Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Македонија
30.07.2009, 16:35

Владата ветува дека ќе ги плати авионите за гаснење пожар

Македонија во март годинава нарача три авиони од Шпанија, но се' уште не ги платила

„Набавката на авиони за гаснење пожари е почната и целосно ќе се реализира“, изјави вчера премиерот Никола Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието на Македонија. Изјавата на Груевски следуваше откако не беше реализирана најавата на надлежните дека до почетокот на летото Македонија ќе се поднови со три нови авиони за гаснење пожар, со што поподготвено требаше да влеземе во битката со пожарите. Според најавите, авионите „АТ-802“, кои се произведуваат во САД, а преку шпанската „Ер трактор“ се дистрибуираат во Европа, ќе не' чинат 8,2 милиона евра. Но, авионите се' уште не се испорачани, бидејќи Македонија не ги исплатила парите.

„Многу ми е жал што досега ниту една Влада не се сети дека треба да се купат авиони за гаснење пожари. Сите досегашни премиери сметале дека тоа е неважна работа, но ние ќе го завршиме овој процес. Набавката е почната и цврсто верувам дека ќе биде завршена“, рече Груевски.

Пред неколку дена директорот на Дирекцијата за заштита и за спасување (ДЗС), Шабан Салиу, одговорноста за противпожарните авиони ја префрли на Владата, бидејќи таа не дала гаранција за исплата на долгот кон фирмата „Ер трактор“ од Шпанија. Македонија досега исплати само 20 отсто од договорената цена.

Така, Македонија повторно неподготвена влезе во битка со пожарите. Од ДЗС апелираат граѓаните да бидат внимателни во време кога има зголемен ризик од пожари.

Договорот меѓу ДЗС и шпанската фирма беше потпишан во март годинава, во Скопје. Тогаш беше објавено дека Македонија се подновува со три нови авиони за гаснење пожар. Шпанската фирма „Ер трактор“ се обврза до крајот на јуни да ни испорача два противпожарни авиони „АТ-802“, а во август уште еден. Станува збор за еден од најсовремените авиони за борба против пожарите, особено погоден за терените во Македонија. Леталото е опремено со два интегрални резервоара со вкупен капацитет од 961 литар.

Резервоарот за вода има капацитет од 3.104 литри. Авионот може да лета во услови на голема надморска височина и високи температури во воздухот до 49 Целзиусови степени.

„Овие авиони може непречено да полетуваат и да слетуваат на мориња, езера, вештачки акумулации, а потребни се само 10 секунди за полнење на резервоарот со вода“, се дел од карактеристиките на овие летала. Овие авиони може да се користат за извидување од воздух, дејство врз пожари во индустриски капацитети, како и во улога на платформа за аеротретирање на земјоделски поседи, за запрашување против најразлични инсекти и штетници, односно за воздушно посејување на претходно опожарени површини.

Шпанската фирма го доби тендерот за набавка на авиони откако единствениот нивен конкурент ги повлече документите.

Во цената од 8,2 милиона евра беше вклучена и обука за шест пилоти, тројца инженери и двајца одржувачи, како и сервисирање и резервни делови во Шпанија. Од Дирекцијата за заштита и спасување тогаш најавија набавка и на еден хеликоптер. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар



Тетовската дива депонија собиралиште на животни
Скутерџиите непожелни во Охридско Езеро



Makedonec pred vizna liberizacija, 31.07.2009 00:21:09
Se e prekrasno uste samo aerodrom vo Zivinje- Kumanovsko da izgradat ,za da mozat tamu brakata od Keramidnica vo mir da gi praznat rezervoarite so gorivo od avionite.Dosega gi praznea kamionite i ne znaea za dosta sega belkim ke se zadovolat so edno avionsko rezervoarce. A, nisto cudno i avionite na delovi vo nekoj Skopski otpad da gi prodadat . Bate mali i golemi od Keramidnica se majstori za krazbi na pozarnikarska oprema.P.S . sekoja slicnost so dvajcata braka od Keramidnica koi rabotat kako rakovoden kadar vo Skopska protivpozarna Brigada e nenamerna zimi obrazov.
od mene, 31.07.2009 09:57:59
Abe makedonac koj ti e kriv sto ne mozes ili ne znaes da krades.Lugeto na vreme svatile deka koj si moze da krade vo nasava MK moze i ke se obogati ,taka i tie brakata si lapale si lapale ,arno ama???????
zabegan., 31.07.2009 10:35:09
ако имат вошки досега ќе ги платеа.АШ нема пари ги лапна МАЦА.
30.07.2009, 18:40

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Торп во Лондон како коментатор

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |