18.11.2011, 15:08 Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Лакрдијата на обвинтелството кон мене поприма невидени размери, изјавил пред судот екс-премиерот.
Поради информација за бомба во Жупанискиот суд во Загреб, евакуирана беше зградата, а почетокот на денешното продолжување на судењето на Иво Санадер доцнеше. Тоа требаше да почне во 9,30 часот, но почна дури во 11,10 часот. Голем број новинарски екипи, кои го следеа судењето, мораа да ја напуштат зградата околу 9 часот, додека на пример адвокатите на Иво Санадер не можеа да влезат. Зградата е евакуирана околу половина час пред почетокот на рочиштето во судската постапка што се води против поранешинот шеф на ХДЗ, Иво Санадер, во случајот за примање мито од МОЛ и провизија од Хипо банка.
Поранешниот министер за надворешни работи Мате Граниќ требаше да дојде во Жупанискиот суд во Загреб како сведок во судскиот процес кој се води против претседателот на ХДЗ и владата, Иво Санадер. Санадер се товари дека примил 3,6 милиони куни провизија од Хипо банка во 1995 година како и за примање на 10 милиони евра мито од унгарскиот нафтен концерн МОЛ.
Во средата вест на денот беше одбивањето на сведочењето на шефот на МОЛ, Золт Хернади што одбраната на поранешниот премиер ��акаше да го воведе како сведок. Судијата Иван Турудиќ „поради законски пречки“ го одби неговото сослушување.
„Знаеме дека против него се води истрага и не може да биде испрашан во својство на сведок“, изјави во средата Турудиќ, додека обвинителката Тамара Лаптош рече дека ако доаѓањето на Хернанди зависи од Ускок тој во оваа судниц би седел како обвинет. „Ако зависи од нас тој во оваа судница би седел како обвинет“, изјави обвинителката Тамара Лапош.
Против Хернанди, хрватското јавно обвинителство води истрага во која го товари дека на Санадер му дал 10 милиони евра мито во замена за управувачките права над „Ина“.
Золт Хернанди, претседател на управата на МОЛ, сепак нема да биде сослушан како сведок на судењето на Иво Санадер. Нема да биде сослушана ниту Јадранка Косор, иако пред почетокот на рочиштето се претпоставуваше дека адвокатскиот тим на Санадер би можел да ја вклучи меѓу сведоците. „Го повикавме потесниот круг на тогашното претседателство на ХДЗ, а не поширокиот“, се пошегува Продановиќ.
Затоа на клупата за сведоци ќе се најдат и други познати „фаци“ од хрватскиот политички живот: Лука Бебиќ, Дамир Поланчец, Слободан Узелац, Марина Матуловиќ Дропулиќ, Ратко Мачек, Божидар Панкретиќ, Јопис Фришчиќ... Веројатно најважен момент на судењето ќе биде исказот на Роберт Јежиќ, сопственик на нафтената компанија „Диоки“, која, смета адвокатот на Санадер, Чедо Продановиќ, всушност е единствен доказ што обвинителството го има.
„Ќе докажеме дека претставниците на МОЛ тврдат оти Јежиќ им се одмаздува. Јас на своја кожа знам дека во Хрватска е во мода да се признае дека си криминалец и на Обвинителството да му се каже дека тоа му го наредил да го каже тогашниот премиер. Лакрдијата на обвинтелството кон мене поприма невидени размери“, изјави Санадер за време на судењето.
|