03.01.2013, 16:46 Си велам
Кого ќе бојкотира СДСМ
Ерол Ризаов
Бојкотот на изборите повеќе личи на напуштање на надежите отколку платформа за победа
По напуштање на парламентот, социјалдемократите најавија бојкот и на изборите. Политичката активност на најголемата опозициска партија по повикот за граѓанска непослушност останува на барикадите, на улиците и на плоштадите во градовите и населените места. Колку е ова мудра одлука на раководството на СДСМ е големо прашање дури и ако се работи за оправдан притисок врз тоталитарната власт, разбирлива политичка маневра, или потребата од поголемо медиумско и меѓународно присуство. Мислам дека со најавата за бојкот на изборите на начинот на кој се прави тоа на повидок е стратегиска грешка на опозицијата и на Бранко Црвенковски.
Прво да ги погледнеме мотивите за еден ваков чекор. По 24 декември, Македонија не е иста. Власта, тој ден, веќе обележан како црн понеделник, арогантно од позиција на сила примени насилство невидено досега во македонскиот парламент откако постои цели 68 години. Демократската јавност е стаписана не само од бруталниот, партиско полициски напад врз пратениците на опозицијата, нивно силеџиско отстранување од собраниските клупи, туку и обидот да се скрие тоа од јавноста. Очите и ушите на граѓаните на Македонија беа исклучени од многу важен настан во парламентарната историја на Република Македонија. Новинарите од речиси сите македонски медиуми се исфрлени од своите работни места само за да не допре глас и слика до јавноста од она што требаше да се случува по веќе изготвеното и планирано сценарио. Со кршење на конститутивниот закон на државата, на член 16 од Уставот, по задушување на слободата за информирање, по наредба на највисоките државни функционери во парламентот влезе тајна полиција, која ја суспендира парламентарната слобода, ги нападна народните претставници и избраници и ги исфрли буквално од пленарната сала. Груб антидемократски и насилнички чин за кој нема оправдување по ниедна основа. Пратеници да јадат ќотек од полицајци во цивил, цела опозиција да биде исфрлена од парламентот е типичен настан примерен за најцрните диктатури. За сето ова злодело да остане во колективното памтење на граѓаните, најзаслужна е пратеничката Маринела Тушева, која со својот мобилен телефон направи вистински подвиг. Потоа социјалните мрежи на интернет за миг ни ја прикажа нам и на светот целата таа срамна хорор епизода од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Настаните што следуваа по суспендирањето на парламентот и задушувањето на слободата на информирање се исто толку тешки и мачни колку и црниот понеделник. По некои постапки, дури се уште пострашни. Власта од местото на злосторството сакаше да направи победа на демократијата со доктрина типична на режимите. Со личен ангажман на премиерот Груевски и со помош на медиумските мегафони на власта следуваше нова атака врз сите сетила на граѓаните дека е спречен државен удар. Извојувана е голема победа. Оневозможена е опозицијата со неколку жени-пратеници, меѓу кои и бремени, во Собранието и со три илјади демонстранти пред него, на една страна, а на друга страна неколку илјади полицајци и спротивставени граѓани да ја собори легално избраната Влада и да воведе диктатура. Практично, по суспензија на парламентот, со уште поголема жестокост почна медиумската пропаганда дека се работи за спречен преврат, пуч, државен удар. Како почнаа работите со блицкриг, така Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги изгаснат. Ама работите не одат секогаш според домашниот есап.
Се сеќавате, прво тоа беа демонстрации против опозицијата од арсеналот на Слободан Милошевиќ кога пензионерите, земјоделците, уметниците, спортистите, писателите, актерите, музичарите, ловџиите, пчеларите, возачите и сите српски патриоти бараа Милошевиќ да се пресмета, конечно, со опозицијата, која сее хаос и го блокира развојот на државата. Потоа следуваа апсења и суспендирање на парламентарната демократија, а потоа вождот великодушно им нареди на опозиционерите да се вратат во парламентот и на демократски начин преку избори да ги измерат силите. Се разбира, Милошевиќ секогаш убедливо победуваше, до последниот пат кога Србија го победи и стравот и фалсификатот. Милошевиќ замина во Хаг и на буништето на историјата.
Ако само од овој аспект се гледаат настаните во Македонија пред и по црниот понеделник, тешко можат да се стават забелешки на социјалдемократите зошто сакаат да го бојкотираат парламентот и изборите, бидејќи се' уште нема гаранции дека т��а ќе бидат фер и демократски избори. Не се работи само за недостиг од одредени меѓународни стандарди и норми неопходни за чисти избори, туку се работи за силен притисок на власта врз армијата државната администрација, за реална опасност од корумпирање на избирачите и злоупотреба на странските кредити во буџетски рилакс од над 200 милиони евра пред избори, што беше присутно на претходните предвремени парламентарни избори. Сето тоа создава нерегуларен и недемократски амбиент за што нема никаква најава и подготвеност дека нешто ќе се промени. Власта сите овие денови продолжи да демонстрира агресивност, ароганција и јазик на конфронтација. Дури и за она лицемерно жалење што се случи со новинарите во парламентот сега ги повлекуваат своите изјави со оцената дека се' било во рамките на законите.
Па, зошто тогаш е грешка да се бојкотираат изборите. Прво, погрешна е процената на врвот на СДСМ што значи тој повик на бојкот и колкав е ефектот од тоа. Тоа повеќе навестува изневерување на сите надежи дека ќе се порази оваа политика отколку што поттикнува на пресврт во перцепцијата на јавноста. Илјадници граѓани, на последните избори над 370.000, го дадоа својот глас на блокот на социјалдемократите, тој капитал сега е поголем. Нивното исклучување од изборниот натпревар колку и да ги направи нелегитимни изборите, не ја загрижува власта, туку самата опозиција и демократската јавност, која во Македонија се' уште е малцинство. Процената е погрешна и поради тоа што по седум години, на јавната сцена се појавија повеќе интелектуалци, творци и мислечки луѓе кои не припаѓаат на политички партии и луѓе кои со своите ставови биле и се поблиски до десницата, но кои сега жестоко се спротивставуваат на оваа погубна политика. Тоа се луѓе, личности, кои бараат нормална држава, луѓе кои се спротивставуваат на задушување на творештвото и на слободата, на газење на човековите права. Сите тие се припадници на движењето на отпорот кои со демократски методи бараат да престанат лагите, пропагандите, омразата и стравовладата на Никола Груевски. Тоа се мислечки луѓе на првата критична маса кои гледаат дека Македонија стои во место и осиромашува од ден на ден, заостанувајќи и во однос на соседите и во однос на себе од пред 20 години. Опозицијата мора да го слушне овој глас и да понуди нова платформа за победа. Тие нови опции за коренити промени се во големата масовност на следните локални и парламентарни избори без оглед дали ќе бидат редовни или вонредни, време е во опозицискиот камп да влезат коалициските партнери не само од македонскиот дел на опозицијата. Без тоа, нема победа. Играњето премногу на картата на меѓународниот фактор и лицемерно пазарење со трикови во односите со албанскиот партнер никогаш не дал големи резултати. Бранко Црвенковски треба добро да размисли што ќе понуди за пресврт. Едно е сигурно. Бојкотот не е дел од решението. Тоа е дел од проблемот. Бојкотот на изборите повеќе личи на напуштање на надежите отколку на платформа за победа.
Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот
|
Статијата е прочитана 5877 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Васко, 04.01.2013 00:26:55 | И сега дека ги подучи ќе те послушаат нели? А бе ти Ерол изглед ане знаеш со кого ис имаш работа! Ова не е опозиција каква би сакале сите ние да имаме. Ова е опозиција каква сака само БЦ. Е не може така да се победи власта. Потребна е разумна опозиција со цврсти ставови и аргументи кои ќе ги убедат гласачите дека треба да ја казнат сегашната власт. Тој филм со СДСМ во опозиција и нејзин лидер БЦ нема да го гледаме. За жал! И ти престани да ги браниш зашто не се вредни за тоа. Кукавици! |
| Itar Pejo, 04.01.2013 00:34:07 | Ne si vo pravo Erol. Sami si zasluzija da bidat isfrleni kako partali. Zosto ne bea isfrleni finite dami i gospoda, kako sto gi narekuva Felix, od DUI? Koga ce dojde na red zakonot za branitelite, namesto da ja tepaat Teuta, kako nekakva Rada, vlastite ce doesat avtenticno tolkuvanje i ce bide ili penzii za site ili za nikogo. Avtenticno, kulturno i patriotski. |
| leviot, 04.01.2013 00:38:15 | Sdsm si igra ruski rulet so svojata sudbinata Ovie denovi se iznaslusavme eden kup brzopleti izjavi i istrcuvanja posebno od Zaev i od drugite kandidati za gradonacalnici koi ostanaa zateceni od ovaa cudna odluka. Mi se cini deka deluvaat kako rashtiman orkestar koj ne moze da se dogovori koja pesna ke ja sviri.
Crvenkovski mora da razbere deka licnite cuvstva ke mora da gi potisne vo vtor plan za da moze so bistra glava da se donesat vistinski i razumni odluki . Vo ovoj period pred izbori e da se bide ili ne zasto eventualniot bojkot ke znaci siguren poraz na slednite parlamentarni izbori. |
| Коста Стоименовски, 04.01.2013 00:42:59 | Авторот реално укажува дека бојкотот на изборите би бил штетен како за државата, така и за партијата! Пред неколку дена, со иста цел, во еден веб-коментар ја цитирав изјавата на генерал В. Јарузелски „Не е тоа патот“ (Нје тенди дрога). Добро е што опозицијата врши притисок за исполнување на критериумите на ОБСЕ и ОДИХР, но, прави тактичка грешка кога настапува со цврст став дека нема да излезе на избори! Опасно е кога се даваат лесно дадени и нереални ветувања, бидејќи доколку се погазат можат да нанесат сериозни штети. Опозицијата би требало да инсистира на рамномерна застапеност на власта и опозицијата во медиумите, посебно на Јавниот сервис кој го финансираат сите граѓани. Треба упорно да се бара да се спречи злоупотребата на буџетски/народни пари за партиски цели на владејачките партии. |
| Gogo, 04.01.2013 00:54:36 | Ова што го прави Црвенковски нема да биде негова прва грешка, ама се надеваме последна и се надеваме дека повеке нема да го глеџаме во Македонската политика. Инаку тоа дали ке се појави СДСМ на избори или не ама баш нема да им чуе на ВМРО, колку што јас памтам и ВМРО бојкотираше избори па што направи СДСМ ја искраде државата кога беше сама на власт. Можеби СДСМ игра на таа карта да се занесе ВМРО и толку да забега па на некои следни избори не знам кога тие да победат, ама со Бранко на чело никогаш нема да победат, Бранко е многу многу оштетена роба |
| jovan, 04.01.2013 00:56:49 | *Се сеќавате, прво тоа беа демонстрации против опозицијата од арсеналот на Слободан Милошевиќ кога пензионерите, земјоделците, уметниците, спортистите, писателите, актерите, музичарите, ловџиите, пчеларите, возачите и сите српски патриоти бараа Милошевиќ да се пресмета, конечно, со опозицијата, која сее хаос и го блокира развојот на државата.*I se uste ne vi e jasno deka toa istoto e i ovde, organizirano od strukturite na istiot toj Milosevic(vo slucajov Zingo/Latas).Pa ne li gledate deka stabot na DPMNE e vo Sitel. Ne li PAMTITE koj e Sitel. Samo dzabe si pisuvate, a nisto ne se prevzema. Prasajte gi Srbite kolku se kaat sto navreme ne mu zastanaa na patot na Milosevic, a vie ovde na istite tie strukturi im dozvoluvate oro da vodat niz drzavava, koja definitivno ke ja vturnat vo nepovrat i ke ja zrtvuvaat za SVOJ celi i interesi. Srbija barem go prezivea Milosevic i pocnuva da se oporavuva. Nie ke iscezneme, bez moznost za povratok. |
| Neverni Toma, 04.01.2013 00:59:54 | Bez jasna strategija i stav opozicijata nema da ima uspeh. A bojkotot e uste eden cin, koj narodot go dozivuva kako beganje od megdan. Za nivnoto insistiranje na pomos i ucestvo na medzunarodnata vo izborite i da ne zboruvame. |
| Predavnik, 04.01.2013 01:22:56 | Erole, da bideme precizni i tochni, opozicijata ne go napushti parlamentot, nego bea nasilno/naglavachki isfrleni. I tuka povece vracanje nema! Onoj shto ke se osudi da gi povika (direktno, indirektno ili toboze), pred se so povikuvanje na razum, mora da e pomeren vo umot i da nishto zaednichko nema tokmu so razumot. Posebno ako toj povik doadja od onie shto go i naredija zlostorstvoto. E sega za lokalnite izbori i mozniot bojkot. Lichno smetam deka e pogreshen chekor da se bojkotirat predstojnite lokalni izbori. Ne zarad RM, ponajmalku zarad DPMNE (ich oko nema da im trepne), nego za niv samite i golemoto glasachko telo koe stoi zad niv, a vo ovoj moment i zarad neutralnite, da mozat svojot bes kon vlasta da go iskazat so izbirachkoto livche. No odlukata si e nivna! Pametni se toa ludje i gi imaat site parametri, pa veruvam deka ke donesat najdobra mozna odluka. Im posakuvam najdobro! PS: Zakonski ne mozesh za vtor krug da se povlechesh (za onie shto aludiraat na 94). |
| Mapkoc, 04.01.2013 01:32:43 | Бојкот? Црни СДСМ-овци. Па вие и вашиот лидер не смеете да заборавите дека на своја душа имате „источен грев„: со своето комотно управување со земјата, сакале не сакале, го сондиравте теренот за доаѓање на власт на сегашнава чума. Зарем без борба ќе го надминете овој грев. И јас мислам дека е евентуално сметање со меѓународниот фактор чиста утка. Таму ќе бидат божем згрозени, ќе стигне некоја порака од Брисел до власта ала „да ви е срам„. И толку. Впрочем, слична сметка, чинам, еднаш имал Слободан Милошевиќ. Има сериозни аналитичари кои тврдат дека токму Милошевиќ – одкако ги натерал краишките Срби да го одбијат инаку за нив одличниот план „Z4„ – дури го „помогнал„ егзодусот на Србите од Хрватска, сметајки белки дека ефектите од ТВ сликите за стравотно страдање на обични луѓе нешто ќе сменaт во по се’ легитимното право на Хрватска да ослободи свои територии. |
| Македонец, 04.01.2013 01:37:44 | Перцепцијата на ВМРО за демократијата не е моја визија за тоа како треба да се пректикува истата. НО, перцепцијата на СДСМ, т.е. на Бранко „папата“ Црвенковски, ИСТО ТАКА не е моја визија за тоа што е демократија. НЕГОВОТО ПРАКТИКУВАЊЕ ГО ВИДОВМЕ ВО МИНАТОТО И НЕ Е НЕШТО ПОРАЗЛИЧНО. Така што ситуацијата на политичката сцена во Македонија е како народната „угоре високо, удолу длабоко.“ Треба да бираме од две зла, но ниедно од нив двете не е помалото, само е поразлично. Зло си Зло. |
| Миле, 04.01.2013 01:49:33 | Апсолутно си во право. На опозицијата на крај на памет не смее да и падне да ги бојкотира изборите. Не знам кој смислил таква глопост, ама на тој начин не се доаѓа до целта. Опозицијата конечно се разбуди, тргна по вистинскиот пат, граѓаните се посмело го креваат гласот, така што на избори МОРА ДА СЕ ОДИ! |
| USA, 04.01.2013 01:52:20 | Ili ke izgubat na izbori ili ke gi bijkotiraat. TRETO NEMA. Slobodoumnite se oslobodija od umot. |
| Редовен читател, 04.01.2013 02:37:23 | Опозицијата сама себе си ќе се бојкотира никого друг. Порано така направи и ВМРО-ДПМНЕ па потоа се каеше. Но мене едно не ми е јасно. Ги споменуваме 200 милиони евра заем, и голем дел од читателите, а и од новинарите пишуваат дека ќе се злоупотребат за локалните избори. Приметувам дека никој не го поставил прашањето ЗОШТО СО ОЛКАВА ЛЕСНОТИЈА НИ СЕ ДОДЕЛУВААТ ГОЛЕМИ ЗАЕМИ, БЕЗ ДА ДОЈДАТ(КОКО ПОРАНО ШТО НИ ДОАЃАА) ЕМИСАРИ ОД ММФ И ОД СВЕТСКА БАНКА СО АКТОВКИТЕ, ДУРИ ПО ДЕСЕТ ДУШИ И ГИ ЧЕШЛАА БУЏЕТИТЕ, ПА ПОТОА ЌЕ НИ ОДОБРАТ 20 ТИНА МИЛИОНИ. Сакам некој од читателите да ми одговори дали тука има нешто симптоматично и што е тоа. |
| Baba Zumbula, 04.01.2013 02:38:28 | Najgolema greska na opozicijata e da ne odi na izbori.Neka ne se vraka vo Sobranie(tamo ima mnogu pobesneti rotvajleri so pena na ustite,a ne se pelcovani protiv besnilo.Opasno e) no ne smee da gi izneveri tie sto dadoa glas za niv.Treba da gi pridobijat neopredelenite,koi posle fasistickiot 24.12.2012 im se mnogu poblisku.Se soglasuvam so Kosta da mora da se izborat za ucestvo vo MRT koja e finansirana od budgetot na site,a raboti samo vo interes na pozicijata.Tocno e da BC ne bese dobar.Zatoa i narodot go kazni.No ova sto se slucuva vo poslednive godini go nemalo ni vo tursko ni vo kaursko.Kulminacija 24.12.2012.MKD tone sekako,na ekonomski plan,na etnicki,na megjuetnicki,na megjunaroden,na megjusoseden,na zdravstven,na obrazoven,na praven...a ne gledam nesto da ne tone.A da,nesto sto ne tone se bankarskite konta na poedinci.Mora da se iznajde formula da se vodi kampanja za izborite zosto samo narodot moze da go resi *Ceskiot rebus* i site znajni i neznajni rebusi,gatanki.Nikoj drug! |
| cane sokolovski, 04.01.2013 04:26:47 | Пак некој со минатото?? Колку пати ја реков фундаменталната идеа на Тојота дека во праксата минатото НЕ ПОСТОИ! Инаку има вистина во зборовите на Маркос – се е причински последично. Т.е. Заради тоа како СДСМ се однесувал во минатото имаме ваква сегашност. Се согласувам со Ризаов дека во овие околности бојкотирање на избори е давање легимитет на ужасно не легитимна власт. Према тоа раководствотео на СДСМ треба добро да размисли. Јас сваќам дека има силни емоции, ама во интерес на доброто треба да бидат преовладани. Еден близок ми рече ВО ОЧИ дека при последните избори му дошол директорот и му рекол да најде 15 гласови за ВМРО или.. Друг му рече на мој близок, ПРЕД МОИ ОЧИ-ќе го вработиме син ти, ама најди книшка. Трет близок ми рече ВО ОЧИ дека му дошле двајца во офис и му рекле да даде 2500 евра за мајката партија. Тој одбил а потоа стигнала..казна. Ова е морбидана злоупотреба на власт, се вика blackmail или coercion и се казнува со затвор. Ама тоа е сегде само не кај нас! |
| Vlast je slast, 04.01.2013 05:22:15 | Opozicijata vo ovoj moment ima shansi za pobeda samo ako se OBEDINI. Taka ke pobedea i na minatite izbori. Ama tepajki se za pogolem del od kolachot, izgubija. |
| ФЕЛИКС, 04.01.2013 08:14:01 | Уверен сум да идејата за ваков напис на авторот му предизвикала судни маки,оти треба да се напише нешто кога греши опозицијата.Инаку ова е втор напис денеска на иста тема.Па од тие причини прво ни се објаснува кој тоа таму се однесувал диктаторски,и нормално молк за собраниското предисфрлувачко практицирање вандализам,со голема сличност кога Вандалите влегле во Рим,додуше тука во собранието во минијатура.По се изгледа ,,дежурниот шумар,, праќа порака во свилени ракавици преку блиски до опозицијата.Па кој разбрал,разбрал а кој не следи нешто друго во форма на катил ферман со реквизит во форма на свилен гајтан внатрепартиски. Значи имаме нова верзија на Хераклит,,се тече,ништо не се менува,,Очекувам искрено ланската драмолетка да има праизведба со ,,абе ќе одиме на избори,нема бојкот,,И повторно некој како Евдините Зумбуљки и оној 5001 пред Рекорд ќе прифатат ,,таков е историскиот миг,повторно се беше залудно со протестирачкиот бојкот,, |
| do site dobronamernici, 04.01.2013 09:15:02 | Kako se priblizuva mesec Mart i izborite, taka platenicite na partiite na Vlast se sé poaktivni vo plukanjeto, ne kon opozicijata , tuku kon Branko.Ne sponuvaat deka Branko ne saka PREVLAST za sebe( toj postigna sé) tuku za spas na Makedonija i nejziniot narod.Se slozuvam so nekolku razumni i ne plateni komentatori koi nema da gipovtoruvam;
*pameten, Jovan, Kosta S.. koi se obiduvaat da ni gi otvorat ocite, iako onie Gebelsite, vednas izleguvaat od busija! NO da napomnam deka Opzicijata vo odnos na Vlasta se vo nezakonska ponizena polozba,po site politicko moralni normi .Tie trebe da imaat RAVNOMERNI minutu na TV, vo pecatot ednakvi stranici i reklami, kako i ednakvi oglasni tabli, sto ne e slucaj kaj nas!(sic)Ovie normi se zastapeni, na sekade vo svetot,duri i brojot na fotografiite e edednakov za site kandidati. Kaj se navogjaat ovie po se sto se sluci,da baraat od opozicijata da se vrazumi i da se vrati tamu, od kade bea na kloci isfrleni?! Strazburg pak ke ima *rabota* |
| Gjorgji, 04.01.2013 09:18:18 | Kolumnistot ocigledno ima amnezija, pa ke go potsetam. Demonstracijata na sila vo parlamentot ja zapocna opozicijata so nasilno odnesuvanje (krsenje i frlanje mikrofoni na sobraniska komisija, fizicki kontakti so pratenicite od vladeackoto mnozinstvo, nasilno blokiranje vlez na site pratenici vo sobraniskata sala, fizicki napad vrz integritetot na pretsedatelot na Sobranieto na R. Makedonija), za po seto ova da sledi legitimno otstranuvanje na pratenicite od salata koi fizicki se presmetuvaa so ostanatite. Vsusnost, istoto ova go stori i Andov na vremeto, taka da ne e ova prv pat fizicki da se otstranuvaat pratenici od sobraniskata sala. - Kolku da go potsetam Erol, oti ocigledno go fatilo amnezija. |
| Rezzilof, 04.01.2013 09:44:23 | Опасноста за демократијата е во “теророт на малцинството над мнозинството“.Кога и да е сдсм во опозиција започнува “теророт на малцинството“.Само ден по изборите кои ги губат тие зборуваат за дикататура,фашизам и бараат предвремени избори!А факти и идеи не нудат. |
| Aleksandra Dukovska, 04.01.2013 09:55:06 | Pocituvan G-din Rizaov.Sekoj ima pravo na Bojkot. Ne vi go razbiram tekstot i porakata. Dali istrazivte kade vo svetot i vo Evropa imalo vakvi slicai? Dali dadovte definicija za parlamentarizam? Dali znaete shto se beli galsovi, koi se pojavija na izborite vo Srbija? |
| Nedozreanost?!, 04.01.2013 09:59:50 | Bojkot,i sto potoa? Toa e izbrzana i nezrela odluka, koja ama bas nisto ne nosi. Ovdeka izgleda se raboti ne samo za sudir na koncepcii i interesi, ami i sudir, odnosno licen animozitet na dve licnost, od edna strana Grujo od druga Branko. Branko vodejci se od toj animozitet gi zanemaruva vistinskite prasanja i donesuva nezreli i nedovetni odluki koi povece ce mu donesat steta na SDSM otkolku korist. Igranje na nadvoresen faktor n e pali. Ene Sev. Koreja si tera po svoe, Belorusija isto taka . |
| do erol, 04.01.2013 10:01:34 | Sto znaci toa totalitarna vlast...gledam go treses poimov kako od rakav. Osven ako ne si platen novinar, so tvoeto dolgogodisno iskusto (kakvo,takvo), bi trebalo da znaes deka sekoja partija koja legitimno dobiva izbori ima pravo da upravuva so zemjata taka kako sto najdobro misli,znae i umee. I toa trae do narednite izbori,na koi gragjanite so davanjeto na glas odlucuvaat dali partijata dobro rabotela ili ne. I sto ima tuka nejasno ?!?! Po tvojata logika i demokratite vo sad se totalitarna vlast, imaat visok vo parlamentot imaat svoj pretsedatel...
Tvoite kolumni se dosadni, predvidlivi...nisto novo... isto kako lanskiot sneg |
| до Ерол Ризаов, 04.01.2013 10:10:43 | Зошто го споредуваш Милошевиќ со Груевски?Милошевиќ бараше да се почитува правото на територијалниот суверенитет и интегритет на државите и неменливоста на границите по пат на сила.Значи,ја бранеше Повелбата на ОН,меѓународното право,меѓународните конвенции и резолуции.Дали и Груевски го прави тоа? Милошевиќ бараше Хрватска и БиХ да не се отцепуваат насилно,обесправувајќи го српскиот народ во нив и одземајќи му го правото на конститутивен народ,равноправен со хрватскиот и бошњачкиот.Значи,бараше да се почитува Уставот и законите.Дали и Груевски го прави тоа?Верувам дека и ти тоа го знаеш,но ја користиш сликата која Запад ја створи за Милошевиќ,како готов пример за лош државник кој работел против својот народ.Тоа воопшто не е поштено од твоја страна.Уште кога ќе се сетиме дека опозицијата против Милошевиќ ја водеше Вук Драшковиќ,кој ги величаше четниците и за кого не постоеше македонски народ!Споредба Милошевиќ и Груевски, и опозицијата на Милошевиќ со опозицијата на Груевски!? |
| milan, 04.01.2013 10:27:08 | G-dine Erol licno mislam deka nema nikakva greska od SDSM. Ako do lokalnite izbori se procisti izbirackiot spisok, se odstranat primedbite od OPSE-ODIHIR,pa potoa se sredi ednakvosta so mediumite,togas sigurno izleguvaat na izbori,Bez razlika na brutalnoto i necivilizacisko isfrlanje od sobranieto,ako se sredat rabotite izleguvat na izbori, a ako ne cumu izlez na lazirani izbori koj odnapred se gubat.SDSM ne smee poveke da bide dekor so sto vlasta ke ja laze kako domasnata taka i megunarodnata javnost. POZDRAV. |
| zoki, 04.01.2013 10:28:18 | Mislam deka poentata na SDSM e povozvisena od taa sto si ja pretstavuvate.Tuka ne stanuva zbor za izleguvanje na lokalni izbori, tuku na bilo kakvi izbori organizirani od ovaa vlast.Celta na SDSM e da ja spasi Makedonija od ovaa vlast.Koga ovaa vlast si dozvoluva da isfrla novinari i pratenici od sobranie , samo slepec moze da si zamisluva sto ke se slucuva na izbori so obicniot narod.Bojkotot e legitimen, no prasanje e na takvi izbori, na koi ke izlezat preku sila 400 iljadi gragjani i prisilena administracija, kolku ke bidat legitimni. |
| Rase, 04.01.2013 11:43:22 | ****Демократската јавност е стаписана не само од бруталниот, партиско полициски напад врз пратениците на опозицијата, нивно силеџиско отстранување од собраниските клупи, туку и обидот да се скрие тоа од јавноста**** Dovde citav dovolno mi bese. Ti Erole gradis kukja od 2 ri sprat nagore, a 1 vi, prizemje, podrum, temeli????
Znaci tie ropuci so bea ISFRLENI bea isfrleni po nekoj si clen od delovnikot na sobranieto so ja ne go znam ama znam deka bea isfrleni pravedno i sto e mnogu bitno niv gi isfrli zakonot, sobraniskoto obezbeduvanje ne pratenicite na pozoicijata da bideme nacisto. Znaci tie prvin napagjaa i verbalno i fizicki krsea i delovnik i mebel so nie sme go platile i so trebase da gi ostavat da go srusat sobranieto???? Znaci ako vekje se kritikuva togash neka bide realno. Znaci pri krazba ne e biten pokradeniot zrtvata tuku se bitni *pravata* na nasilnikot. Erole vo koe vreme ti zivees??? |
| jana, 04.01.2013 11:48:44 | abe erol, uste li pisuvas po naracka na Branko ??..ke flrles nekoja recenica so umerena tezina protiv Brane, za da ne go navredis, i posle pocnuvas da plukas po vlast...istata vlast koja pred deset godini tepase narod i strajkuvaci po ulici...togas ti si molcese...nikade ne procitav kako eden covek zloupoitrebuva cela partija samo da bide uste vo centarot na javnosta oti ne saka da priznee deka e drtav dedo vo koj ni decata ne mu veruvaat...napisi barem ednas nesto takvo...sto glumi SDSM na celo so BC???...francuska revolucija ?...partizanska eskadrila??..abe ne zafrkavaj !...tri porazi vo tri godini, ke si igrame izbori dodeka BC ne pobedi !??? |
| meksikanec, 04.01.2013 12:08:25 | Г-не Ризаов лично мислам дека опозицијата е свесно и плански истерана од Собранието доколку тоа не се случеше, таа самата требаше да го напушти за да не биде предмет на политичко насилие од интелектуално послабите.Улицата е испробан мегдан на актуелната власт која со успешна манипулација на масите, парите и другите нејзини поддржувачи рачуна на победа. Се би било во ре��, доколку сиромаштијата и покрај големите задолжувања на власта сурово не зачука на вратата на сите домаќинства.Но, откако го доживеавме второто полувреме од Македондкиот дел од пеколот повеќе во државата ништо не е исто.Радоста не е радост, песната не е песна, а симфонијата наместо да го освежува умот почна да свири во стомаците на гладните.Од тие причини, на опозицијата сите опции и се слободни.Која ќе биде последната и зошто баш таа, времето кое доаѓа ќе покаже.Засега нека си поигра со живците на децата од Шаторот пред Собранието, а потоа нека го повлече последниот потег.Во секој случај тешко ќе ни биде на сите. |
| karokan, 04.01.2013 12:41:15 | Потполно се согласувам со гледиштето на Baba Zumbula и посебно со видувањето на г-динот Стоименовски.Тука не е ништо спорно,дека бојкотот е погубен за опозициската партија и уште попогубен за земјата во целина.Не е спорно ,во нормални услови,опозицијата да се бори за вметнување на критериумите на ОБСЕ и ОДИХР!!!Не е спорно да се бори и за еднаква застапеност во медиумите (кои медиуми-има ли такви)!!!Не е спорно да се бори против злоупотребата на народните пари во партиски цели!!!Но,како!!Првата борба видовме како заврши,со која дефакто веќе се обезбедени пари за корумпирање на гласачкото тело (по теркот на последните НАЈНЕРЕГУЛАРНИ ИЗБОРИ досега).Ме “загрижува“ само дали ќе се изнајде или веќе е изнајден погоден “трезор“ за 3-та ИЕ
(индиректно и г-дин Стоименовски),бидејки претходниот, по неуспешниот обид за заташкување,веќе е затворен за сторениот злочин при прославата на “победата“!!!!!!
Дали во такви околности е подобар бојкотот или давањето легитимитет на нерег. и насил.
избо |
| Вмро-вец, 04.01.2013 13:04:38 | Да живее Бранко !!! Да биде уште долго време на чело на СДС !!! Така ќе владееме уште долго, долго, долго... |
| tihi, 04.01.2013 14:20:12 | Ima edna narodna ,koja veli ,so sila mozham da ti zemam a ne da ti dadam.Narochito na lugje koi se samodovolni i voshiteni koga papata kje gi pogali po glava.I pritoa za sebe smetaat deka se najpametnite na svet. Reshenieto kje go donese slednoto merenje na rejtinzite vo zavisnost od rezultatot vo nego kje bide i reshenieto. |
| Ема, 04.01.2013 14:46:22 | Се согласувам дека не треба да се повлекуваат од своите позиции,туку треба да ги зацврстат уште повеќе и да бидат гласни и во Парлатементот и на улица. Сметам дека ќе биде голема грешка ако СДСМ ги бојкотира изборите.Не смее да дозволи едни вакви силеџии да ја избркаат, некој мора да ја каже вистината и да ја одбрани државата. Да, тоа што се случи во Парламентот е настан без преседан и нема оправдување за таквото шокантно кршење на човековите права и Уставот на една држава,но луѓето почнаа да слушаат,СДСМ имаат отворен прозорец во ВМРО-вската чаура од корумпираност и страв, треба да го искористат тоа. Поздрав и секое добро... |
| od makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonja, 04.01.2013 14:51:56 | do site podrzyvaci na vlasta ako ova vlast e za falene togas vie sve za zalene kako fileks nekoj si georgi i mnogy drygi vasijo pastir nikola de jas ziveam vo sratnstvo vo makedonija mi beja skrateni pravata kako da bevme teroristi ako nemavme makedonski pasos amerikanskijo ne go priznava gyri i eden bezobraznik ne terase dase otkazime od makedonskoto drzavljanstvo isega sedojdeni vo amerika kako pitaci molat da zemis pasos a pasoso moj sedi vo vnatresni vo bitola zosto nego prakat dago podidnam od nework za ova li demokratija zboryvate e prokockavte drzavata proklenici banditi stram da vie |
| devicanecot, 04.01.2013 15:12:42 | Почитуван Ерол,
Морам да те пофалам. Почнуваш, за наша среќа да аи со другото око. Само не го земај 24 - ти декември 2012, земи го ете 10-ти декември 2012, па анализирај наваму.
И нема ништо тука чудно. Истата оваа опозиција и пред две години излезе од парламентот. Бараше и доби предвремени избори. Но ги изгуби. И следните ако иде по истите стапки и без програма, секако дека ќе ги изгуби,и тоа поубедливо од претходните. Солиден ти е заклучокот дека Бојкотот не е решение на проблемот, туку е негов дел. |
| baba vera, 04.01.2013 15:20:38 | Do bojkot na izborite ne smee da dojde bas sega koga se obedini opozicijata i ima sansi da pobedi vo mnogu gradovi.Ako se sluci bojkot togas SDSM ke gi izgubi i ovie podrzuvaci sto gi ima ednostavno ke se razocaraat a nekoi ke izgubat i rabotni mesta .Zatoa soladni glavi i barane da se ispolnat preporakite na OBSE I ODHR i zgolemen monitoring od strana. |
| Трпе, 04.01.2013 15:27:16 | Во незгодна ситуација е партијата на власт.Ако опозицијата не се врати во собранието и ги бојкотират изборите,тогаш самата позиција ке треба да се тепат меѓу себе.Како што прочитав во еден коментар ке треба и самите да се плукат.Тие неможат да опстанат без дежурен виновник.Човек да не знае дали да плаче или да се смее. |
| do Erol i milan, 04.01.2013 17:58:18 | Nema ista podrska SDS kako sto imase na izborite vo 2011 g.Mnogu pomalku ima sega i zatoa SDS resi da gi bojkotira izborite za da ne dozivee uste eden golem poraz.Ako napravi SDS koalicija predizborna so DPA,Makedoncite uste povekje ke bidat protiv SDS.Samo ne smeese da se dozvoli da se formira DUI koja e nastanata od teroristite od UCK.Preporakite od OBSE i ODHR se ispolneti, no SDS sepak najavi deka ke bojkotira.I samiot portparol na SDS Gordan rece deka ne im e vazno ispolnuvanjeto na baranjata od OBSE i ODHR.Tie samo sakaat da bojkotiraat za da ne izgubat na izbori.Znaat deka i so ispolneti kriteriumi na OBSE,SDS gubi na izbori.Ednostavno narodot ne go saka SDS. |
| Torbesh, 04.01.2013 19:55:27 | Sekoj eden bolen politicar sto ne go interesira drzava ili narod tuku go interesira fotelja i vlast, koga ke vidi deka veke ima izgubeno se i seshto vo politikata togash ke zapocne so bojkot ili destabilizacija na samata drzava ili barem ke probaat, drugo ne im preostanuva nisto.
|
| EU, 05.01.2013 00:11:44 | Ulogata na opozicijata vo demokratskite sistemi e da ja preispituva i kritikuva politikata na Vladata, da sugerira alternativni resenija i da ja drzi javnosta informirana za prasanjata vo nadleznost na Vladata. Seto navedeno e mozno samo niz postoeckite politicki institucii, a nikako od ulica. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|