Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
15.01.2013, 09:08

Со Исланд почнува вистинското

Ова е клучниот дуел за избегнување на четвртото место во групата, кое во осмина финалето, најверојатно, води до шампионот Франција

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

Со денешниот натпревар од 18 часот против Исланд вистински почнува мундијалот за најдобрите македонски ракометари. Откако, практично, го обезбедија осминафиналето со победите над аутсајдерите Чиле и Катар, „црвено-жолтите“ до крајот од натпреварите во групата Б во Севилја ги очекуваат дуели со европски селекции, почнувајќи од олимпискиот вицешампион од Пекинг 2008. Утре избраниците на селекторот Звонко Шундовски ќе играат со Русија, а, по денот одмор, в петок ги очекува европскиот првак Данс��а.

„За нас првенството почнува во вторник. Ја остваривме првата цел, забележавме две победи, сега ни преостанува да се средиме, да се фокусираме и да излеземе на терен со пристап и со игра како во првото полувреме против Катар“, вели капитенот Кирил Лазаров. „Исланд, Русија и Данска се посилни селекции од овие со кои игравме, но и тимови што играат одбрана која повеќе ни одговара. Не сме навикнати ни подготвени да играме против длабока одбранбена зона 3-3, каква што ни употребија Чиле и Катар. Мислам дека подобро ќе се снаоѓаме против плитки зони“.

Најдобриот македонски ракометар посочува и на најголемата болка досега на првенството - бавното враќање во одбрана, кое ривалите го казнуваа со брз центар. Според него, противниците ја имаат снимено нашата игра и акцентот ќе го стават токму на таа слабост.

„Добро е што завршија овие натпревари со Чиле и со Катар. Не дека се подобри од нас, но играат поинаков ракомет, кој не само нам, туку верувам дека не и' одговара на ниту една европска селекција. Сега сме помирни, доаѓаат екипи што играат европски ракомет и колку и да се подобри од овие противници, тоа се тимови против кои знаеме подобро да играме“, вели кружниот напаѓач Ванчо Димовски, кој против Катар го постигна својот единствен гол во првите две средби.

Десното крило Владимир Темелков е првата од двете дозволени замени што Шундовски ја направи веднаш по мечот со Чиле, вклучувајќи го во составот на местото на Златко Мојсоски.

„Добро е што победивме во воведните натпревари, но со тоа ја остваривме само минималната цел. Сега на ред се вистинските дуели. Ни треба малку одмор, да се средиме и за мечот со Исланд да бидеме на потребното ниво“, изјави тој.

Стариот познајник Исланд, кој и' беше непремостлива пречка на Македонија во три баража за големите натпреварувања, но и со чија елиминација во плејофот за СП 2009 во Хрватска почна ренесансата на македонската машка репрезентација, има по една победа и пораз досега. На стартот загуби од Русија со 30:25, а во второто коло го демолира Чиле со 38:22. Ако сакаат да го избегнат четвртото место, кое најверојатно носи осминафинална пресметка со бранителот на титулата Франција, Исланѓаните ќе мора да го надоместат поразот од Русите токму против Македонија или подоцна со Данска.

„Шансите на овој натпревар се 50:50. Македонија има добар тим, таа е петта селекција во Европа и против неа можеме да дојдеме до позитивен резултат само ако бидеме максимално сконцентрирани и ако одиграме со сто отсто од силите“, смета исландскиот селектор Арон Кристјансон. „Малку не' разочара поразот од Русија, но се' уште сме во игра и ќе настојуваме да ја искористиме нашата шанса. Ова ќе биде клучниот натпревар во групата“.

Левото крило Гудјон Валур Сигурдсон, со години еден од најефикасните во исландскиот состав, со голема почит зборува за македонската репрезентација.

„Македонија има незгоден тим. Ова е екипа против која тешко се игра и никој не се радува на дуелите со нив. Ја ценам и мислам дека тоа ќе биде тежок натпревар, во секој случај“, вели ракометарот на Кил, кој беше прв стрелец на СП 2007 во Германија со 66 гола. „Мораме да бидеме на највисоко ниво. Ако играме со 99 отсто од силите, ќе загубиме!“.

Со проценти се служи и средниот бек Арон Палмарсон кога зборува за своите очекувања.

„Македонија има добар тим и ние мораме да бидеме многу внимателни. И не само тоа, мораме да се надминеме, да дадеме 110 отсто од нас“, вели плејмејкерот на Кил. „Многу ни е важна оваа средба. Ова е клучниот натпревар во групата и тој што ќе победи ќе има добри шанси да стигне далеку на првенството. Нормално, посакуваме да сме тоа ние, но нема да биде лесно, посебно не со Македонија“.

Исланд е значително ослабен на овој мундијал. Најголемата спортска ѕвезда на островот, десниот бек Олафур Стефансон, се откажа од играње за репрезентацијата по 20 години, а ја нема поради повреда и неговата алтернатива на таа позиција Александар Петерсон. Отсутни се и специјалистот за одбрана Ингимундар Ингимундарсон, како и повредениот лев бек Арнор Атласон.

Исланѓаните го освоија бронзениот медал на ЕП 2010 во Норвешка и Данска, а на Олимписките игри во Лондон минатото лето испадна во четврт-финалето по трилерот со Унгарија.


Статијата е прочитана 942 пати.


Испрати коментар



Македонија ја почнува 2013 година од 80. место
Пипан е новиот селектор на Македонија
Меси ги претстави „Златните топки“, Малага ја изненади Барса
Рома последен полуфиналист во Копа Италија
Леброн во историјата - Најмлад играч со 20.000 поени
Данците без милост за Исланд
Кавчич колабираше на Австралија Опен
Гвардиола ја шокираше Англија
Одземени три бода на Шкендија
ФИФА - Борбата против фудбалската мафија ќе трае уште долго
УЕФА го објави најдобриот тим за 2012 година
Ѓоковиќ како брз воз во Мелбурн
Интер после драма и продолженија во полуфиналето
Бекам се враќа во Милан?
Хрватска ја декласира Унгарија
Виланова го „чепна“ Мурињо
Гвардиола најави доаѓање во Англија
Македонија против една нова Русија
(ФОТО) Исланд и го нанесе првиот пораз на Македонија на СП
Федерер и Мари само се загреваа
Бабунски останува селекторот на младите
Армстронг го признал допингот кај Опра
Фаворитите сигурни во второто коло
МЗТ Скопје поразен од Раднички
Фаворитите без проблем на стартот во Мелбурн
Пандев и Наполи се поблизу до Јувентус
(ФОТО) СП ВЕСТИ - Жолт картон за РФМ од ИХФ
Барса соборува рекорди
Тунис ја шокира Германија
Фалкао најави заминување во ПСЖ
Ван Перси и Видиќ му пресудија на Ливерпул
И тоа се случи - Лејкерси победија
(ФОТО) Преку Катар до осминафиналето
Докузовски и Лукоил пријателски се разделија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Делумно облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: 3°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Големо реми со големата Русија
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Русија во четвртото коло од групата Б на 23. Светско прве...
Стартува македонската верзија „Танц со ѕвездите“
Ќе почне да се прикажува кон крајот на февруари на Македонската телевизија , ќе танцуваат Марјана Станојковска, Васил За...
Десет правила за скијање
Скијачот мора да се однесува така што да внимава да не им наштети или да не ги загрози останатите скијачи или бордери. Е...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |