18.11.2011, 08:33 Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Педесет и седум годишната притвореничката Сузана Божиновска од Кочани денеска си го одземала животот со кеса во тетовскиот затвор.
Нејзиното тело било пронајдено вчера околу 13:50 минути. Се утврдуваат причините и околностите за случајот. Божиновска според првичните информации била притворена за дело измама.
Ова не е прво мистериозно самоубиство во тетовскиот затвор. Новинарот Владо Таневски во истиот затвор во јуни 2008ма животот си одзема со давење во кофа со вода.
|