Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Скопје
19.09.2010, 15:15

Општинските паркинзи на Центар почнаа да ќаруваат од реклами

За шест месеци на сметка на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе се префрлат 500 евра

Деспина Трајковска


ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ почна да ќарува од издавање простор за реклами на два од четирите сопствени паркинзи. Неодамна склучи договор со две фирми кои ќе се рекламираат на тикетите и асфалтот околу рампите на паркинзите кај „Автомакедонија“ и на паркингот кај „Трготекстил“. За период од шест месеци, на сметката на претпријатието ќе се префрлат околу 500 евра од рекламите. Иако симболични, овие средства ќе бидат добредојдени за ЈП, кое можноста за рекламирање на паркинзите ја воведе токму заради прибирање дополнителна средства за тековното работење. За таа цел, претходно оваа активност од ЈП ја регистрираа и како дополнителна дејност. Директорот Тодор Делјановски вели иако досегашниот пројавен интерес на фирмите за рекламирање на паркинзите можеби изгледа мал, сепак, тој е задоволен.

„Очекуваме на наредната лицитација интерес за рекламирањето да пројават повеќе фирми кои во меѓувреме дознаа за можноста што ја нудиме. И покрај тоа што веќе две фирми ќе се рекламираат на двата од четирите паркинзи, има простор за реклами за сите заинтересирани субјекти со оглед на тоа дека рекламирањето го овозможуваме во неколку варијанти од поставување рекламни паноа до поставување јарболи или, пак, лога на бар-код картичките“, објаснува Делјановски. Двете фирми со кои веќе претпријатието склучи договор за рекламирање се избрани на лицитација, која се одржа во почетокот на месецов. Од ЈП планираат да објават лицитација и до крајот на идниот месец. И тога�� ќе важат истите правила и цени за рекламирање.

Заинтересираните субјекти можат да се рекламираат по цена од 15 евра месечно, па нагоре во зависност од атрактивноста на паркингот и видот на рекламирање. Реклами можат да се поставуваат на паркингот зад „Автомакедонија“, на оној кај Зелен пазар, зад „Трготекстил“ и на паркингот кај Домот на градежници. Рекламите можат да се изведат во вид на банери, билборди, испишана реклама на асфалт, рекламно пано на ограда, а може да се постави и рекламен јарбол. Според утврдениот ценовник на ЈП, најскапо чини рекламирањето на паркингот кај Домот на градежници, а на останатите цените се речиси идентични. На пример, за поставување рекламен јарбол на паркинзите кај Зелен пазар, „Автомакедонија“ и зад „Трготекстил“ месечно се плаќа по 1.000 денари, а кај Домот на градежници двојно повеќе.


Статијата е прочитана 1573 пати.


Испрати коментар



Нови бандери во Визбегово
Скулптурите на лиење во Белград
Ново зеленило на „Илинденска“„
На Камениот мост вчера појадуваа над две илјади луѓе

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 5°C

Недела
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |