03.01.2013, 16:50 Мислења
Оган во слободарските срца
Зоран Јовановски
Што значи молкот во Македонија. Зошто молчи Македонската академија на науките и уметностите? Каде е академскиот свет, претпоставената интелектуална елита?
„Се борев против доминацијата на белците, се борев против доминацијата на црнците. Се восхитував на идеалот за демократско и слободно општество, во кое сите живеат заедно во хармонија и со еднакви можности. Тоа е идеал за кој се надевам дека ќе живеам и ќе го остварам. Но, доколку треба, тоа е идеал за кој сум подготвен да умрам“ – Нелсон Мандела, април 1964 година, на почетокот од неговиот судски процес за обвинувања за саботажа.
Новогодишните празници поминаа. Си разменивме многубројни желби за добро здравје, за среќа, успеси, бериќет... Власта својата новогодишна желба си ја исполни, се одгајли од најголемото гајле. За една недела обезбеди пристап до повеќе од 400 милиони евра, било од домашни, било од странски извори. Тажно, но е вистинито дека сето она што го направи власта во парламентот, газењето на Деловникот, на законот, на Уставот, на пратениците и новинарите, беше за пари и за ништо друго. Финансиската цена од тоа - секое четиричлено семејство во Македонија ќе биде дозадолжено за нови 800 евра. Меѓутоа, онаа другата цена е највисоката можна цена и затоа заслужува посебно внимание.
Ги ставам настрана сите други срамни случувања во парламентот. Има три правни факти од кои постојнава власт нема да може никогаш да побегне и да се оправда. Прво, прекршени се прописите за носење на буџетот. Расправата за буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет не заврши, на претседателот на оваа Комисија му беше оневозможено да одржи претходно најавеното продолжување на седница на Комисијата и нема негов потпис на документот до претседателот на Собранието, а Деловникот го бара тоа, за завршена расправа во Комисијата. Донесениот буџет не и' е ставен на увид на јавноста пред да се донесе. Второ, новинарите се исфрлени од собраниската сала без одлука со двотретинско мнозинство од пратениците, нешто што не се случило досега во независна Македонија. Трето, пратениците и новинарите се исфрлени од собраниската сала од поединци кои некои немале видливи документи за идентификација. Заклучок: во законодавниот дом се прекршени Деловникот на Собранието, законот и Уставот.
Прашањето е што сега. Позицијата на власта е јасна. Бидејќи дојде до парите, нејзина главна преокупација сега се две работи. Прво, власта се обидува да создаде привид за нормалност. Како да не е ништо важно тоа што се случи во парламентот кога се носеше буџетот и дека животот треба да си продолжи најнормално. Тука дел од медиумите веќе ја играат својата улога.
Второ, власта сака да прикаже дека ова што се случи со парламентот при донесувањето на буџетот, а и протестите што уследија, се само меѓупартиска битка, ништо повеќе, дека по обичај партиите „таму нешто“ се расправаат и дека ова нема врска со народот.
Тука доаѓаме до главното прашање, до клучната нишка. Како ќе реагираат граѓаните, оние што не мора задолжително да се членови на политички партии или да се партиски определени? Нашето општество влегува во клучна фаза на себеосознавање, што е она што сме подготвени да го проголтаме, а што е она што никому не му даваме да ни го земе. Започнува оценување на државотворниот и на демократскиот капацитет на Македонија и нејзините граѓани. Од крајната оценка, што ќе си ја донесеме ние самите, а и од онаа што за нас ќе ја донесат странците, зависи иднината на земјата.
Она што се случи во парламентот не е ниту нормално ниту може да се поедностави и да се претстави како меѓупартиска политичка битка. И ништо не е случајно. Се' што се случува е систематски испланирано и е логична последица на менталната матрица на власта. Имаше знаци дека работата ќе дојде дотука, ама знаците премногу бавно ги читавме. Се сеќаваме дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје беа нападнати и истепани младите архитекти од т.н. Архибригада, кои на мирен начин го изразуваа своето несогласување. Се сеќаваме на убиството на Мартин Нешкоски. Се сеќаваме на писмото за „конечна пресметка“ со неистомислениците, за кое медиумите известуваа дека циркулира во интерните кругови на владејачката партија. Власта го посеа семето на длабока омраза и нетрпеливост кон сите кои не мислат како неа и преземаше чекори за да покаже „каде ќе им биде местото“ на сите кои ќе продолжат да не мислат како неа.
Знам дека граѓаните по дефиниција не сакаат конфликти. Голем дел од нив се вознемирени од ова што се случи, и од бесправното донесување на буџетот и од исфрлањето на новинарите од собраниската сала, и од тепањето на пратениците на опозицијата. Потребно е малку време да се процесираат сите тие настани, но граѓаните инстинктивно, длабоко во себе, знаат дека тоа што се случи е лошо. И тука мислам на сите граѓани. Јас сум сигурен дека и огромно мнозинство од граѓаните кои некогаш гласале за владејачката коалиција не го поддржуваат тоа што се случи. Ете затоа, ова не е партиско и политичко, туку граѓанско прашање. Би го пишувал истото ова и за ова би се борел тамам и да не сум во ниту една политичка партија.
Знам дека граѓанинот, кој политички не е определен, тежнее да не ја гледа врската помеѓу газењето на Уставот во Собранието и неговата лична судбина. Како да е Уставот нешто далечно, апстрактно... Тоа е најголемата грешка што може денес да се направи. Бидејќи, газењето на Уставот е директно поврзано со секој граѓанин во Македонија, а потенцијалните последици се огромни. Кој по газењето на прописите во парламентот може мирно да спие? Ако власта се дрзнува во законодавниот дом да не ги почитува прописите, што остана за другото? На пример, бизнисмените мислат дека ако продолжат да тераат како ништо да не се случило, ќе им биде полесно? Сигурно не. Тие можат да го развиваат својот бизнис и да бидат успешни се' додека „некој“ не фрли око на нивниот успешен бизнис. Граѓаните? Исто. Што ако „некој“ утре ви тропне на врата, ви влезе дома, ви го бендиса телевизорот, го спакува и си отиде? Каде ќе се пожалите?
Во овој контекст, да се запрашаме што значи молкот во Македонија. На пример, зошто молчи Македонската академија на науките и уметностите? Нели побелените коси треба да дадат ум, да кажат што мислат за кршењето на прописите во законодавниот дом. Каде е академскиот свет, претпоставената интелектуална елита? Ако сега се молчи, кој ќе застане во одбрана на следниот удар на власта врз автономијата и независноста на универзитетите?
Пред десетина дена жртва на власта беше Уставот. Утре можеби нејзина жртва ќе бидете вие. Ќе седите и ќе чекате да се случи тоа или ќе преземете нешто, мирно и достоинствено. Тоа е поентата на граѓанските собири што се случуваат секој ден низ цела Македонија. Дојдете и кажете што мислите. Пак ќе кажам, мирно и достоинствено. Има работи што се поголеми од која било политичка партија, за кои пламти оган во срцето, за кои луѓе некогаш ги дале животите. Трагедијата што се случи пред Нова година во Собранието никогаш повеќе не смее да ја повтори ниту една власт во Македонија.
(Авторот е потпретседател на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
Статијата е прочитана 4496 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 04.01.2013 00:50:49 | Problemot e vo toa sto makedonceto si ima podanicki mentalitet i se vodi od vekovnata mudrost: navednata glava sabja ne sece. Kolku dusi ima pred Rekord, da bideme iskreni ? Kolku ce imase ako nekoj krenese raka na, spored FELIX, nekoja od finite dami od DUI? Makedonceto nema kicma, a Nikola toa mnogu ubavo go znae. |
| Caki, 04.01.2013 00:58:27 | Molkot e poradi toa shto narodot ne mu VERUVA na vashiot shef. |
| Baba Zumbula, 04.01.2013 01:12:01 | Bi gi zamolila teflonceto na Evda i slicnite na nego,vo svojata domasna zadaca za denes da ja opfatat i 2003 godina.Potsetnik 1)za lidero http://www.youtube.com/watch?v=wfIBSGuynWs 2)za mikrofonite http://www.youtube.com/watch?v=wXAt7G0Zp_k 3)selo bez kucinja http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=eg7E95E8nVY.Za zal nema rotvajleri so penavi usti,so ili bez karticki za identifikacija,bidejki sepak, ziveevme vo demokratija.Kakva,takva!Kako li samo ke se protumacat 3 te pravni fakti koi gi nabrojuva Zoran,a se neoborivi?Tuku i jas sirota gresam.Sega ke vidime komentari od tipot *Tzi dupka ne e dupka* ili uste poprecizno De lana caprina riksari(mlatenje prazna slama).A i sekako znaeme da Vasa vacua maxime sonant (praznite posudi,najglasno tropaat).Pametni Latinive,a?Teflonce Evdino,poveli!Zorane,molkot vo MKD znaci Filipini vo vremeto na F.Markos,Kuba so F.Batista,Haiti so Z.K.Duvalje(Bejbi Dok),Paragvaj so A.Strosnera,Kongo so Mobutu Sese Seko,Uganda so Idi Amin..... |
| Mkd, 04.01.2013 01:39:58 | Od petni zili site opoziciski funkcioneri se obiduvaat da go aktiviraat narodot vo nivnata borba za rusenje na vlasta. Po malku vece stanuvaat i pateticni. Verojatno se razocarani od maliot odziv na ludje spremni da se mrznat sekoj den vo obid da se socuva karierata na vecniot BC. |
| Petre, 04.01.2013 01:46:30 | Заради сите причини кои ги наведе, опозицијата не смее да ги бојкотира локалните избори. Треба да се изврши притисок за создавање услови за фер и демократски избори, но неучеството на опозицијата на нив е сценарио кое Грујо го посакува. |
| USA, 04.01.2013 02:17:46 | Ako vasite argumenti imaat tezina, sose niv na izbori i ne 370,000 tuku 570,000 ke osvoite. Ili? |
| Zaedno se posilni, 04.01.2013 07:39:29 | Ne znam, mozebi e podobro revoltot da se izrazi na poinakov nacin, a ne na ulica sega po studot, ocekuvate isplasen narod da izleze na ulica (tuka apsolutno se soglasuvam so komentarot na itar Pejo). I partizanskite simboli ne znam na kolku luge im se simpaticni. Ako opoziciskite partii sakaat da pobedat na izbori, togas e ednostavno: neka se obedinat. |
| ФЕЛИКС, 04.01.2013 08:27:33 | Како прво г-дине Јовановски искрено ве ценам како умерен политичар и финансов експерт,но ме разочаравте кога не реагиравте за криењето на писмото од СБ.Во кое се образлага зошто СБ го вложува угледот и е гарант да државата може да се задолжи без проблеми долгот да го врати,плус ќе нема пореметување на ниската задолженост.Барем вие знаете како функционира СБ и сите други финансиски организации од светски формат.Оти сте биле вработен порано во некои од нив.Како ич неважно но по инерција ќе и одговорам на тефлонџиката Зумбуљка.Тоа што се случи 2003г. е тотално различно од вандализмот евидентен предновогодишен.Имаше одземање на картичка на спикерот НО немаше инвазија на Вандали кој го обиколија спикерот,немаше чепарење на неговата маса со заземање на фотељата,немаше наводнување компјутери,немаше спајалици во гласачкиот систем,немаше корнење на копчињата за гласање,расфрлање документи и најважното немаше евакуација на спикерот пред напливот на Вандалите.Зумбуљке наочарите за заварување долу |
| ???, 04.01.2013 08:57:56 | Всушност, секоја промена во овој свет е само површна, влез во нов магичен круг кој го водат карактеристиките, принципите/непринципите, етиката/неетикат��, моралот/неморалот на поединците на кои им се доверува МЕНАЏИРАЊЕ, не ВЛАДЕЕЊЕ со државата и народот. Значи, иако не молчам, не знам со која совест, со кој образ, да си го изберам поединецот. Не мислам нужно на Бранко овде, зашто ми се чини дека кога би бил во прашање само тој, можеби и можно е да се промени, ако не за друго, тогаш само за да докаже дека е подобар од Грујче. Само заради таа можност можеби, ама можеби, би го дала гласот. Ама што да правам со сите околу лешинари? Така ги доживувам, еве ми ја пред мене, едвај чека да се смени влада и да се докопа до работно место во администрација.Мене,а и на сите во оваа држава, не ни требаат дополнителни административски пијавици.Рамнодушноста за тој факт ми помина после првичниот бес кон оваа влада.Проблемот е суштински и го засега и системот и самосвеста и самоконтролата на поединецот |
| пријател до авторот, 04.01.2013 09:00:03 | Вие многу верувате на тоа што народот ВИДЕ што се случуваше во парламентот и дека сега голем дел од него ќе застане против Груевски.Грешите!Сигуно има некој сосема мал дел од симпатизерите на Груевски кои ќе го осудат тоа,но за поголемиот дел од нив тој е уште поголем јунак што така постапи.Народот е како девојка.Девојката го бира оној што ќе успее да ја заведе,без разлика дали тој е недомакин,неодговорен,лажго и пробисвет.Груевски го прави токму тоа.Го заведува народот.Палми,плажи,лавови,споменици,барокни фасади,присвојување на славата на Александар,избегнување на проблемот со името,затворањето на брат Љубе,телевизијата А1...Има уште многу работи кои не вијаат позитивно на стандардот и квалитетот на животот на народот,но сепак Груевски ги добива изборите.Затоа не играјте на картата на разумот на народот.И Хитлер дојде на власт на демократски избори.И него долги години го поддржуваше и следеше поголемиот дел од народот.Дали поголемиот дел од народот е разумен? |
| bitola, 04.01.2013 09:11:25 | zoran,ima edna pogovorka;so lazenje i kradenje mozes visoko da pojdes,ama koga ke padnes nikoj ne ti pomaga,mozi tuka e odgovorot na tvoeto prasanje na molkot,bideki opozicijata ja vodi samoimenuvaniot oktopod,bideki vistina izleze za se e kriv,negovite bogatasi denes gi plakaat reklamite so ocrnuvanje na bc. |
| do mkd, 04.01.2013 09:33:20 | Ne MKD, makedonskiot narod ne saka da se mrzne, ne saka da vojuva, na saka da razmisluva.Saka nekoj drug za niv toa da go izraboti.Zatoa nemu ne mu e dovolen problem sto ne postoi demokratija, sto nema od sto da zivee, sto nekoj drug se oboduva da im ja deli drzavata na polovina, a mozebi i na poveke delovi. Nema da bide svesen ni koga ke ja zagubi, kako sto ne bese svesen(ni blagodaren) ni koga ja dobi na tacna. Seto toa za nego ke bide samo gola borba na BC za vlast, kako najednostavnoto i najrazbirlivo objasnuvanje servirano od kujnata na Latas. Zatoa se soglasuvam so Jasna (Kotevska).Otporot da se nasoci protiv mediumskite udobno smesteni vo fotelji, podlizurkovci. |
| stojko, 04.01.2013 10:20:50 | Zorane i na tie so pobelenite kosi stravot im e vlezen vo koskite, no ima edna druga rabota, koga sultanot gi prasuval potcinetite sto pravi rajata?, i dodeka dobival odgovor deka rajata ne miruva toj si bil spokoen, no koga mu kazale deka rajata kako da ne postoi odednas se isplasil i rekol sega ke bide opasno!!! |
| od EU, 04.01.2013 10:36:35 | Site kolumni na Zoran koi dosega imavme moznost da gi citame, so negovoto bogati poznavanja, se napishani ednstavno i razbirlvo za sekogo;so jasni primeri i citati, ako sakme da gi razbereme.Mislam deka pak ke se naredat plateni komentatori koi najlesno ke go ubeduvaat nardot za *spasot* sto go donesoa vo Sobranieto tepacite, protiv *drzavniot udar* za da* ostane na polozaj* Banko. Ostavete go Branko na mira,toj samiot kaza koga ke se povlece, koga ke trebe! Poentata e, da se spasi Ustavot i zakonot predviden po nego koj kaj nas e zabraven kako ne potreben... Slucuvanjata od Ponedelnikot koj vo Mk veke se zamackuvaat so pomok na medijata, ima golem odziv,interes, nadvor od granicite na Mk. koi se nerazbirlivi za sekoja demokratska drzava, po sto normaln bi padnala Vlada. A nie koi sme vo EU,nemame obraz da objasnime neobjasnivo,ovoa(ne) demokratsko slucuvanje koe frla uste eden rezil vrz Vlasta i uste edna negativna zabeleshka za Mk.Tepanata.Znaete, tepanata Rada,e poznata vo EU
|
| Nisko zadolzeni ili niska pamet?, 04.01.2013 10:37:37 | Za nedela dena se podignati skoro pola milijarda evra kredit, bez kontrola kade ke odat tie silni pari, kako i bez obrazlozenie koj i koga ke gi vraca. Se e vo stilot, jas se nervirav dodeka da gi pozajmam, sega neka se toj nervira kako ke mu gi vratam. Vo sluchajov *toj* sigurno ke si gi zeme i toa sose kamata, ama ke se nervira makedonskiot narod so nekoja si nova vlada, koja ke mora da gi vraca. Ako znaeme deka vece sme dolzni okolu 5,5 i so ovie 0,5, vkupno 6 milijardi evra, toa e za nas smrt! Nema teoretska moznost da gi vratime, a da pri toa ne trokirame. I nikoj za toa ne diskutira, nego za *liceto BC*. Verovatno povtorno ke e toj kriv! Imame li voopshto um? PS: SFRJ e dolzela 22 milijardi DOLARI (poradi shto navodno se raspadnala), no i nejze i dolzele polovina od toa. A sega sami sme dolzni skoro kolku i bivshata drzava. Strashno! |
| Жт вк, 04.01.2013 10:59:47 | Да, и јас се прашувам зошто молчат. Сите што ја сакаат ова�� држава треба да се јават. Мора гласно да ги осудат сценаријата на Црвенковски за рушење на Македонија. Мора јасно побараме тој да си замине од политиката. Бранко е најголемото зло што и се случило на Македонија од нејзиното осамостојување. Доста му беше. Време е сите гласно да кажеме: ОДИ СИ БРАНКО И СПАСИ ЈА МАКЕДОНИЈА! |
| до „паметниот“ Феликс, 04.01.2013 11:57:19 | Што е толку битно што имаше 2003,а што немаше сега и обратно?Дали може да се оправда кршење на прописи,закони и Устав со тоа што некој порано го правел истото или слично на тоа?Колку години имаш ти Феликс?А ако си толку заинтересиран што имало сега за разлика од 2003,запрашај се зошто власта ги избрка новинарите и ги исклучи камерите?Ако она што го планираше и направи власта е оправдано,зошто тоа го сокри од новинарите и од народот?Да ги оставеше новинарите во парламентот, тие ќе беа сведоци на настаните.Да не ги исклучеше камерите ќе можеше и ти и секој кој сака,точно да види и да наброи кој и што ТОЧНО направи.Да беа присутни новинарите и уклучени камерите не ќе мораше никој никого да напаѓа ниту некој да се правда дека не направил ништо лошо.Се ќе можеше да се види.Што мислиш ти Феликс,ако воопшто мислиш,КОЈ се крие да не биде виден и да нема сведоци кога нешто прави? |
| реален, 04.01.2013 13:43:09 | Г-дине Јовановски,народот не е глупав,тој се сфаќа (тоа и ќе ви го докаже на следните избори),но не реагира затоа што е уплашен од власта! Вработените во администрацијата секојдневно трпат закани,но заради 1 суво парче леб што од таму го вадат мора да ги слушаат наредбите што ги добиваат,пензионерите зависат од вољата на Ставрески во врска со исплаќање на пензиите,земјоделците добиваат закани дека ќе им ги укинат субвенциите,итн,итн. Затоа народот мора да ги слуша и да не реагира, зарем мислите дека доброволно присуствуваат на контра-протестите??? Не е на доброволна основа, имаат наредба!
Но,вам Зоране народот ви верува,само продолжете така,вие сте човекот кој ќе го победи Груевски!
|
| Македонец, 04.01.2013 14:49:23 | Сите зборуваат за суспендирањето на уставот и кршење на законите на 24 декември 2012. Но никој не кажува за ЕКЛАТАНТНОТО КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ во 1995 или 1996 год. кога законските СОБРАНИ ПОТПИСИ (околу 200.000) од ВМРО ДПМНЕ со БАРАЊЕ за ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ беа без никаква причина отфрлени од СДСМ и БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ. НАЈВЕРОЈАНОТ ПОВЕЌЕТО КОМЕНТАТОРИ БИЛЕ УЧЕНИЦИ ПА ТОА НЕ ГО СПОМНУВААТ. ИЛИ АКО БИЛЕ ВОЗРАЗНИ ТОГАШ ИМААТ ПРЕВЕЗ ПРЕКУ ОЧИТЕ ПА НЕ ГО ВИДЕЛЕ. Значи УСТАВОТ веќе беше ВРЕМЕНО СУСПЕНДИРАН , КАКО И ЗАКОНИТЕ, 15 ГОДИНИ претходно од истиот човек што зборува сега за ПУЧ ВО ДЕМОКРАТИЈАТА!!!!! ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК се случи ОДАМНА. САМО ОВОЈ Е НАДОГРАДЕН од ВМРО како што ја надоградуваат нивната програма за избори. |
| devicanecot, 04.01.2013 15:19:44 | Почитуван Зоране,
Зарем не гледаш дека одите по скроз погрешен пат, по скроз погрешен правец. Што сакаш од МАНУ. Да го подржи исклучувањето на микрофоните, покривањето на камерите, непристојните зборови помеѓу пратениците, или пак срамните зборови на Стевче Јакимовски?
Со 1200 амандмани не се корегира буџетот. Вие во парламентот ја почнавте бељата, па кога во небрано се најдовте, , ајде да плачеме? Те Светска банка, те ОБСЕ, те ОДИХР...ете сега и со МАНУ...Со пензионерот Б.Ц. на чело нема да отидете подалеку од својот крај. |
| Stefan M., 04.01.2013 22:58:40 | Kristalno jasno za site koi so razum ke ja procitaat kolumnata. Covekot svjot razvoj iljadnici godini go temelel na faktot da se spreci vladeenjeto na zakonot na posilniot. I zatoa se pisuvani i usovrsuvani iljadnici, zakoni, pravilnici, delovnici... Znaci odogovornosta za segasnata politicka kriza treba da se bara kaj toj koj ne gi pocituva zakonite. Ako toj e Pretsedatel na sobranie (po definicija toj treba da go brani a ne da go krsi delovnikot) cumu ponatamu razgovarame? Zatoa sto Toj go prestavuva sistemot i toj ne smee da go zloupotrebuva. Ne e problemot sto se otstraneti pretenici tuku toa sto taa sednica e svikana PROTIVZAKONSKI!!!! |
| EU, 05.01.2013 00:41:07 | Ubavo kazano, no zaradi iznesenite argumenti opozicijata ne smee da go napusti parlamentot , nitu pak da gi bojkotira lokalnite izbori. Instituciite se edinstveno mesto od kade taa moze da ukazuva i pokazuva na pogubnata politika na vladata. A od pobelenite glavi vo MANU nema sto da ocekuvame, so cest na isklucocite, tie pobelea poradi dolgogodisnoto molcenje. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|