Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп

 

Овен

Преплавени од чувства, живеете некаде меѓу сонот и јавето. Овновите ги очекуваат многу пријатни работи, но се зависи од тоа што очекуваат тие. Ви се препорачува да избегнувате зголемени емотивни реакции на работното место. Нервозта може да влијае на здравјето, но првенствено се манифестира во вид на зголемено консумирање храна.



Бик

Ситуацијата бара итно да се промените ако сакате да ги избегнете непријатностите. Бидете мудри, воочете ги сопствените грешки за да функционирате подобро. Кога станува збор за работата ќе бидете конфузни и соработката со колегите ќе биде лоша. Или заминете на боледување или проблемите оставете ги дома.



Близнак

Ќе бидете во фаза на воспоставување моќ и власт. Кога станува збор за работата ова е одличен период да се фрлите на овој сегмент од животот. Пожелно е да ги завршите сите обврски и на крај да ја пречекате наградата. Во врска со вашето здравје, проблемите со коските, кожата и ревмата ќе бидат на прво место.



Рак

Низ кризниот период созревате и станувате постабилни. Во фаза сте на духовно напредување, кое не е баш пријатно, но како по некое правило носи одлични резултати. Сфатете дека некои работи се решаваат на волшебен начин. Зачестените главоболки се поврзани со променливиот крвен притисок.



Лав

Започнавте макотрпно да работите заради остварување на личните амбиции и материјалната сигурност. Свесни сте за сопствените потреби, напредувате кон целта. Кога се работи за работата избегнувајте некои незаконски средства поради можните последици. Потребна е добра стратегија ако сакате да испливате од многубројните обврски.



Девица

Започнавте нов животен циклус. Зрачите со внатрешна хармонија. Во очекување на поубава иднина, многубројни неповрзани мисли ви се моткаат низ глава. Во љубовта ве очекува една романтична средба со лице родено во знакот на Водолија. Ќе бидете збунети од средбата, но конечниот резултат ќе биде добар секс. Барем во љубовта ќе бидете целосно исполнети.



Терезија

Вооружете се со трпение бидејќи пред вас е недела во која трпението ќе биде повеќе од потребно. Иако упорно се обидувате да се дистанцирате од работните проблеми, тешко ви поаѓа од рака. Проблемите со органите за варење бараат сериозен третман. Иако добро знаете што ви пречи упорно го малтретирање сопственото тело.



Скорпија

Променливото расположение, ризиците и тежнеењето кон некои животни задоволства се последици на неочекуваниот бран оптимизам. Благодарение на зголемената доза амбиција, успеавте да ги реализирате сите замисли. Склоноста кон некои вирусни инфекции може да биде ограничувачки фактор во движењето.



Стрелец

Функционирате поучени од некои поранешни искуства. Под услов да се присетите на грешките од минатото и да спречите да се повторат, ќе бидете мудри. На работното место сите пречки ќе ги совладате прецизно и ќе нижете само успеси. Ракот ќе ви излезе во пресрет и ќе ви понуди некое идеално решение.



Јарец

Изложени сте на силни планетарни влијанија, па како последица на тоа страдате од несоница и запаѓате во апатично расположение. Терезијата е тука да ви понуди вистинско решение. Прашајте ја за што станува збор и прифатете ги сите нејзини совети. Благодарение на изразените креативни можности, на работното место ќе редите само успеси.



Водолија

Ви недостасува сигурност, па оттука произлегува и општата конфузна состојба. Проблемот е од субјективна природа и претставува реакција на планетарните влијанија. На работното место нема да бидете задоволни од ангажманот по кој ќе се одвиваат работите. И финансиската ситуација ќе се влоши.



Риби

Одлично расудувате и носите одлуки во вистински момент. Ситуацијата бара приспособување, па затоа однесувајте се во согласност со тоа. Со леснотија ќе потпишувате договори, ќе преговарате и ќе се занимавате со разни финансиски трансакции. Кога се работи за здравјето можни се некои проблеми со крвниот притисок. Посетете лекар навреме.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Магла

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |