18.11.2011, 14:04 Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Најголемиот градежен кран во Европа со носивост од 3.000 тони денеска се урна во водите на реката Дњепар во Киев.
Кранот го градеше мост над Дњепар. Според првичните резултати на него се наоѓале осум работници. Петмина од нив успеале сами да излезат од кранот, а тројца биле спасени од припадниците на украинското Министерство за вондредни ситуации.
Причината за уривање на кранот се уште се испитува.
|