Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.11.2011, 15:31
Грците на протест против „економската хунта“




Десет илјади полицајци и припадници на специјалните сили го чуваа градот од евентуални насилни немири

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Центарот на Атина повторно заличе на дом на духови. Испразнети улици, затворени метро станици и продавници. Градот се испразни за да отстапи простор на прославата на Политехнио, денот кога воените тенкови на милитарниот режим удриле на студентите од Политехничкиот факултет во Атина со цел да ја сузбијат нивната револуција против воената диктатура во државата. Во текот на претходните три дена стари и млади положуваа по еден цвет во дворот на Политехничкиот факултет во спомен на сите оние кои ја покренале и паднале за револуцијата против хунтата која ја држела Грција под стеги од 1967 до 1974 година, режим кој има фрлено во затвор и погубено илјадници. Вчера на Денот на Политехнио низ критичните точки на градот беа поставени од 7.000 до 10.000 полицајци и припадници на специјалните сили со страв дека овој протест може да се претвори во еден од најопасните протести досега поради незадоволството од политичките турбуленции во Грција.

Оваа година прославата на еден од најважните моменти од грчката историја сама по себе беше историска. Годинешното одбележување на денот сега се случува во услови кога Грција има преодна влада во која учествува за прв пат и ултра-десничарска партија, влада која за некои има тешка задача да го подобри меѓународниот кредибилитет на Грција, а за други е само продолжение на владата на Јоргос Папандреу.

Повеќемина од оние кои излегоа вчера на протест се согласуваат со вториот став. Не гледаат спас во сегашната влада и бараат да му се даде на народот да одлучи за иднината. „Денешното значење на Политехнио за мене е сосема исто со она пред 38 години. Се уште важи паролата „Леб, образование, слобода“. Гледајте кратат плати и пензии, народот наскоро ќе почне да гладува и стравува да не им исклучат струја затоа што немаат да платат, за образованието да не зборувам се уште нема учебници, претходната влада само како да испрати нова смена и да замина малку на одмор, без воопшто да се консултира со народот. Имаме долга борба пред нас“, вели една млада девојка. Според неа младите не гледаат многу иднина во државата, но тоа за неа е поттик да се бори за подобри услови, а не само причина да замине што побрзо. Некои од граѓаните кога ќе им се спомне Политехнио само одмавнуваат со раката во неверување дека протестите нешто би смениле, некои од учесниците не сакаат да дадат изјави велат само дека е очигледно колку е страшна ситуацијата, а други пак отворено кажуваат дека младите треба да направат сопствено Политехнио, сопствена борба против владата за да се изборат за подобра иднина.


Статијата е прочитана 1109 пати.

Испрати коментар



Нема фискална, нема пари!
(ФОТО) Дипломатскиот кор засади дрвца на Водно
Пешевски очекува повеќе инвестиции од Австрија и Германија
Попоски со писмо до ЕУ бара почеток на преговорите
Велија Рамковски и ќерка му имаат нови адвокати
Тадиќ - Косово нема да го признаеме ниту експлицитно, ниту имплицитно
Најмалку 20 лица убиени во насилствата во Каиро
Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Изграден нов дијагностички центар во битолската болница
Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Либија сака да му суди на синот на Гадафи
Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Европскиот парламент ја одбива поделбата на Косово
Денеска се навршуваат 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор
Бешлиев
Во Њујорк уапсено 27-годишно момче осомничено за тероризам
Премиерот Груевски во посета на Австрија
Фратини - Решението на спорот за името би било добро и за Европа
Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер



od mene, 17.11.2011 18:24:56
Грците да не се прават на удрени и да мислат дека некој им е должен да им плаќа означите. Не може луѓе од нас во Бугариja со високо образование (две класи на нивното) да работат како слуги каj нив, а тие да си кликат со прсти, да пијат узо и конечно останатите да им ги сносат трошоците. Што си си надробил тоа ќе јадеш!
BRISEL, 17.11.2011 18:35:21
DEMOSTRACIITE SE INVESTIRAAT OD SAMATA DRZAVA,..TOA E POSLEDNA KARTA I SE VIKAT NARODOT . Isto taka i razno-razni anarhisticki i fasisticki organizacii se del od pod drzavnata kapa na Grcija i se upotrebuvaat vo specijalna vojna vo zavisnost od potrebata i namenata,..da go OMEKNAT Brisel (i obicnoto naselenie vo Evropa)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Магла

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: 0°C

Среда
Ситен дожд
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |