27.09.2012, 13:53 „Гугл“ го прославува 14. роденден
Интернет-пребарувач „Гугл“ денеска го прославува 14. роденден. Се' започнало кога Сергеј Брин и Лари Пејџ за да ја основаат фирмата под името „Гугл“ подигнале чек во вредност од 100.000 долари, а за кратко време „Гугл“ прерасна во најголем пребарувач во светот.
Истовремено, „Гугл“ спаѓа и меѓу најпосакуваните компани за работа, но судејќи според прашањата на тестот за нови кандидати за работа, тешко се стигнува до тоа работно место. Вилијам Паундстоун, автор на книгата „Дали сте доволно паметни да работите во ’Гугл‘?“ објаснува какви задачи поставува „Гугл“ пред своите потенцијални работници. Тој во книгата открива како да бри��ирате на тестирањето во разговорот за работа во оваа компанија, а открива и некои прашања што се поставуваат на конкурсите за „Гугл“, пишува „Дејли мејл“ .
Како што тврди тој во книгата, менаџментот за човекови ресурси предвидува дали некој од кандидатите ќе ги задоволи барањата за извршување на работата, така што им поставува тешки задачи. На списокот на прашања на тестот, меѓу другото, се и следниве: Зошто капаците на шахтите се тркалезни? Колку тоалетна хартија е потребно за да се покрие цел Тексас? Намалени сте на големина на паричка и ставени во миксер што ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе правите? Колку би наплатиле за миење на сите прозорци во Сиетл? Колку годишно се произведуваат правосмукалки? Смислете план за евакуација на Сан Франциско...
|