13.01.2013, 17:26 Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи е кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово. Централното претседателство на „интегративците“, викендов ја усвои листата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Листата ќе биде поднесена до Централниот одбор на партијата за усвојување. За останатите општини, Центарот за комуникации на ДУИ информира дека претседателството ќе одлучи до среда, кога треба да се одржи и седницата на Централниот одбор.
Како што беше и претходно познато кандидат за градоначалник на Гостивар од редовите на оваа партија ќе биде актуелниот министер за локална самоуправа Невзат Бејта.
За Кичево, пак, е предложен Фатмир Дехари, за Чаир Изет Меџити, за Струга се предлага Арбен Лабеништа, а за Дебар Ружди Љата. Кандидат за Сарај ќе биде Беким Мурати, за Желино - Фатмир Изаири, за Студеничани Фати Исени, а за Боговине - Хазби Идризи. Во локалната изборна пресметка во општина Брвеница ќе учествува Енвер Пајазити, во онаа во Врапчиште Бајрам Кадриа, во Пласница Исмаил Јахоски, во Теарце Исен Асани, во Липково Садула Дураку, а во Арачиново Брахим Ајвази. |