Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.11.2011, 12:49
Аџиев: Новинарите следни за лустрација



Новинарите се следни за лустрација, е ставот на претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев, откако според него ги поминале повисоките функции во државата.

“Досега ги поминавме условно кажано повисоките функции во државата. Тргнавме од претседателот на државата, пратениците, премиерот, министрите, па судските органи, академиците, Уставниот суд и сега веќе почуствувавме дека имаме можност да ставиме во функција и други и во рамки на Комисијата водевме расправа и рековме, ќе ги ставиме и новинарите и носителите на јавни функции во други институции регистрирани согласно законот. Во тоа влегуваат нели политички партии, невладини организации, верски заедници и новинарите, односно основачите на приватни медиуми и новинарите и уредниците“, изјави Аџиев, во интервју за “Радио Слободна Европа“, пренесува Нетпрес.

Според првиот лустратор, комисијата истражува и кога ќе добие одредени релевантни податоци за лицето, истото се проучува.

“Не правиме редослед туку ги пуштаме сите во органите со кои соработуваме, тие ги истражуваат и кога ќе добијат одредени релевантни податоци за одредено лице ни доставуваат информација и ние проучуваме за тоа лице бидејќи имаме добиен�� сознание дека има некакви документи за него. Приоритет не правиме, сите се за нас исто битни“, додава Аџиев.

Запрашан за тоа што ќе следи откако се утврди дека некои новинари биле соработници на тајните служби, Аџиев вели дека “доколку се утврди дека некој уредник или новинар од приватните медиуми, дали пишани или електронски, бил соработник со тајните служби, обврска е на сопственикот прво да ги предвиди тие обврски во нивниот акт и второ да ја извести Комисијата дека тој акт е изменет каде што се бара дополнителниот услов за вршење на јавна функција и трето да е негова обврска и одговорност ако тој не сака да го разреши од функцијата, а ние само ќе констатираме дека тој не го исполнува условот за вршење на таква функција“.

Во врска со честите критики околу селективноста на Комисијата и потешкотиите да се отвори прашањето на одговорност на актуелните претставници на функции од власта, Аџиев вели дека Комисијата не ги разликува носителите на јавни функции дали се носители на јавни функции од опозиција или од власт, или независни.



Статијата е прочитана 687 пати.

Испрати коментар



Нема фискална, нема пари!
(ФОТО) Дипломатскиот кор засади дрвца на Водно
Пешевски очекува повеќе инвестиции од Австрија и Германија
Попоски со писмо до ЕУ бара почеток на преговорите
Велија Рамковски и ќерка му имаат нови адвокати
Тадиќ - Косово нема да го признаеме ниту експлицитно, ниту имплицитно
Најмалку 20 лица убиени во насилствата во Каиро
Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Изграден нов дијагностички центар во битолската болница
Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Либија сака да му суди на синот на Гадафи
Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Европскиот парламент ја одбива поделбата на Косово
Денеска се навршуваат 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор
Бешлиев
Во Њујорк уапсено 27-годишно момче осомничено за тероризам
Премиерот Груевски во посета на Австрија
Фратини - Решението на спорот за името би било добро и за Европа
Денот низ фотографии
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер



Тони, 20.11.2011 13:07:47
каков ли лик.производ на политиката на вмро за пресметка со неистомислениците. валканата работа веројатно му дава радост. има ли крај на овие лоши состојби во нашево општество?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Магла

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: 0°C

Среда
Ситен дожд
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |