19.11.2011, 13:04 Удрен темелот на евроазиска економска унија
Русија, Белорусија и Казахстан постигнаа договор за создавање евроазиска економска унија, јави Дојче Веле на македонски јазик.
Изјавата за основање е потпишана вчера во Кремљ, а Унијата треба да биде формирана до 2015 година. Предвидено е и формирање комисија, слична на Европската комисија, која би почнала со работа веќе во 2012 година. Претседател на Комисијата би требало да биде рускиот министер за индустрија Виктор Кристенко. Унијата би имала седиште во Москва.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека прием на натамошни членки е можен.
- Ова, без сомнение, е решавачко за иднината на нашите земји, изјави Медведев.
Според Лукашенко, пак, основањето на Унијата не значи и загуба на суверениетот на членките.
Идејата за ваква Унија е на рускиот премиер Владимир Путин, кој сака обединување на поранешните советски републики, по урнек на ЕУ, и укинување на трговските ограничувања.
|