27.09.2012, 10:59 Отворена „Големата џамија“ во Стразбур
Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, кој истовремено е надлежен и за верските прашања, денес ја пушти во употреба „Големата џамија“ во Стразбур, проект чија реализација започна пред дваесет години.
„Големата џамија“ се наоѓа на два километри од катедралата на самиот брег на реката Илл и почна да се користи за молитви од август годинава од празникот Рамазан. Централниот дел за молитва на џамијата, кој е со површина од 1.300 метри квадратни, може да прими околу 1.500 верници, со што таа е најголемиот муслимански верски објект во Франција, пред џамијата во Еври, чиј дел за молитва има 800 метри кавдратни.
Џамијата е покриена со импозантна купола од бакар со дијаметар од 16 метри, но нема минаре. Планот за изградба на џамијата беше изработен во 1993 година и чинеше 10,5 милиони евра, од кои 26 отсто се финансирани од локалните и регионалните власти поради специфичните закони кои владеат во Алзас и департманот Мозел во Франција, каде се` уште е на сила Конкордатот меѓу државата и верските институции. Во изградбата на џамијата учествуваше и Мароко со 37 отсто од трошоците, додека Кувајт и Саудсика Арабија покрија по 13 проценти од потребните средства.
На церемонијата на отворањето на џамијата присуствуваа и претставници на католичката, протестантската и еврејската верска заедница.
|