Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
14.01.2013, 11:42
И тоа се случи - Лејкерси победија



„Езереџиите“ го совладаа Кливленд (113:93) и ставија крај на серијата од шест порази во низа

Лос Анџелес Лејкерси конечно успеаја да стават крај на црната серија, во „Стејплс центарот“ е совладан Кливленд со 113:93. По шест порази во низа „езерџиите“ дојдоа до првиот триумф во 2013 година. Веќе по првата четвртина беше јасно дека Коби Брајант и неговите соиграчи ќе го добијат овој меч. Враќањето на Двајт Хауард секако имаше свое влијание за крајниот триумф, центарот на Лејкерси средбата ја заврши со 22 поени, 14 скока и две асистенции.

„Кога играме на овој начин, со сигурност победуваме и тоа убедливо“, е кратката изјава на Хауард по средбата.

Кога станува збор поените тука нема дилеми, водечката сила во тимот од Лос Анџелес беше Брајант со 23 поени, а додека Стив Неш постигна скромни десет поени и девет асистенции.

Актуелниот вицешампион Оклахома добрата игра ја претвори во 29 триумф сезонава. Пред Кевин Дурант и неговиот тим „падна“ Портланд (87:83), кој пак и покрај поразот не дозволи да биде надигран пред својата публика.

По одличната партија против Лејкерси Дурант уште еднаш ги покажа своите напаѓачки способности, противникот го „почести“ со 33 поени, шест асистенции и четири скока. Расел Вестрбук како и секогаш беше на ниво на задачата, овој пат за малку му недостасуваше да дојде до трипл-дабл учинок (18 поени, 8 скока и 9 асистенции).

Екипата на Сан Антонио традиционално се наоѓа меѓу екипите кои што имаат најдобра предност на домашен терен, па затоа ни малку не е зачудувачки триумфот над Минесота (106:88). Ова е 12 победа во низа за Спарси кога станува збор за мечевите во Сан Антонио.

Тони Паркер со 20 поени беше најефикасен, а добра игра прикажа Тим Данкан постигна 14 поени заедно со девет скока и седум блокади. За неговата игра по средбата коментираше стратегот на домашниот состав Грег Попович: „Не мислам дека ова е големо изненадување. Седум е убава бројка, но тој ова го прави секоја вечер. Игра најдобро што може без разлика дали се работи за одбраната, блокадите, бранењето на кошот“.

Резултати: Њујорк - Њу Орлеанс 100:87, Торонто - Милвоки 93:107, Бруклин - Индијана 97:86, Сан Антонио - Минесота 106:88, Денвер - Голден Стејт 116:105, Портланд - Оклахома 83:87, Лос Анџелес Лејкерс - Кливленд 113:93.











Статијата е прочитана 464 пати.


Испрати коментар



Интер после драма и продолженија во полуфиналето
Бекам се враќа во Милан?
Хрватска ја декласира Унгарија
Виланова го „чепна“ Мурињо
Гвардиола најави доаѓање во Англија
Македонија против една нова Русија
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Федерер и Мари само се загреваа
Бабунски останува селекторот на младите
Армстронг го признал допингот кај Опра
Фаворитите сигурни во второто коло
МЗТ Скопје поразен од Раднички
Со Исланд почнува вистинското
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ ��д ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Мудрост да се пее и да се преживее
Горазд Чаповски...
Иднината пристигна со модели што возат сами
„Ауди“ e прв производител на автомобили на планетава, кој од Невада, САД, доби дозвола за користење автономни возила на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |