвои во овие постпразнични денови, која суштински навлегува во поттикнување на економскиот амбиент е намалување на референтната каматна стапка на НБМ. Нејзината цел е да се поттикне кредитирањето на фирмите и на тој начин да се влијае врз поголемо производство и зголемен извоз. Но, се покажа дека банките имаат своја математика, па наместо каматите на банкарските кредити, лесно може да се случи да се намалат стапките на депозитите, што значи цехот да го платат оние кои штедат.


Статијата е прочитана 694 пати.


Испрати коментар



Прешево останува долина
Собрание
Современ македонски комунизам (социјализам)
Од Вевчани вртат глава
Да живее народниот фронт



USA, 15.01.2013 00:41:17
Sto e vsusnost politicka bitka ako ne pozicijata da se bide vladetel na istituciite i drzavnite FINANSII. Preku tie institucii se tera agendata ili nekakva ideologija. Interesno e sto na fiskalen plan, SDSM deluva kako Republikancite vo USA koi se ideoloski braka na VMRO-DPMNE. Zaednicko im e sto ne pobeduvaat na izbori (ako go izzememe Kongresot). Svetskata ekonomska kriza e pokatastrofalna vo USA i EU otkolku vo Makedonija. Toa treba da im e jasno na site.
Трпе, 15.01.2013 10:48:34
Зарем народот не одбра економска остварувачка влада.Со раководство на стручњаци економисти од прилепскиот факултет и од странство.Но народот се излажа и уште се лаже.Ова влада да ти биде лажнопатриотска,насилничка и лубител на уметноста.Си набавила перални за пари и мозоци а народот мирен и наивен(рамно на глуп) ракоплеска на фамилијарните успеси.Некои од нивните стручњаци сеуште не се на чито дали во земја од 2 милиони жители има криза или не.Медиумите информират како ке им кажат дека во некои случаи има криза и народот мора да ја трпи.Во друг случај нема криза и недомакински се расфрлат со народните пари како да сме земја со нафтоносни полиња.Но македончето ирпело и ке си трпи.Од глаата ќе е.
gogi, 15.01.2013 14:02:29
Vlasta i bankarite ziveat komotno za smetka na realniot sektor vo ekonomijata
Zagrizen, 15.01.2013 14:36:28
Imame blizu 40% nevraboteni, a od vrabotenite preku 40 % se so plata od okolu 8.050 denari. Drzavnata kasa e totalno prazna, poradi shto se prekrshi i Ustavot i zakonite i se primeni sila za zadolzuvanje na drzavata. Vo rok od samo dve nedeli se pozajmeni povece od pola milijarda evra, i so onie vece zemeni 5,5 (misteriozna brojka) vece nadminuvaat 6 milijardi, shto e za nas neverovatna cifra. A seto toa otide vo nekoi bronzi i WC-shkoljki. I koga odreden politichki subjekt t.e. opozicijata, krena glas tokmu poradi ova, namesto da se podrzi, site se nafrlija da ja unishtat. Da, vo seto toa, dobar udel ima i taa, no belkim e izvlekla pouka, za razlika od ovie zanesenite. A i shto ni e alternativata? NG blagodarenie na kreditite ja preziveavme, za slednata i ne sum bash siguren. Pozdrav!
Realen, 15.01.2013 22:15:08
SDSM, 2 pati gi dobi izborite i 2 pati go izlaza narodot. Znaci, ceka treta sansa. DPMNE, 4 pati gi dobi izborite i cetiri pati go izlaza narodot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Претежно облачно

Сабота
Замрзнат дожд
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Сончево
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |