19.09.2010, 15:24 Ново зеленило на „Илинденска“„
Паркови и зеленило“ целосно го реконструираше зеленилото по должината на новопроширениот дел на „Илинденска“. Спроти зградата на Владата, на средишното зеленилото се засадени 25 зимзелени садници - пирамидални туи и обновена е тревната површина. На потегот до фонтаната „Лотосов цвет“, засадени се 38 јавори и се монтирани бетонски жардиниери кои ќе се уредуваат во текот на наредните неколку дена. До Зоолошката градина, пак, екипите на „Паркови“ извршија кроење и кастрење на ниската вегетација и на дрворедот. Поставена е и нова хидрантска мрежа за полевање и засадена е нова трева. По завршување на градежните работи на булеварот, ќе се доуредуваат останатите зелени површини во правец на Карпош. (С.Н.) |