Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Скопје
19.09.2010, 15:17

На Камениот мост вчера појадуваа над две илјади луѓе

На „Појадок на мост“ вчера се послужуваа парчиња пица, разни видови печива, сендвичи...

На штандовите поставени на Камениот мост на манифестацијата „Појадок на мост“, вчера се послужуваа парчиња пица, разни видови печива, сендвичи, кашкавал, сирење и сувомесни производи... и на крај тоа се заливаше со полни чаши сок. Иако беа пријавени околу две илјади граѓани, на мостот веројатно се најдоа двојно повеќе луѓе и покрај присуството на полицијата и униформираните градски редари. Појадокот започна навреме, точно во 9 часот, а веќе во 9,30 речиси заврши, бидејќи штандовите со храна бргу се испразнија. За пријатната атмосфера на присутните се погрижија ученици од Државното средно училиште „Илија Николовски – Луј“, улични свирачи, магионичари, куклари... Организатор беше Град Скопје, а настанот го поддржаа Занаетчиската комора на Скопје, општинските градоначалници и бројни спонзори, кои вчера дистрибуираа огромни количества храна. Дел од производите ги послужуваа учениците од Угостителското училиште „Лазар Танев“.

Градоначалникот Коце Трајановски им посака пријатен појадок на присутните на македонски, англиски и на албански јазик и изрази надеж дека настанот ќе стане традиција. „Со овој настан сакаме да придонесеме за повесели заеднички моменти без разлика на возраста и националноста“, ре��е Трајановски.

Додека дел од присутните уживаа во појадокот седејќи на масите што беа поставени од левата страна на мостот, други ги обиколуваа штандовите да соберат повеќе храна и полнеа торби и најлонски ќесиња. Имаше и такви што дошле дури од внатрешноста за да присуствуваат на манифестацијата. Мартин Најдовски, ученикот од „Лазар Танев“, само ни потврди дека скопјани уште во 9 часот навалиле и веднаш ги испразниле штандовите. Имало и такви кои веднаш почнале да полнат торби и учениците не можеле да се одбранат од нив. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 5824 пати.


Испрати коментар



Нови бандери во Визбегово
Скулптурите на лиење во Белград
Ново зеленило на „Илинденска“„
Општинските паркинзи на Центар почнаа да ќаруваат од реклами



Komentator, 20.09.2010 12:21:07
Grozno i groteksno,,,Se sekavam ..zemjotres,,nie skopjanite so denovi bez hrana i voda stoime nemo pred razrusenite domovi oplakuvajki gi zaginatite mili..Spijam pod vedro nebo i se molam na gospoda deka toa e samo son i deka utre ke se razbudam pak vo svoeto vekovno ogniste...Ponekogas ne vikaat sreknicite na pojadok ili rucek sednuvame na nivna skromna sofra a sekoj zalak ni se vraka od taga a sepak im sme blagodarni..seta maka stoicki ja podnesuvame...so nadez za deka so pomos pak ke gi izgradime vekovnite ognista i mu go vratime duhot na naseto staro Skopje so cela negova doblest moral i etika..Kolku se izlazavme ?? Zemjotresot go rani Skopje a ovie 5 decenii toa umirase POLEKA...Ova vcera ne bese mars na siomasni kako nekoj go kaza ..toa bese pogreb na staroto doblesno Skopje .vcera ubavo doterani gospoda ekspresno bez sram gi polena torbite i si odea doma nosejki vo kesite razdavci..za pomen na pokopani vrednosti na skopjani...Gospodine Trajanov...ne pravite toapoveke
xxxxxx, 20.09.2010 12:24:58
прост народ цццццц..........................
Даниел, 20.09.2010 12:28:47
Не верувам дека некој од внатрешноста би дошол специјално за ваков појадок. Билетот за патување чини многу повеќе од неколку кифли.
vesna, 20.09.2010 12:46:00
ne bev tamu no mene licno mi bese simpaticno toa druzenje, no ne mi se dopadna sto nosea polni kesi so hrana, gledav na tv. Da ne se grabase taka hranata mozebi ke imase za site i sto bile prijaveni i sto ne bile prijaveni za da nemoraat da gi drzat redarite da ne se doblizat do mostot
viki, 20.09.2010 13:03:50
vistinski odraz na nasata mizerija vo sekoj pogled i materijalen i duhoven
Realen, 20.09.2010 13:24:24
Ova samo ja potvrduva mizerijata vo koja ziveeme site nie
Bravo,Koce, 20.09.2010 13:34:42
Ova trebase da se napravi,za da se vidi vistinskata slika na Makedonija!
zoran, 20.09.2010 14:33:01
Gospodine premier,ova e pravata slika za 'TVOJATA MAKEDONIJA',da go vidite svojot narod kako go trosi i preostanatoto DOSTOINSTVO,bidejki stomakot im e prazen.Vie i ponatamu prodolzete da pravete spomenici !HRANA IM TREBA NA ZIVITE NE NA MRTVITE !
vaga957, 20.09.2010 14:39:04
Зошто на ваков начин,нели тоа можеше да се случи со донација во народната кујна за да можат лугето подостоинствено да јадат тие што немаат никакви приходи?Жално.Со ова само ВМРО-ДПМНЕ сака да си купи поени ништо повеќе.Е,мој народе што нема да доживееме.Не ни остана никакво достоинство.........
stranecot, 20.09.2010 14:41:29
So ovaa vlast samo sramovi.Pa kakva bese ponizuvacka slikata gi viknaa lugjeto,no mnogu od niv dojdoa na prazni sofri.Se prasuvam dali donaciite vo hrana zavrsija vo necii domovi,koj ima pak da ima.Od kogo e dosta e licmerie i vo ovie slucai.
тодор, 20.09.2010 14:44:51
Е ова е вистинската слика до каде го доведе Македонскиот народ Г-нот Груевски. Џабе се анкетите џабе е се Г-не Груевски, ова е резултат од Вашето ВЛАДЕНИЕ и поробување на македонскиот народ.
забеган., 20.09.2010 14:47:59
Е Бре Скопјанииииии.Ко да сте Чекале едвај некој да ви даде Кифличе.Ова што го глеав ми личи ко во Бангладеж или Етиопија.Едноставно Мизерија.
Од мене..., 20.09.2010 15:58:42
На гладните и бедните им е простено за такво однесување. Меѓутоа, во бројни ситуации и по различни поводи, се видени „познати и признати интелектуалци“ кои не оскудеваат, но се грабаат, како никогаш да не виделе храна... На човека да му е срам што е сведок на таква бедотија. Понекогаш бедотијата ни е повеќе во умот, отколку во џебот.
Boshko, 20.09.2010 16:30:49
Shto da kazam,od glupostive na Reiting vlasta,sramotilok a ne tradicija,Komentarot na VAGA957 kazuva se i 100% go pddrzuvam.Gospod da ne chuva ako ushte eden mandat osvoi ovaa vlast ke ja izgubime nashata mila Makedonija i ke stane Bugarski del i ke bideme nikoj i nishto.Mozebi ne ke bidime R.Makedonija (Vardar) ama ke bidime NISHTo
ја, 20.09.2010 16:47:50
ПАСТИРУ:Народот е гладен ама не само во твое Скопје државава е поголема.А за да се најади треба ти да си ЗАМИНИШ од власта.Доста е понижување,доста се реклами и фалби треба работа за народот да може да сработи за да спечали и се нахрани.Груевски,те гласавме ама не РАЗОЧАРА.Затоа оди си сам оти не те бива за ние НАРОДОТ да не те исфрлиме а ќе ни помогнат и таквите како твоите Феликс и компанија.СИКТЕЕЕЕЕР!
Makedonec vo EU, 20.09.2010 16:56:37
Materijalnata siromastija predizvikuva i duhovna siromastija i obratno. Od toj vrtlog e mnogu tesko da se izleze. Zal mi e da gledam penzioneri koi vredno rabotele cel zivot, kako se turkaat za besplatna kifla i sokce. No, realnosta e taa - treba da se prifati i da se pocne so promena i na ekonomski plan, i na mentalitetot. Za zal, ne gledam politicka opcija so kapacitet da go napravi toa. Mentalitetot na Murto i Kurto predolgo postoel na Balkanot za da moze da se promeni vo dogledno vreme.
greota, 20.09.2010 16:57:52
kolku prazni stomaci, kolku gladni lugje, ko da sme vo etiopija ili vo nekoja pustina, tolku plodna zemja nema nikade kako Makedonija i nekoj da e gladen vo ovaa zemja e sramota, mu propadna zamislata na koce za povrzuvanje, onde ne se gledase nisto drugo osven da se najadat onie siromasi
Tode Brown, 20.09.2010 17:02:09
Otide Koce vo Pariz i ne skocka so plostadot, otide vo Sidnej i ete vi go sidnejskiot pojadok samo so kup siromasni i nenajadeni penzioneri, toa znaci deka vlasta e se pomalku medju narodot i se pomalku na zemja..
Трпе, 20.09.2010 17:40:31
Прост народ силна држава(за никаде).Како што светот веке се мајтапи со нашата блада ,така тие сакат да си подигруват со својот народ.На овој народ не му е потребен доручек само за еден ден во годината.На народот му треба квалитетна храна цела година.На овие дпмне-овци да не знаеш дали да им се смееш или да ги сожалуваш.
trenko, 20.09.2010 18:27:53
Premierot bi rekol deka se gladni od porano! A dostoinstvoto? Zalam sto ovaa slika ja vidoa nasite deca i vnuci. Ocajna organizacija. Mozea da go kopiraat T-mobile! Fotografiite uste stojat niz gradot.
kire, 20.09.2010 23:39:34
Sega Vladata so ova moze da vidi kolku narodot im e gladen ,zosto covek koj ima hrana sigurno ne bi otisol za pojadok na mostot ,koj e sit ne bi se resil da odi a koj e gladen ,sto da pravi mora
od mene, 20.09.2010 23:50:10
na koce namerata mu bila dobra no kaj nas takov e mentalitetot i da se najadeni lugeto pak ke jadat ako e bez pari mnogu vreme ke izmine dodeka se smeni mentalitetot kaj lugeto oti treba da se posluzat no da ostavat i za drugite taka ke ima za site ,ane da polnat kesinja
dedo dimo, 21.09.2010 04:58:37
Makedoncite se naj ne zadovolen narod na ovaj svet . I koga se pravi dobro ili losho ,znaat samo da kritikuvaat a nikoj izgleda ne saka da raboti i da napravi neshto dobro .Losha sorta sne ,dokade shto odime po svetov ,zemjata gori pod nas samo kavgi i loshi raboti pravime . A ima edna dobra stvar ,izgleda sne rodeni za robje da bidime .Koga sne pod tuga komanda najdobri rabotnici sne.Pa ne mi e chudno ,site shto ne sakaat da nideme nivno robje.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 8°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |