27.09.2012, 12:25 Македонија во есенски толотен бран од жолта фаза
Со топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, денеска ќе биде зафатен дел од територијата на Македонија, вклучително и градовите Скопје, Куманово, Велес, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Валандово, Демир Капија и Дојран, соопшти Министерството за здравство, согласно најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.
Поради високите температури и зголемената можност за активност на комарци, Министерството потсети да се почитуваат општите препораки за заштита од топлотен бра��, како и посебно внимание да се посвети на препораките за заштита од комарци.
Според најавата на синоптичарите, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.
|