Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.11.2011, 15:23
Се испразни Мавровско Езеро



Водата во акумулацијата е за 7,29 метри пониска во споредба со истиот период лани.

Маврови Анови - Во Мавровско Езеро има двојно помалку вода за производство на електрична енергија во споредба со минатиот ноември. Во акумулацијата се наоѓаат 75 милиони кубни метри вода, а котата на водата е за 7,29 метри пониска во споредба со истиот период лани. Во зависност од конфигурацијата на теренот, на места е спуштена водата за повеќе од стотина метри.

Во овие есенски денови, езерото личи на бара. Црквата „Св. Никола“, која се наоѓа на јужната страна на некогашното Мавровско Поле и беше под вода уште со полнењето на Мавровско Езеро, деновиве е на суво и до неа може да се дојде од сите страни. Малата резерва на вода во езерото се должи, пред се', на неповолната хидролошка година која беше сиромашна со снег и со врнежи, но и со предвремено исполнување на годишниот производствен план.

Во АД ЕЛЕМ потврдуваат дека годинава беше сушна, а тоа негативно се одрази врз полнењето на акумулацијата. Во пролетните месеци поради малите снежни врнежи не се остварија планираните дотоци вода од топење на снегот. Како во пролетните, летните, така и во овие есенски денови нема дожд, па дотокот на вода во Езерото е значително намален. Сега во езерото се влеваат по околу 500 литри во секунда, што е незначително во споредба со претходните години.

Состојбите во мавровската акумулација ќе се подобрат со изградба на акумулацијата Луково Поле, на планината Кораб, која треба да почне да се гради идната година. Годишно во неа ќе се акумулираат околу 40.000.000 кубни метри вода, која по преработката во хидроцентралите „Црн Камен“, која треба да се изгради и во постојната „Врбен“, ќе се влева во мавровската акумулација. Тогаш и резервите вода за производство на електрична енергија во ХЕЦ „Вруток“ и „Равен“ постојано ќе бидат поголеми и Езерото секогаш ќе биде полно.

Инаку, Мавровскиот хидроенергетски систем што го сочинуваат хидроцентралите „Вруток“, „Равен“ и „Врбен“ уште во ноември го натфрлија годишниот план за околу два процента. Поради ниските температури и потребата од електрична енергија, Мавровските хидроелектрични централи деновиве работат турбо и дневното производство се движи меѓу два и три милиони киловатчасови електрична енергија. Ако продолжат со ова темпо на работа, резервите ќе се потрошат за еден месец. (К.К.)



Статијата е прочитана 1669 пати.

Испрати коментар



Нема фискална, нема пари!
(ФОТО) Дипломатскиот кор засади дрвца на Водно
Пешевски очекува повеќе инвестиции од Австрија и Германија
Попоски со писмо до ЕУ бара почеток на преговорите
Велија Рамковски и ќерка му имаат нови адвокати
Тадиќ - Косово нема да го признаеме ниту експлицитно, ниту имплицитно
Најмалку 20 лица убиени во насилствата во Каиро
Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Изграден нов дијагностички центар во битолската болница
Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Либија сака да му суди на синот на Гадафи
Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Европскиот парламент ја одбива поделбата на Косово
Денеска се навршуваат 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор
Бешлиев
Во Њујорк уапсено 27-годишно момче осомничено за тероризам
Премиерот Груевски во посета на Австрија
Фратини - Решението на спорот за името би било добро и за Европа
Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер



Dezuren obvinitel, 18.11.2011 18:00:49
Ostavi sto ja dadoa drzavata pod naem i koncesija na stranci (nivni partneri) ami i prirodnite bogatstva ni gi urnisaa i gi dadoa na istite stranci ( ako voopsto tie se korisnicite na se sto imame). Ako nekogas za Bosna se tvrdelo deka Avstro-Ungarija ja iskoristuvala prirodnata blagodet od Bosna, koja mafija ni go pravi nam toa denes. Kakvo Lukovo Pole? Otkako privatiziraa i prodadoa se i Elektrostopanstvoto NE E NASE! Za tugji interesi propagja NACIONALEN PARK od NEPROCENLIVA vaznost. Taa voda ZA PIENJE ke ni treba a ne za struja na parazitski kompanii!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Магла

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: 0°C

Среда
Ситен дожд
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |